ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 10 стр. 28-стр. 29 пас. 7
  • Семејството на Исус на празникот во Ерусалим

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Семејството на Исус на празникот во Ерусалим
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Патувања во Ерусалим
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Исус како дете
    Поуки од Библијата
  • Малиот Исус во храмот
    Мојата книга со библиски приказни
  • Исус научил да биде послушен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 10 стр. 28-стр. 29 пас. 7
Дванаесет-годишниот Исус им поставува прашања на еврејските учители во храмот

ПОГЛАВЈЕ 10

Семејството на Исус на празникот во Ерусалим

ЛУКА 2:40-52

  • 12-ГОДИШНИОТ ИСУС ИМ ПОСТАВУВАЛ ПРАШАЊА НА УЧИТЕЛИТЕ

  • ИСУС ГО НАРЕКОЛ ЈЕХОВА „МОЈОТ ТАТКО“

Кога Исус имал дванаесет години, тој и неговото семејство тргнале на долг пат. Како и секоја пролет, заедно со роднините и пријателите се упатиле кон Ерусалим, кој бил оддалечен околу сто и дваесет километри од Назарет. Таму требало да ја прослават Пасхата, како што барал Божјиот закон (5. Мојсеева 16:16). Сите биле многу возбудени. Исус сигурно со нетрпение чекал да дојде празникот за повторно да биде близу до храмот.

За Исус и неговото семејство, прославата на Пасхата не траела само еден ден. Веднаш по денот на Пасхата започнувал еден друг седумдневен празник, „Празникот на бесквасните лебови“, кој се сметал за продолжение на Пасхата (Марко 14:1). Затоа, целото патување од Назарет до Ерусалим, вклучувајќи ги и престојот во градот и враќањето назад, траело отприлика две седмици. Но, таа година се случило нешто поради кое патувањето на семејството на Исус малку се продолжило. На враќање од Ерусалим дошло до еден проблем.

НЕЗАБОРАВНИ ПАТУВАЊА

Заедно со своето семејство, Исус патува за Ерусалим

Патувањата на трите годишни празници во Ерусалим биле радосни настани за сите (5. Мојсеева 16:15). Исус можел да види разни делови од земјата, да научи каде се наоѓаат градовите и селата и да запознае луѓе од други места кои исто така му служеле на Јехова. Тие патувања сигурно биле незаборавни!

Јосиф и Марија претпоставувале дека Исус е со роднините и пријателите со кои заедно патувале кон север. Но, кога застанале на местото каде што требало да преноќат, виделе дека Исус го нема, па почнале да го бараат кај другите што патувале со нив. Бидејќи никаде го немало, тргнале назад во Ерусалим за да го бараат.

Го барале цел ден, но не го нашле. Ништо подобро не поминале ни следниот ден. На крај, на третиот ден, го нашле во една од многуте простории во храмот. Таму го виделе Исус како седи меѓу некои од еврејските верски учители. Тој ги слушал и им поставувал прашања, а тие биле восхитени од неговата остроумност.

Јосиф и Марија го наоѓаат Исус

„Дете, зошто ни го направи тоа?“, прашала Марија. „Татко ти и јас загрижено те баравме“ (Лука 2:48).

Исус се зачудил што неговите родители веднаш не се сетиле каде би можел да биде. Ги прашал: „Зошто сте ме барале? Зарем не знаевте дека морам да бидам во домот на мојот Татко?“ (Лука 2:49).

Потоа, Исус се вратил во Назарет заедно со своите родители и продолжил да им биде послушен. Библијата вели дека тој растел и напредувал во мудроста. Иако сѐ уште бил мал, и Бог и луѓето многу го сакале. Уште како дете, Исус покажувал голем интерес за духовните работи и ги почитувал своите родители. Со тоа оставил одличен пример.

  • Каде патувал Исус секоја пролет заедно со своето семејство, и зошто?

  • Кога Исус имал 12 години, што сфатиле Јосиф и Марија на враќање од Ерусалим, и што се случило потоа?

  • Во кои работи Исус е одличен пример за младите денес?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели