Песна 150
Лебот од небото
1. О небесен наш Татко,
за вечност ти си истиот.
Ти пеам јас со радост
за светоста на името.
Ко Пастир полн со љубов
ти, знам, го водеше
ко стадо својот народ
и мана праќаше.
Му згасна жед со вода
од карпата што потече,
го доведе до Ханаан,
за тоа се радуваше.
2. А маната знак беше
за твојот љубен, верен Син.
Од небо тој се симна
за нас да нѐ ослободи.
Од небо лебот тој е;
се даде сам за нас,
за откуп како жртва
за да ни пружи спас.
Да јадеме со вера
од лебот Бог што ни го дал.
Да водиме чист живот
— ја красиме вистината.
3. За лебот веста ние
од луѓе не ја криеме,
но можност дури има
на гладните ја носиме.
Помагаме на други
што правда бараат,
Бог благослов им дава
— до спас доаѓаат.
А тогаш штом ќе мине
и војната Армагедон
ќе пееме со фалби
за сѐ што е создадено.