ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 105
  • Чекање во Ерусалим

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чекање во Ерусалим
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Учениците добиле свет дух
    Поуки од Библијата
  • Стотици луѓе го виделе воскреснатиот Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Последните појавувања и Пентакост 33 н. е.
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Последните појавувања и Пентекост 33 н.е.
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 105

Приказна 105

Чекање во Ерусалим

ОВИЕ луѓе се следбеници на Исус. Тие го послушале и останале во Ерусалим. И додека сите чекале заедно, целата куќа се исполнила со силна бучава. Звукот бил како звук на брз, силен ветар. И тогаш, на главата на секој ученик се појавил по еден пламен. Го гледаш ли оганчето над секого од нив? Што значело сето тоа?

Тоа било чудо! Исус се вратил на небото кај својот Татко и го излеал Божјиот свет дух врз своите следбеници. Знаеш ли што правеле тие со помош на тој дух? Сите почнале да зборуваат на различни јазици.

Многу луѓе во Ерусалим ја слушнале бучавата која звучела како силен ветар, па дошле да видат што се случува. Некои од нив биле од други народи, а дошле во Ерусалим поради израелскиот празник Педесетница. И колкаво изненадување доживеале! Ги чуле учениците како зборуваат на нивните јазици за прекрасните работи кои Бог ги направил.

‚Сите овие луѓе се од Галилеја‘, рекле посетителите. ‚Па како можат да зборуваат на овие различни јазици кои се зборуваат во земјите од каде што доаѓаме ние?‘

Тогаш Петар станал да им објасни. Тој почнал гласно да му раскажува на народот како бил убиен Исус и дека Јехова го воскреснал од мртвите. ‚Сега Исус е на небото од десната страна на Бог‘, рекол Петар. ‚И тој го излеа ветениот свет дух. Затоа ги видовте и ги чувте овие чуда.‘

Кога Петар ги кажал тие работи, на многумина од народот им било многу жал поради она што му било направено на Исус. ‚Што да правиме?‘ — прашале тие. Петар им рекол: ‚Треба да го промените својот начин на живот и да се крстите‘. Затоа, истиот тој ден, околу 3.000 луѓе се крстиле и станале следбеници на Исус.

Дела 2:1-47.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели