ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 116
  • Што да сториме за да живееме засекогаш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што да сториме за да живееме засекогаш
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Божјиот мирољубив нов свет — и ти можеш да живееш таму
    Учи од Големиот Учител
  • Можеме да живееме вечно
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Вечниот живот не е само сон
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Она што го прорекла Библијата се остварува
    Мојата книга со библиски приказни
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 116

Приказна 116

Што да сториме за да живееме засекогаш

ГЛЕДАШ ЛИ што чита девојчето со своите другарчиња? Да, тоа е истата оваа книга што ја читаш и ти — Мојата книга со библиски приказни. И тие ја читаат истата приказна — „Што да сториме за да живееме засекогаш“.

Знаеш ли што учат? Прво, дека треба да ги познаваме Јехова и неговиот Син Исус ако сакаме да живееме засекогаш. Библијата вели: ‚Ќе живееме засекогаш ако учиме за единствениот вистински Бог и за Синот, кого тој го испратил на земјата, Исус Христос‘.

Како можеме да учиме за Јехова Бог и за неговиот Син Исус? Еден начин е да ја прочитаме Мојата книга со библиски приказни од почеток до крај. Таа многу ни кажува за Јехова и за Исус, нели? Кажува многу и за работите што ги направиле и за работите кои допрва ќе ги направат. Но, не е доволно само да ја прочитаме оваа книга.

Ја гледаш ли другата книга што лежи на подот? Тоа е Библијата. Некој нека ти ги чита деловите од Библијата врз кои се темелени приказните од оваа книга. Библијата ни ги дава сите информации што ни се потребни за да можеме сите да му служиме на Јехова на исправен начин и да добиеме вечен живот. Затоа, треба да ни стане навика често да ја проучуваме Библијата.

Но, само да се учи за Јехова Бог и за Исус Христос не е доволно. Ние можеме многу, многу да знаеме за нив и за нивните учења, а сепак да не добиеме вечен живот. Знаеш ли што друго е потребно?

Треба и да живееме во склад со тоа што го учиме. Се сеќаваш ли на Јуда Искариот? Тој бил еден од 12-темина кои Исус ги избрал да му бидат апостоли. Јуда знаел многу работи за Јехова и за Исус. Но што се случило со него? По некое време станал себичен и го предал Исус на неговите непријатели за 30 сребреници. Затоа Јуда нема да добие вечен живот.

Се сеќаваш ли на Гиезиј, за кого учевме во 69-тата приказна? Тој сакал да добие облека и пари кои не му припаѓале нему. Затоа, излажал за да ги добие тие работи. Но, Јехова го казнил. Тој ќе нѐ казни и нас ако не ги слушаме неговите закони.

Но, има голем број добри луѓе кои секогаш верно му служеле на Јехова. Ние сакаме да бидеме како нив, нели? Малиот Самоил е добар пример за нас. Се сеќаваш? Во 55-тата приказна видовме дека тој немал ни полни пет години кога започнал да му служи на Јехова во неговиот свет шатор. Затоа, не е важно колку си мал, ти не си премал за да му служиш на Јехова.

Се разбира, оној кого сите сакаме да го следиме е Исус Христос. Дури и кога бил дете, како што се гледа во 87-та приказна, тој бил во храмот и разговарал со другите за својот небесен Татко. Да го следиме неговиот пример! Да им кажуваме на колку што е можно повеќе луѓе за нашиот прекрасен Бог Јехова и за неговиот Син, Исус Христос. Ако ги правиме овие работи, тогаш ќе можеме да живееме засекогаш во Божјиот нов рај на Земјата.

Јован 17:3; Псалм 145:1-21.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели