ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • uw погл. 22 стр. 169-175
  • Продолжи храбро да зборуваш за Божјата Реч

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Продолжи храбро да зборуваш за Божјата Реч
  • Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Не се потпирај на сопствените сили
  • Извештај за храбро сведочење
  • Продолжи да ја зборуваш Божјата реч со смелост
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Следи го примерот на Исус — проповедај со смелост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Ќе ми бидете сведоци“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • „Сѐ до крајот на земјата“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
Повеќе
Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
uw погл. 22 стр. 169-175

Глава 22

Продолжи храбро да зборуваш за Божјата Реч

1. а) Која добра вест ја објавувале Исусовите ученици од Пентакост 33. н.е., но каква била реакцијата на владетелите и еврејските старешини? б) Кои прашања во врска со тоа можеме да си ги поставиме?

ВО ТЕКОТ на повеќе од 4.000 години од човечката историја се одиграле многу важни настани. Божјиот Син, Исус Христос, бил помазан за иден цар над целата Земја. И покрај тоа што Исус бил погубен на наговарање на религиозните непријатели, Јехова го подигнал својот Син од мртвите. На тој начин, преку него било можно спасение со изглед за вечен живот. Но избило жестоко прогонство кога Исусовите верни ученици почнале јавно да ја објавуваат добрата вест. Најнапред биле затворени двајца, а потоа сите апостоли. Биле искамшикувани и им било наредено да престанат да зборуваат во Исусово име (Дела 4:1-3, 17; 5:17, 18, 40). Што ќе направат? Што би направил ти? Дали би продолжил храбро да сведочиш?

2. а) Која уште повеличествена вест мора да се објавува денес? б) Кој ја има одговорноста да го извршува тоа?

2 Во 1914 година н. е. се одиграл еден уште повеличествен настан од универзална важност. На небото било воспоставено Божјето Царство под Исус Христос. После тоа, Сатана и неговите демони биле фрлени во близина на Земјата (Отк. 12:1-5, 7-12). Започнале последните денови за денешниот зол систем. Пред да изумре генерацијата која сведочи за настаните од 1914, Бог ќе го уништи целиот Сатански систем на ствари (Мат. 24:34). Преживеаните ќе го имаат пред себе изледот за вечен живот. Во исполнение на Божјата првобитна намера, целата Земја ќе стане Рај. Ако веќе си ја прифатил добрата вест, тогаш имаш одговорност да им ја пренесуваш на другите (Мат. 24:14). Но, каква реакција можеш да очекуваш?

3. а) Како луѓето реагираат на пораката за Царството? б) Со кое прашање мораме да се соочиме?

3 Додека некои ќе ти изразуваат добредојде како објавител на Царството, поголемиот дел од нив едноставно ќе останат рамнодушни (Мат. 24:37-39). Други можеби ќе те исмејуваат или пак остро ќе ти се спротивстават. Исус предупредил дека противењето може да дојде и од страна на нашите најблиски (Лука 21:16-19). Тоа исто така може да се појави и на нашето работно место или во училиштето. Во многу земји Јеховините сведоци се дури и под неправедна забрана од страна на властите. Кога ќе се соочиш со некоја од наведените ситуации или пак со сите, дали би продолжил храбро да ја објавуваш Божјата Реч?

4. Дали личната одлучност сама по себе е гаранција дека и понатаму верно ќе му служиме на Бог?

4 Без сомнение, ти ќе сакаш да бидеш храбар Божји слуга. Сепак, некои кои сметале дека ништо не може да ги одврати, ги напуштиле редовите на објавителите на Царството. За разлика од нив, други, вклучувајќи и такви кои по природа се страшливи, и понатаму останале ревни Божји слуги. Како можеш да докажеш дека си оној кој ‚стои во верата‘? (1. Кор. 16:13).

Не се потпирај на сопствените сили

5. а) Кое е основното барање за да се докажеме како верни Божји слуги? б) Зошто состаноците се толку важни?

5 Се разбира, постојат многу фактори кои се вклучени во тоа да се биде верен Божји слуга, но основно е да се има доверба во Јехова и во неговите подготовки. На кој начин можеме да ја покажеме таквата доверба? Еден начин е да ги посетуваме собраниските состаноци. Светото Писмо нѐ поттикнува да не ги занемаруваме (Евр. 10:23-25). Оние кои и понатаму останале верни сведоци на Јехова, и покрај рамнодушноста во јавноста или прогонство, настојувале да бидат редовни во посетувањето на состаноците заедно со соверниците. На овие состаноци нашето знаење се зголемува, но тука не станува збор само за восхитување од новите работи кои нѐ привлекуваат (Спореди Дела на св. апостоли 17:21). Таму расте нашето ценење за вистините кои веќе ги знаеме, а исто така се изострува и нашата свесност за начинот на кој ќе ги примениме. Примерот што ни го поставил Исус длабоко се втиснува во нашите мисли и срца (Еф. 4:20-24). Привлечени сме кон нашите христијански браќа во обединето обожавање и лично сме зајакнати да продолжиме да ја вршиме Божјата волја. Јеховиниот дух ни пружа водство преку собранието и со помош на тој дух Исус е во нашата средина кога се состануваме во негово име (Отк. 3:6; Мат. 18:20).

6. Како се организираат состаноците во земји каде што Јеховините сведоци се под забрана?

6 Дали и ти редовно ги посетуваш сите состаноци и дали лично го применуваш она што таму го слушаш? Понекогаш, кога делото е под забрана, потребно е состаноците да се одржуваат во мали групи во приватни домови. Времето и местото можат да се менуваат и тоа можеби не е секогаш згодно, а некои состаноци може да се одржуваат и доцна во ноќта. Но, наспроти личната неудобност или опасност, верни браќа и сестри прават силни напори за да присуствуваат на секој состанок.

7. а) На кој друг начин можеме да ја покажеме нашата доверба во Јехова? б) Како тоа може да ни помогне да продолжиме храбро да зборуваме?

7 Довербата во Јехова можеме исто така да ја покажеме со тоа што редовно ќе му се обраќаме во молитва — но не само формално, рутински, туку од срце, свесни дека ни е потребна Божја помош. Дали го правиш тоа? Исус често се молел во текот на својата земска служба (Лука 3:21; 6:12, 13; 9:18, 28; 11:1; 22:39-44). Ноќта пред да биде распнат, тој ги поттикнувал своите ученици: „Бидете будни и молете се за да не паднете во искушение“ (Марко 14:38). Доколку наидуваме на рамнодушност спрема пораката за Царството, може да се појави искушение да попуштиме во нашата служба. Ако луѓето ни се исмеваат или дури свирепо нѐ прогонуваат, може да бидеме искушани да замолкнеме со цел да го избегнеме тоа. Но, ако искрено молиме Божјиот дух да ни помогне храбро да говориме, ќе бидеме заштитени да не му попуштиме на искушението (Лука 11:13; Еф. 6:18-20).

Извештај за храбро сведочење

8. а) Зошто извештајот во Дела апостолски е од посебен интерес за нас? б) Одговори на прашањата кои се дадени на крајот од пасусот и истакни на кој начин прочитаното може да ти користи.

8 Извештајот во книгата Дела на светите апостоли е од посебен интерес за секој од нас. Таму се известува како апостолите и останатите први ученици, луѓе со чувства како нашите, ги надвладеале потешкотиите и се докажале како храбри и верни сведоци на Јехова. Да разгледаме дел од тој извештај со помош на следниве прашања и цитирани стихови. Додека го правиш тоа, размисли како можеш ти лично да имаш корист од она што го читаш.

Дали апостолите биле луѓе со високо образование? Дали биле по природа бестрашни, без оглед што се случува? (Дела 4:13; Јован 18:17, 25-27; 20:19).

Што му овозможило на Петар храбро да зборува пред еврејскиот суд кој го осудил Божјиот Син само неколку недели пред тоа? (Дела 4:8; Матеј 10:19, 20).

Што правеле апостолите пред да бидат доведени пред санхедринот? (Дела 1:14; 2:1, 42).

Што одговориле Петар и Јован кога властите им заповедале да престанат да проповедаат во Исусово име? (Дела 4:19, 20).

Кому му се обратиле повторно за помош откако биле ослободени? Дали тие го молеле да му стави крај на прогонството, или нешто друго? (Дела 4:24-31)

Како Јехова пружил помош кога противниците се обиделе да го запрат делото на проповедање? (Дела 5:17-20, 33-40)

Како апостолите покажале дека ја разбрале причината за нивното ослободување? (Дела 5:21, 41, 42).

И покрај тоа што многу ученици биле застрашени поради силните прогонства, што тие продолжиле да прават? (Дела 8:3, 4; 11:19-21).

9. а) Какви возбудливи резултати донела службата на првите ученици? б) На кој начин сме вклучени и ние?

9 Нивното дело во врска со добрата вест не било залудно. Околу 3.000 ученици биле крстени на Пентакост 33.  н.е. „И сѐ повеќе се зголемуваа оние, што веруваа во Господа, мноштво луѓе и жени“ (Дела 2:41; 4:4; 5:14). Во тоа време се известува дека дури и еден од најревносните прогонители, Савле од Тарс, станал христијанин и самиот храбро сведочел за вистината. Подоцна станал познат како апостол Павле (Гал. 1:22-24). Делото кое започнало во првиот век, не запрело. Тоа зема замав во овие „последни денови“ и ги достигнало сите делови на Земјата. Ние ја имаме предноста да учествуваме во него и, додека го извршуваме, можеме да учиме од примерот што го дале лојалните сведоци кои служеле пред нас.

10. а) Кои можности ги користел Павле за да даде сведоштво? б) На кои начини ти ја шириш пораката за Царството меѓу луѓето?

10 Кога Павле ја научил вистината за Исус Христос, не губел време. „Веднаш почна да проповеда во синагогите за Исуса, дека е Он Син Божји“ (Дела 9:20). Тој ја ценел незаслужената доброта која Бог ја покажал спрема него и сфатил дека на секого му е потребна добрата вест што тој ја примил. Бидејќи бил Евреин, според обичајот од тоа време, одел во синагогите — јавни места за собирање на Евреите — за да им сведочи. Исто така, проповедал од куќа до куќа и расправал со луѓе на плоштадите. Исто така бил спремен да појде на нови подрачја за да ја проповеда добрата вест (Дела 17:17; 20:20; Рим. 15:23, 24).

11. а) Како Павле покажал дека иако имал храброст, внимавал на начинот на кој сведочел? б) Како можеме и ние да го покажеме тој квалитет кога им сведочиме на роднините, колегите на работа или соучениците?

11 Павле бил храбар, но исто така и разумен, како што би требало да бидеме и ние. На Евреите им се обраќал на темел на ветувањето што Бог им го дал на нивните татковци. На Грците им зборувал на темел на работите кои ним им биле познати. Понекогаш како помош за давање на сведоштво го користел сопственото искуство за тоа како ја запознал вистината. Како што објаснил и самиот: „А ова го правам поради Евангелието, за да бидам учесник во Него“ (1. Кор. 9:20-23; Дела 22:3-21).

12. а) За да ги избегне постојаните судири со противниците, што правел Павле и покрај тоа што бил храбар? б) Кога можеме мудро да го имитираме тој пример и како? в) Од каде ја добиваме силата за да продолжиме да зборуваме храбро?

12 Кога поради противењето на добрата вест сметал дека е подобро да проповеда на друго место или привремено да премине на друго подрачје, Павле го правел тоа наместо да предизвикува постојани судири со непријателите на вистината (Дела 14:5-7; 18:5-7; Рим. 12:18). Но никогаш не се срамел од добрата вест (Рим. 1:16). Иако Павле го сметал дрското дури и насилно постапување на противниците за непријатно, тој ‚се ослободил во нашиот Бог‘ за да продолжи да проповеда. И покрај тешките околности во кои се нашол, рекол: „Но Господ беше со мене и ме укрепи, та преку мене да се утврди Благовестието“ (1. Сол. 2:2; 2. Тим. 4:17). Главата на христијанското собрание, Господ Исус Христос, продолжува да ни ја дава потребната сила за да го извршиме делото кое тој го прорекол за наше време (Марко 13:10).

13. Како можеме да покажеме христијанска храброст, и кои причини ги имаме за тоа?

13 Ние имаме многу причини да продолжиме храбро да ја зборуваме Божјата Реч на ист начин како што тоа го правеле и Исус Христос и други верни Божји слуги во првиот век. Тоа не значи да бидеме груби или дрски во нашето однесување. Не е потребно да се биде невнимателен или да им се наметнува пораката на оние кои не ја сакаат. Но ние не попуштаме затоа што луѓето се рамнодушни, ниту пак дозволуваме противењето да нѐ застраши или да нѐ наведе да замолчиме. Како Исус, и ние укажуваме на Божјето Царство како на единствена праведна влада над целата Земја. Зборуваме со увереност, бидејќи го застапуваме Јехова, Универзалниот Суверен, а пораката што ја објавуваме не е од нас, туку од него (Фил. 1:27, 28; 1. Сол. 2:13).

За повторување

● Зошто е важно да им ја пренесеме пораката за Царството на колку што е можно повеќе луѓе? Но, какви реакции можеме да очекуваме?

● Како можеме да покажеме дека во нашата служба за Јехова не се обидуваме да се потпреме на сопствените сили?

● Какви корисни поуки извлековме од книгата Дела на апостолите?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели