Песна 31
Ревност за Јеховиниот дом
1. Исус Христос имал ревност
за Јеховиниот дом.
Како оган била в него
против сѐ што било зло.
Дошол да ја јави веста
дека Царството е спас.
За Јеховиниот углед
ревноста го јадела.
2. Учениците на Исус
добри дела правеле.
И со помош на Јехова,
бројно многу растеле!
Оделе на сите врати,
желни вест да објават.
Проповедале на сите луѓе
да се покаат.
3. Денес има еден народ,
ревносен за праведност.
Добар дух во себе чува
в овој свет на безбожност.
Поттик има од Јехова
и му служи од срце.
Храбри гласници се тие,
ревносни и смели се.