Песна 22
Внимавај на пораката на Јуда
(Јуда 21)
1. Јудината порака
силно подбудува.
Па, да ја послушаме
за да не паднеме.
Од тој совет — добар, траен
— сила, храброст црпиме,
својта вера да ја чуваме.
2. Силната опомена
за нас е поука.
Замките на Сатана
нам ни ги открива.
Тој би сакал да нѐ мами
— Бог да го оставиме
— лукаво нас да нѐ прелаже!
3. Грешни луѓе тежнеат
да нѐ придобијат.
Божја љубов сакаме
ние да имаме.
Нѐ опремува за будност
Јудината порака!
Таа „отпадот“ го спречува.
4. Бој за вера водиме
да ја зачуваме.
Милост, мир и љубов нам
да ни се зголемат.
На Јехова, кој нѐ спаси
преку Христа Исуса,
чест оддаваме во еден глас.