ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • uw погл. 24 стр. 184-191
  • Јеховината намера постигнува славен успех

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јеховината намера постигнува славен успех
  • Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Повластената положба на Израел
  • Јехова го обединува својот народ
  • Собирање на „работите на земјата“
  • Јеховината намера постигнува славен успех
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Секој ќе биде слободен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • „Така нѐ засака Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Јехова — Бог кој поучува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
uw погл. 24 стр. 184-191

Глава 24

Јеховината намера постигнува славен успех

1, 2 а) Каква е Јеховината намера во врска со неговите интелигентни творби? б) Кој бил дел од Божјето обединето семејство на обожаватели? в) Кои лични прашања заслужуваат да се разгледаат во врска со ова?

СИТЕ интелигентни суштества обединети во вистинско обожавање и сите да ѝ се радуваат на славната слобода на Божјите деца — тоа е Јеховината мудра и љубезна намера. Тоа е она што сериозно го посакуваат и сите љубители на праведноста.

2 Јехова почнал да ја исполнува оваа величествена намера кога започнал со своите дела на создавање. Неговата прва творба бил Синот, оној кој докажал дека е „отсјајот на неговата слава и точна претстава на самото негово битие“ (Евреите 1:1-3, NW). Тој бил единствен, бидејќи Бог лично го создал. Преку него биле создадени други синови — најпрво ангели на небесата, а потоа човекот на Земјата (Јов 38:7; Лука 3:38, Даничиќ-Караџиќ). Сите овие синови сочинуваат едно универзално семејство. За сите нив Бог бил Јехова, единствениот кој требало да биде обожаван. Тој бил Универзалниот Суверен. Исто така бил нивни љубезен Татко. Дали е тој и твој Татко, и дали си ти едно од неговите деца? Колку драгоцен однос може да биде тоа!

3. а) Зошто никој од нас при раѓањето не станал Божји син? б) Каква доброљубива подготовка направил Јехова за Адамовото потомство?

3 Меѓутоа, мораме да се соочиме со фактот дека кога нашите први човечки родители биле осудени на смрт како намерни грешници, тие биле истерани од Еден и Бог ги отфрлил. Повеќе не биле дел од Јеховиното универзално семејство (1. Мој. 3:22-24, ДК; спореди 5. Мој. 32:4, 5). Сите ние, бидејќи сме потомци на грешниот Адам, сме родени со грешни склоности. Поради тоа што сме потомство на родители кои биле истерани од Божјето семејство, не можеме да тврдиме дека сме Божји синови само на темел на човечкото раѓање. Но Јехова знаел дека некои од Адамовите потомци ќе ја сакаат праведноста, и Тој љубезно направил подготовка со која тие можеле ја достигнат славната слобода на Божјите деца (Рим. 8:20, 21, Стварност).

Повластената положба на Израел

4. Врз која основа Израелците биле Божји „синови“? б) Што не значело тоа?

4 Околу 2.500 години по создавањето на Адам, Јехова повторно за некои поединци ја проширил предноста да имаат личен однос со него како негови синови. Во склад со заветот со Авраам, Јехова го избрал Израел да биде негов народ. Така, на египетскиот фараон му зборувал за Израел како за ‚негов син‘ (2. Мој. 4:22, 23, ДК; 1. Мој. 12:1, 2). Подоцна на Синајската гора, му го дал на Израел својот Закон го оформил тој народ во нација и го употребил во врска со својата намера. Од национална гледна точка, затоа што биле „посебна сопственост“, за нив се зборувало како за Божји „синови“ (5. Мој. 14:1, 2; Иса. 43:1). Исто така, поради неговото посебно постапување со извесни поединци во таа нација, Јехова се осврнувал на нив како на синови (1. Лет. 22:9, 10). Тоа гледиште се темелело на сојузен однос со Бог. Меѓутоа, тоа не значи дека тие ја уживале славната слобода што ја имал Адам како Божји син. Сѐ уште биле во оковите на гревот и смртта.

5. Како Израел ја изгубил својата посебна положба пред Бог?

5 Сепак, како синови тие имале повластена положба пред Бог. Исто така ја имале и одговорноста да го почитуваат како Татко и да постапуваат во склад со неговата намера. Исус ја нагласил важноста да ја исполнуваат таа обврска — не само да тврдат дека Бог е нивни Татко, туку ‚да се докажат како негови синови‘ (Мат. 5:43-48, NW; Мал. 1:6). Меѓутоа, Евреите како нација промашиле во тоа. Така, во текот на последната година од Исусовата земска служба, кога Евреите коишто барале да го убијат Исус, изјавиле: „Еден Отец имаме — Бога“, Исус силно покажал дека нивните постапки и духот што го покажувале се коселе со таквото тврдење (Јован 8:41, 44, 47). Во 33. н. е. Бог го укинал Сојузот на Законот и со тоа исчезнал темелот на посебниот однос што го имал Израел. Сепак, во човештвото и понатаму имало такви коишто Јехова ги прифаќал како свои синови.

Јехова го обединува својот народ

6. Каква „управа“ опишал Павле во Ефесјаните 1:9, 10, и што е нејзината тема?

6 Апостол Павле им пишувал на христијаните во Ефес за Јеховината програма за обединување на неговиот народ — Божја подготовка преку која оние кои покажуваат вера можат да станат сакани членови на Неговото домаќинство — и вели: „[Бог] ни ја објави светата тајна на својата волја. Тоа е според неговата допадливост што ја презел за управување [раководење на домаќинство] на полнотата на одредените времиња, имено, да се собере повторно сѐ во Христос, работите на небесата и работите на земјата“ (Еф. 1:9, 10, NW). Ова „управување“ се сосредоточува на Исус Христос. Преку него луѓето доаѓаат во призната положба пред Бог — некои со изглед да бидат на небото, а други на Земјата — за да служат во единство со ангелските Божји синови кои докажале дека му се лојални на Јехова.

7. Што се „работите на небесата“, и што значи за нив да бидат собрани?

7 Прво, почнувајќи од Пентакост 33. н. е., вниманието било свртено кон „работите на небесата“, т.е. кон оние кои требало да бидат сонаследници со Исус во небесното Царство. На темел на нивната вера во вредноста на Исусовата жртва, Бог ги прогласил за праведни (Рим. 5:1, 2, NW). Потоа биле „одново родени“, или родени како Божји синови со изглед за небесен живот (Јован 3:3; 1:12, 13). Со нив како духовна нација, Бог склопил нов сојуз. Со текот на времето, требало да бидат вклучени и Евреи и пагани, и тие би броеле вкупно 144.000 (Гал. 3:26-29; Отк. 14:1).

8. Како може односот на наследниците на Царството со Таткото да се спореди со односот на Евреите под Мојсеевиот Закон?

8 Иако сѐ уште биле несовршени во тело, остатокот од тие наследници на небесното Царство уживаат драгоцен и близок однос со Таткото. Во врска со ова, Павле напишал: „А бидејќи вие сте синови, Бог Го испрати Духот на Својот Син во срцата ваши, Кој вика: Аба, Оче! Затоа, не си веќе роб, туку син; ако си, пак, син, тогаш си и наследник Божји преку Исуса Христа“ (Гал. 4:6, 7). Овој арамејски израз „Аба“ значи „татко“, но тоа е нагалена форма на обраќање — форма со која мало дете се обраќало на својот татко. Поради надмоќноста на Исусовата жртва и Божјата лична незаслужена доброљубивост, овие духовно помазани христијани се радуваат на еден однос со Бог кој е поприсен отколку било кој друг што им бил возможен на несовршените луѓе под Законот. Меѓутоа, она што ним им претстои е уште попрекрасно.

9. Што значи потполното обистинување на нивното синовство?

9 Ако се докажат верни до смртта, тие го добиваат потполното остварување на нивното синовство така што се воскреснати во бесмртен живот на небесата. Таму ќе ја имаат предноста да служат обединето во самата присутност на Јехова Бог. Само релативно мал број од овие Божји синови сѐ уште се на Земјата (Рим. 8:14, 23, Ст; 1. Јов. 3:1, 2, ДК).

Собирање на „работите на земјата“

10. а) Што се „работите на земјата“, и од кога тие се собираат во обединето во обожавање? б) Каков е нивниот однос со Јехова?

10 Истата „управа“ којашто им овозможува на луѓето да бидат собрани во Божјето домаќинство со изглед за небесен живот, исто така го свртува вниманието на „работите на земјата“. Особено од 1935 н. е. почнува собирањето на лицата кои веруваат во Исусовата жртва и кои имаат изглед вечно да живеат на Земјата. Рамо до рамо со остатокот од помазаната класа, тие го величаат Јеховиното име и го возвишуваат неговото обожавање (Соф. 3:9; Иса. 2:2, 3). Со длабоко почитување тие го нарекуваат Јехова како „татко“, бидејќи го признаваат како Извор на животот и сериозно се трудат да ги одразуваат неговите особини, во склад со она што тој го очекува од неговите синови. Се радуваат на призната положба пред него на темел на нивната вера во Исусовата пролиена крв (Мат. 6:9; 7:9, 14, ДК). Но знаат дека во иднина ги очекува радоста да бидат потполно признаени од Бог како негови деца.

11. а) Какво ветување содржат Римјаните 8:19-21 за човештвото? б) Што е „откривањето на Божјите синови“ коешто тие желно го очекуваат?

11 Како што е покажано во Рим. 8:19-21 (NW), желно го чекаат „откривањето на Божјите синови“ зашто тогаш ќе дојде времето кога овие човечки творби ќе бидат „ослободени од ропството на распадливоста“. Тоа „откривање“ ќе се случи кога луѓето овде на Земјата ќе го видат доказот дека духовно помазаните синови Божји, коишто ја постигнале нивната небесна награда, ќе стапат во акција како придружници на нивниот прославен Господ, Исус Христос. Тоа ќе се покаже во уништувањето на целокупниот зол систем на ствари, после кое следуваат благословите на Христовото Илјадагодишно Владетелство, во кое овие „синови Божји“ ќе учествуваат со него како цареви и свештеници (Откр. 2:26, 27; 20:6, ДК).

12. Во каква песна на фалба ќе се здружат победничките духовно помазани Божји синови после големата неволја, и што значи тоа?

12 Колку ќе биде развеселувачки кога ќе помине големата неволја и кога овие синови Божји, коишто се обединиле со Христос, ќе ги здружат своите гласови на фалба на Бог, радосно изјавувајќи: „Големи и прекрасни се твоите дела, Јехова Боже, Семоќен. Праведни се и вистинити твоите патишта, Цару на вечноста. Кој нема навистина да се плаши од тебе, Јехова, и да го слави твоето име, бидејќи само ти си лојален? Зашто сите нации ќе дојдат и ќе се поклонат пред тебе, бидејќи твоите праведни одредби биле објавени“! (Откр. 15:3, 4, NW). Да, сето човештво, составено од сите поранешни нации, ќе биде обединето во обожавањето на вистинскиот Бог. Дури и оние во спомен-гробовите ќе бидат воскреснати и ќе им се даде прилика да ги придружат своите гласови во фалбата на Јехова.

13. На каква величествена слобода веднаш ќе ѝ се радуваат преживеаните од големата неволја?

13 Сатана Ѓаволот повеќе нема да биде ‚бог на овој систем на ствари‘. Обожавателите на Јехова овде на Земјата повеќе нема да се борат против неговото расипано влијание (2. Кор. 4:4, NW; Отк. 20:1-3). Лажната религија повеќе нема погрешно да го прикажува нашиот доброљубив Бог и да врши раздорно влијание во човечкото општество. Слугите на вистинскиот Бог повеќе нема да доживуваат неправда и да бидат искористувани од луѓето во владините служби. Каква величествена слобода ќе биде тоа за преживеаните од големата неволја!

14. Преку што тие ќе бидат ослободени од гревот и од сите негови последици?

14 Како ‚Јагне Божје кое ги зема гревовите на светот‘, Исус Христос ќе ја примени вредноста на својата жртва за да ги поништи сите минати гревови на човештвото (Јован 1:29). На Земјата, кога Исус ги прогласувал гревовите на некое лице за простени, како доказ го оздравувал оној на кого му било простено (Мат. 9:1-7). Слично, тој од небото на чудесен начин ќе ги излечи слепите, глувите, немите, оние кои се физички осакатени, душевно болните и сите останати кои се соочуваат со било какви болести. Постепено, додека верно се поучуваат за Божјите праведни патишта, кај сите оние кои се спремни и послушни, „законот на гревот“ ќе биде потполно укинат така што сите нивни постапки, нивните мисли и желби на срцето ќе им бидат угодни и на самите нив и на Бог (Рим. 7:21-23; спореди Исаија 25:7, 8 и Откровение 21:3, 4). Пред крајот на Милениумот ќе им биде помогнато да дојдат до потполно човечко совршенство. Целосно ќе бидат ослободени од гревот и неговите болни последици. Тие исправно ќе го одразуваат ‚Божјиот образ и подобие‘ среде земски Рај кој ќе ја опфаќа целата планета (1. Мој. 1:26).

15. Што ќе направи Христос на крајот од Милениумот и со каква цел?

15 Откако ќе го доведе човештвото до совршенство, Христос ќе му ја врати на својот Татко власта што му била дадена за ова дело. Како што е проречено во 1. Коринтјаните 15:28: „Кога . . . [на Синот] ќе Му биде потчинето сѐ, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Му потчини сѐ, за да биде Бог сѐ во сѐ“.

16. На што ќе бидат подложени сите совршени луѓе, и зошто?

16 Сега на совршеното човештво ќе му биде пружена прилика да покаже дека неговиот непроменлив избор е засекогаш да му служи на единствениот жив и вистинит Бог. Затоа, пред да ги усвои како свои синови преку Исус Христос, Јехова ќе ги подложи сите совршени луѓе на потполн испит. Сатана и неговите демони ќе бидат ослободени од бездната. Тоа нема да има за последица трајна штета за оние кои навистина го љубат Јехова. Но, секој оној кој нелојално ќе допушти да биде наведен на непослушност спрема Јехова, засекогаш ќе биде уништен заедно со првобитниот бунтовник и неговите демони (Отк. 20:7-10).

17. Каква ситуација повторно ќе постои меѓу сите негови интелигентни творби, во исполнение на Јеховината намера?

17 Преку Христос, Јехова љубезно ќе го присвои како свои синови сите совршени луѓе кои ќе го издржат тој конечен, решавачки испит. Потоа, тие потполно ќе имаат удел во „славната слобода на Божјите деца“ (Рим. 8:21, NW). Најпосле ќе станат дел од Божјето обединето, универзално семејство и за сите нив Јехова засекогаш ќе биде единствен Бог, Универзален Суверен и нивни доброљубив Татко. Тогаш сите Јеховини интелигентни творби, на небото и на Земјата, повторно ќе бидат обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог.

За повторување

● Во каков однос со Јехова биле сите негови обожаватели пред бунтот во Еден?

● Каква одговорност имаат оние кои се Божји синови?

● Кои се денес Божји синови? Кои уште ќе станат Божји деца, и како е тоа поврзано со Јеховиниот наум во поглед на обединетото обожавање?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели