ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 89
  • Исус го чисти храмот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус го чисти храмот
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Исус ги истерал продавачите од храмот
    Поуки од Библијата
  • Ревност за обожавањето на Јехова
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Ревноста за Божјиот дом
    Исус — патот, вистината и животот
  • Животни
    Разбудете се! 2015
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 89

Приказна 89

Исус го чисти храмот

ИСУС на сликата навистина изгледа лут, нели? Знаеш ли зошто бил толку лут? Затоа што овие луѓе во Божјиот храм во Ерусалим биле многу алчни. Тие се обидувале да заработат многу пари од народот кој доаѓал таму за да му се поклони на Бог.

Ги гледаш ли сите тие бикови, овци и гулаби? Луѓето ги продавале овие животни токму во храмот! Знаеш ли зошто? Затоа што на Израелците им биле потребни животни и птици за да му ги жртвуваат на Бог.

Според Божјиот закон, секој Израелец, кога ќе направел нешто лошо, требало да му даде жртва на Бог. А Израелците морале да даваат жртви и од други причини. Но, од каде можел еден Израелец да земе птици и животни за да му ги жртвува на Бог?

Некои Израелци имале свои птици и животни, па можеле нив да ги принесат. Но многу Израелци немале ниту животни ниту птици. Трети, пак, живееле толку далеку од Ерусалим што не можеле да донесат животни во храмот. Затоа луѓето доаѓале таму и ги купувале животните или птиците што им биле потребни. Но, трговците барале од народот премногу пари. Тие го мамеле народот. Освен тоа, не требало да продаваат во самиот Божји храм.

Поради тоа, Исус многу се налутил. Затоа им ги превртел масите на трговците, и парите се растуриле насекаде. Исто така, направил камшик од јажиња и ги истерал сите животни од храмот. На луѓето кои продавале гулаби им заповедал: ‚Носете ги одовде! Престанете да правите од домот на мојот Татко место за заработка на многу пари‘.

Некои од Исусовите следбеници биле со него во храмот во Ерусалим. Тие биле изненадени кога виделе што направил Исус. Тогаш се сетиле на местото во Библијата каде што за Божјиот Син се вели: ‚Љубовта кон Божјиот дом ќе гори во него како оган‘.

Додека бил во Ерусалим на Пасхата, Исус направил многу чуда. Потоа, ја напуштил Јудеја и тргнал да се врати во Галилеја. Но, на патот поминал низ областа Самарија. Да видиме што се случило таму.

Јован 2:13-25; 4:3, 4.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели