Песна 176
Добредојде на Царот кој доаѓа!
1. Добредојде сега на Бог да се каже,
на нашиот Творец, кој семоќен е.
Со Синот Тој собира народи бројни
и по небото се ори силна песна борбена.
,О порти, подигнете глави со радост‘;
големиот Цар славно ќе победи.
Наближува денот Јехова над војски
Милениум Христов да воспостави.
Ќе покаже моќ во претстојното Царство,
и преку цела Земја власт тој ќе прошири.
2. Јехова Највишиот, Суверен Господ,
ни донесе Царство што без крај ќе е.
Добредојде заслужил Тој од нас сите;
нека знае дека ние секогаш со него сме.
О, чујте нѐ, порти! Вест добра се носи,
па затоа радосно да пееме:
,Во битка е силен и моќен Јехова‘.
Му служиме спремно и послушни сме.
За верните време за благослов стигна;
добредојде на Царот да му изразиме.