ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 92
  • Исус подига мртви

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус подига мртви
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Можеме да се разбудиме од смртта!
    Учи од Големиот Учител
  • Едно девојче оживеало
    Исус — патот, вистината и животот
  • Солзи претворени во голем восхит
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Таа му ја допрела облеката
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 92

Приказна 92

Исус подига мртви

ДЕВОЈЧЕТО што го гледаш овде има 12 години. Исус го држи за рака, а мајка му и татко му стојат од страната. Знаеш ли зошто се толку среќни? Ајде да откриеме.

Таткото на девојчето бил важен човек кој се викал Јаир. Еден ден, ќерка му се разболела, па морала да лежи в кревет. Но, воопшто не ѝ станувало подобро, туку само полошо. Јаир и жена му биле многу загрижени бидејќи изгледало дека нивното девојче ќе умре. Тоа им било единствената ќерка. Затоа Јаир отишол да го побара Исус, бидејќи чул за чудата што ги правел Исус.

Кога Јаир го нашол Исус, околу него биле собрани големо мноштво луѓе. Но, Јаир се пробил низ мноштвото и паднал на колена пред нозете на Исус. ‚Ќерка ми е многу, многу болна‘, рекол тој. ‚Те молам, дојди и излечи ја.‘ Исус му рекол дека ќе дојде.

Додека оделе, луѓето се туркале и го притискале Исус. Наеднаш Исус застанал. ‚Кој ме допре?‘ — прашал тој. Исус почувствувал дека излегла сила од него, па затоа знаел дека некој го допрел. Но кој? Го допрела една жена која 12 години била многу болна. Таа дошла, ја допрела Исусовата облека и била излечена!

Кога се случило тоа, Јаир се чувствувал подобро бидејќи можел да види колку лесно било за Исус да излечи некого. Но, тогаш дошол гласник и му рекол на Јаир: ‚Не мачи го повеќе Исус. Ќерка ти умре‘. Исус го слушнал тоа и му рекол на Јаир: ‚Не грижи се, со неа ќе биде сѐ во ред‘.

Кога конечно стигнале до Јаировата куќа, луѓето плачеле од голема жал. Но Исус рекол: ‚Не плачете. Детето не умрело. Тоа само спие‘. Но тие се насмеале и му се подбивале на Исус бидејќи знаеле дека тоа било мртво.

Тогаш Исус ги одвел таткото и мајката на девојчето, заедно со тројца свои апостоли, во собата каде што лежело детето. Го фатил за рака и рекол: ‚Стани!‘ И тоа оживеало, како што можеш овде да видиш. Тогаш станало и почнало да оди! Ете затоа мајка му и татко му биле многу, многу среќни.

Ова не бил првиот човек кого Исус го подигнал од мртвите. Првиот за кој Библијата ни кажува, бил синот на една вдовица која живеела во градот Наин. Подоцна, Исус го подигнал од мртвите и Лазар, братот на Марија и Марта. Кога ќе владее како цар поставен од Бог, Исус ќе оживее многу, многу мртви луѓе. Зарем нема да бидеме среќни поради тоа?

Лука 8:40-56; 7:11-17; Јован 11:17-44.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели