ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wt погл. 19 стр. 167-174
  • Продолжи да ја зборуваш Божјата реч со смелост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Продолжи да ја зборуваш Божјата реч со смелост
  • Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да не се потпираме на сопствената сила
  • Досие на храбро сведочење
  • Продолжи храбро да зборуваш за Божјата Реч
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Следи го примерот на Исус — проповедај со смелост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • ‚Смело зборувај ја Божјата реч‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • „Сѐ до крајот на земјата“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
Повеќе
Обожавај го единствениот вистински Бог
wt погл. 19 стр. 167-174

Поглавје деветнаесет

Продолжи да ја зборуваш Божјата реч со смелост

1. а) Каква добра вест објавиле Исусовите ученици, но како реагирале некои Евреи? б) Кои прашања би можеле да си ги поставиме?

ПРЕД околу 2.000 години, Божјиот Син, Исус Христос, бил помазан за иден Цар над целата Земја. Исус бил погубен на иницијатива на религиозните непријатели, но Јехова го подигнал од мртвите. Сега, преку Исус, бил возможен вечен живот. Меѓутоа, кога Исусовите ученици јавно ја објавиле оваа добра вест, избувнало прогонство. Некои од нив биле фрлени в затвор, дури биле и камшикувани, и им било наредено да престанат да зборуваат за Исус (Дела 4:1—3, 17; 5:17, 18, 40). Што требало да прават? Што би направил ти? Дали би продолжил да сведочиш смело?

2. а) Која прекрасна вест треба да се објавува во нашево време? б) Кој ја има одговорноста да ја проповеда добрата вест?

2 Во 1914, Исус Христос, Царот на Божјето Царство, бил устоличен на небото за да владее ‚среде своите непријатели‘ (Псалм 110:2). Потоа, Сатана и неговите демони биле исфрлени долу на Земјата (Откровение 12:1—5, 7—12). Последните денови на сегашниот зол систем веќе започнале. Кога овој временски период ќе заврши, Бог ќе го здроби целокупниот сатански систем на работи (Даниел 2:44; Матеј 24:21). Преживеаните ќе имаат пред себе изглед за вечен живот на Земјата, која ќе стане рај. Ако си ја прифатил оваа добра вест, ти ќе сакаш да ја споделуваш со други (Матеј 24:14). Но, каква реакција можеш да очекуваш?

3. а) Како реагираат луѓето на пораката за Царството? б) Со кое прашање сме соочени?

3 Кога ја проповедаш добрата вест за Царството, некои луѓе може да ја прифатат, но повеќето ќе бидат рамнодушни (Матеј 24:37—39). Некои може да ти се исмејуваат или да ти се противат. Исус предупредил дека противењето би можело да дојде од самите твои роднини (Лука 21:16—19). Тоа може да дојде и на твоето работно место или в училиште. Во некои делови од Земјата, Јеховините сведоци се дури и под забрана од страна на владата. Кога си соочен со такви околности, дали ќе продолжиш да ја зборуваш Божјата реч смело и ‚да стоиш цврст во верата‘? (1. Коринќаните 16:13).

Да не се потпираме на сопствената сила

4. а) За да се докажеме како верни слуги на Бог, кое е првенствено барање? б) Зошто се христијанските состаноци толку важни?

4 За да се биде верен слуга на Јехова, од првенствено значење е да се потпираме на неговите подготовки. Една од нив се собраниските состаноци. Писмото нѐ поттикнува да не ги запоставуваме (Евреите 10:23—25). Оние што останале верни Сведоци на Јехова, се напрегале да бидат редовни на состаноците со сообожавателите. На овие состаноци се зголемува нашето спознание за Писмото. Исто така, расте и нашето ценење за добро познатите вистини, а со тоа се изострува нашата свесност на кои начини да ги употребиме. Се зближуваме со нашите христијански браќа во обединето обожавање и зајакнати сме да ја вршиме Божјата волја. Јеховиниот дух дава водство преку собранието, а преку тој дух, Исус е во нашата средина (Матеј 18:20; Откровение 3:6).

5. Што прават Јеховините сведоци во врска со состаноците кога се под забрана?

5 Дали ти редовно присуствуваш на сите состаноци, и дали лично го применуваш она што се дискутира? Понекогаш, кога Јеховините сведоци се под забрана, неопходно е состаноците да се одржуваат во мали групи во приватни домови. Местата и термините може да варираат и може да не се секогаш најзгодни, бидејќи некои состаноци се одржуваат доцна во ноќта. Но, и покрај таквата лична неудобност или опасност, верните браќа и сестри вложуваат сериозен напор да бидат присутни на секој состанок.

6. Како покажуваме дека се потпираме на Јехова, и како може ова да ни помогне да продолжиме да зборуваме смело?

6 Потпирањето на Јехова се развива кога редовно му се обраќаме во срдечна молитва, увидувајќи дека ни е потребна Божја помош. Го правиш ли тоа? Исус се молел секогаш одново во текот на својата земна служба (Лука 3:21; 6:12, 13; 22:39—44). А ноќта пред да биде прикован, своите ученици ги поттикнал: „Бдејте и молете се, да не паднете во искушение“ (Марко 14:38). Ако наидеме на рамнодушност кон пораката за Царството, би можеле да бидеме искушани да забавиме во својата служба. Ако луѓето ни се исмејуваат или нѐ прогонуваат, би можеле да бидеме искушани да молкнеме за да избегнеме проблеми. Но, ако сесрдно се молиме за Божјиот дух да ни помогне да продолжиме да зборуваме смело, ќе бидеме заштитени да не им попуштиме на таквите искушенија (Лука 11:13; Ефешаните 6:18—20).

Досие на храбро сведочење

7. а) Зошто извештајот во Дела е од посебен интерес за нас? б) Одговори на прашањата наведени на крајот од овој пасус, и истакни како може да ни користат овие информации.

7 Извештајот што го содржи книгата Дела на апостолите е од посебен интерес за сите нас. Таа кажува како апостолите и другите рани ученици — луѓе што имале чувства како нашите — надминале препреки и докажале дека се смели и верни сведоци на Јехова. Да испитаме еден дел од тој извештај со помош на следните прашања и наведени стихови. Додека го правиме тоа, размислувај како можеш лично да извлечеш корист од она што го читаш.

Дали биле апостолите високо образовани мажи? Дали биле поединци кои по природа биле бестрашни, макар што и да се случи? (Јован 18:17, 25—27; 20:19; Дела 4:13).

Што му овозможило на Петар да зборува смело пред еврејскиот суд, кој го осудил самиот Божји Син? (Матеј 10:19, 20; Дела 4:8)

Што правеле апостолите во седмиците пред да бидат изведени пред Синедрионот? (Дела 1:14; 2:1, 42).

Како одговориле Петар и Јован кога владетелите им наредиле на апостолите да престанат да проповедаат во Исусово име? (Дела 4:19, 20).

Од кого повторно барале помош апостолите по нивното пуштање? Дали се молеле прогонството да престане или за нешто друго? (Дела 4:24—31).

На кој начин Јехова дал помош кога противниците се обиделе да го запрат делото на проповедање? (Дела 5:17—20).

Како покажале апостолите дека ја разбрале причината зошто биле ослободени? (Дела 5:21, 41, 42).

Дури и кога мнозина од учениците биле распрснати поради прогонство, што продолжиле да прават? (Дела 8:3, 4; 11:19—21).

8. Какви возбудливи резултати произлегле од службата на раните ученици, и како дошло до тоа и ние да учествуваме во неа?

8 Делото на проповедање на добрата вест не било залудно. На Пентекост 33 н.е. се крстиле околу 3.000 ученици. „Постојано се придружуваа верници во Господа, множества и од мажи и од жени“ (Дела 2:41; 4:4; 5:14). Со текот на времето, дури и еден жесток прогонител на Божјиот народ, Савле од Тарс, станал христијанин и почнал смело да сведочи за вистината. Тој станал познат како апостол Павле (Галатите 1:22—24). Делото што започнало во првиот век не престанало. Тоа зело замав во овие последни денови и ги има достигнато сите делови од Земјата. Ја имаме предноста да учествуваме во него и, додека го правиме тоа, можеме да учиме од примерот што го дале лојалните сведоци кои служеле пред нас.

9. а) Кои прилики ги користел Павле да сведочи? б) На кои начини ти им ја шириш на другите пораката за Царството?

9 Што сторил Павле откако ја дознал вистината за Исус Христос? „Веднаш . . . почна да го проповеда Исус, дека е Тој Божјиот Син“ (Дела 9:20). Тој ја ценел Божјата незаслужена љубезност кон него и сфатил дека на секој му е потребна добрата вест што ја примил тој. Павле бил Евреин и, според обичајот од тоа време, одел по синагогите да дава сведоштво. Исто така, проповедал од куќа до куќа и резонирал со луѓето на пазариштето. И, бил спремен да се сели на нови подрачја за да ја проповеда добрата вест (Дела 17:17; 20:20; Римјаните 15:23, 24).

10. а) Како покажал Павле дека иако бил смел, бил и прониклив во начинот на кој сведочел? б) Како можеме да ги одразуваме Павловите особини кога им сведочиме на роднини, колеги или на соученици?

10 Павле бил смел но прониклив, а такви треба да бидеме и ние. Тој им апелирал на Евреите врз основа на ветувањата што Бог им ги дал на нивните прататковци. На Грците им зборувал врз основа на работите со кои тие биле запознаени. Понекогаш го користел сопственото искуство како ја дознал вистината како средство за да даде сведоштво. Рекол: „Сѐ правам заради добрата вест, за да имам удел во неа со другите“ (1. Коринќаните 9:20—23; Дела 22:3—21).

11. а) Што правел Павле за да избегне нови и нови конфронтации со противниците? б) Кога би можеле мудро да го имитираме Павловиот пример, и како? в) Од каде доаѓа силата за да продолжиме да зборуваме смело?

11 Кога поради противење се чинело дека е подобро некое време да проповеда на друго подрачје, Павле го правел тоа наместо секогаш одново да си создава конфронтации со противниците (Дела 14:5—7; 18:5—7; Римјаните 12:18). Но никогаш не се срамел од добрата вест (Римјаните 1:16). Иако на Павле му било непријатно поради дрското — па дури и насилничко — постапување на противниците, тој ‚со помош на нашиот Бог собрал смелост‘ да продолжи да проповеда. Рекол: „Господ стоеше покрај мене и ми влеа сила за преку мене потполно да се изврши проповедањето“ (1. Солуњаните 2:2; 2. Тимотеј 4:17). Главата на христијанското собрание, Исус, и понатаму ја дава силата што ни е потребна за да го извршиме делото што го прорекол тој за нашево време (Марко 13:10).

12. Што дава доказ за христијанска смелост, и која е основата за неа?

12 Ја имаме секоја причина да продолжиме смело да ја зборуваме Божјата реч, исто како што правеле Исус и другите верни ученици во првиот век. Ова не значи да бидеме необѕирни ниту да се обидуваме да им ја натураме пораката на оние што не сакаат. Но не се откажуваме затоа што луѓето се рамнодушни; ниту, пак, сме замолчени од противењето. Како Исус, укажуваме на Божјето Царство како на праведна влада на сета Земја. Зборуваме со доверба бидејќи го претставуваме Јехова, Универзалниот Суверен, и бидејќи пораката што ја објавуваме не е од нас, туку од него. А нашата љубов кон Јехова треба да биде нашиот најсилен мотив да го фалиме (Филипјаните 1:27, 28; 1. Солуњаните 2:13).

Дискусија за повторување

• Зошто е важно пораката за Царството да се споделува со секого што е можно, но какви реакции можеме да очекуваме?

• Како можеме да покажеме дека во нашата служба за Јехова не се потпираме на сопствената сила?

• Кои важни поуки ги учиме од книгата Дела?

[Слики на страница 173]

Како и во минатото, Јеховините слуги денес ја зборуваат Божјата реч со смелост

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели