ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • br78 стр. 12-14
  • Во што веруваат тие?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во што веруваат тие?
  • Јеховините сведоци во дваесеттиот век
  • Сличен материјал
  • Што веруваат?
    Јеховини сведоци — кои се тие? Што веруваат?
  • Вистини за кои сакаме да поучуваме
    Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
  • Дел 1 — христијански верувања
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Порака што мораме да ја објавуваме
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Јеховините сведоци во дваесеттиот век
br78 стр. 12-14

Во што веруваат тие?

Јеховините сведоци веруваат во Семоќен Бог, Јехова, Творец на небото и Земјата. Самото постоење на замрсено конструираните чуда во вселената што нѐ окружува говори дека сето тоа го создал крајно интелигентен и моќен Творец. И како што човековите дела ги одразуваат особините на својот градител, така е и со делата на Јехова Бог. Библијата известува дека „она, што е во Него невидливо, . . . се гледа уште од создавањето на светот, гледани според нивните созданија“. Исто така, без глас или зборови, „небесата ја објавуваат славата на Бога“ (Римјаните 1:20; Псалм 18:1-4).

Луѓето не изработуваат глинени садови и не произведуваат телевизиски апарати и компјутери без одредена цел. Земјата со своите растителни и животински дела на создавање е далеку почудесна од сѐ што човекот произвел. Составот на човековото тело со неговите билиони клетки ја надминува нашата способност на разбирање. Самиот мозок со кој мислиме е несфатливо чудесен! И ако човекот има некоја намера со своите сразмерно безначајни пронајдоци, тогаш е сигурно дека и Јехова Бог има одредена намера со своите дела на создавање кои влеваат стравопочитување! Потврда за ова наоѓаме во Изреки 16:4: „Господ направи сѐ со определена цел“.

Јехова ја создал Земјата со одредена цел, како што произлегува од неговите зборови упатени до првата човечка двојка: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, . . . и овладајте ги рибите морски . . . и птиците, . . . и со сите животни што лазат по земјата“ (1. Мојсеева 1:28). Бидејќи станала непослушна, оваа брачна двојка не ја исполнила својата задача да ја наполни Земјата со праведни семејства кои со голема љубов би се грижеле за Земјата и за нејзините растенија и животни. Но, Јеховината намера не била осуетена поради нивната грешка. Илјада години подоцна било запишано следново: „Бог Кој ѝ даде облик на земјата и Кој ја создаде; Он ја зацврсти, не ненадејно ја создаде“. „Он ја создаде за живеење“. Таа нема да биде уништена, бидејќи „Земјата останува засекогаш“ (Исаија 45:18; Проповедник 1:4, Ст). Јехова ќе ја оствари својата првобитна намера со Земјата: „Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам сѐ што ми е волја“ (Исаија 46:10).

Затоа, Јеховините сведоци веруваат дека Земјата ќе постои засекогаш и дека сите — живи и мртви — ќе живеат на неа вечно ако се во согласност со Јеховината намера за разубавена, населена Земја. Сите луѓе наследиле несовршеност од Адам и Ева и затоа се грешници (Римјаните 5:12). Библијата кажува: „Оти, платата, што ја дава гревот, е смрт“. „Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат.“ „Која душа греши, таа ќе умре.“ (Римјаните 6:23; Проповедник 9:5; Језекиил 18:4, 20). Тогаш, како ќе можат мртвите повторно да живеат за да имаат удел во земските благослови? Само преку откупната жртва на Исус Христос, кој рекол: „Јас сум воскресението и животот, кој верува во Мене, и да умре, ќе живее“. „Сите, кои што се во гробовите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат“ (Јован 11:25; 5:28, 29; Матеј 20:28).

Како ќе биде тоа можно? Одговорот е содржан во „евангелието [добрата вест, НС] за царството“ што Исус почнал да го објавува додека бил на Земјата (Матеј 4:17-23). Јеховините сведоци ја проповедаат добрата вест на еден мошне посебен начин.

[Табела на страница 13]

ШТО ВЕРУВААТ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ

ВЕРУВАЊЕ БИБЛИСКИ ДОКАЗИ

Библијата е Божја Реч и 2. Тим. 3:16, 17;

вистина 2. Петр. 1:20, 21; Јован 17:17

Библијата е поверодостојна Мат. 15:3; Кол. 2:8

од традициите

Божјето име е Јехова Оси. 12:5; Иса. 26:4;

42:8; 2. Мој. 6:3

Христос е Божји син, Мат. 3:17; Јован 8:42; 14:28;

подреден на Бог 20:17; 1. Кор. 11:3; 15:28

Христос бил почеток на Кол. 1:15; Откр. 3:14

Божјите дела на создавање

Христос умрел на столб, Гал. 3:13; Дела 5:30

а не на крст

Христовиот човечки живот Мат. 20:28; 1. Тим. 2:5, 6;

бил платен како откупнина Тит 2:14; 1. Петр. 2:24

за послушните луѓе

Христовата жртва е доволна Рим. 6:10; Евр. 9:25-28

Христос воскреснал од мртвите 1. Петр. 3:18; Рим. 6:9;

како бесмртна духовна Откр. 1:17, 18

личност

Христовата присутност Јован 14:19; Мат. 24:3;

е во дух 2. Кор. 5:16; Пс. 109:1, 2

Преку Царството Христос Иса. 9:6, 7; 11:1-5;

ќе владее праведно и Дан. 7:13, 14; Мат. 6:10

мирољубиво со Земјата

Царството ќе овозможи идеални Пс. 71:1-4; Откр. 7:9, 10, 13-17;

животни услови 21:3, 4

Земјата никогаш нема да биде Проп. 1:4; Иса. 45:18; Пс. 77:69

уништена или ненаселена

Бог ќе го уништи сегашниот Откр. 16:14, 16; Соф. 3:8;

систем во војната од Дан. 2:44; Иса. 34:2

Армагедон

Злобните засекогаш ќе бидат Мат. 25:41-46; 2. Сол. 1:6-9

уништени

Луѓето кои Бог ги признава Јован 3:16; 10:27, 28; 17:3;

ќе добијат вечен живот Марко 10:29, 30

Постои само еден пат во живот Мат. 7:13, 14; Ефес. 4:4, 5

Живееме во времето на Мат. 24:3-14; 2. Тим. 3:1-5;

„свршетокот на светот“ Лука 17:26-30

Човекот умира поради Рим. 5:12; 6:23

Адамовиот грев

Кога ќе настапи смрт, Језек. 18:4; Проп. 9:10;

човечката душа престанува Пс. 6:5, (НС); 145:4;

да постои Јован 11:11-14

Пеколот е општ гроб на Јов 14:13; Откр. 20:13, 14

човештвото

Воскресението е надеж 1. Кор. 15:20-22; Јован 5:28, 29;

за мртвите 11:25, 26

Адамската смрт ќе биде 1. Кор. 15:26; Откр. 21:4;

отстранета Иса 25:8; 1. Кор. 15:54

Само едно мало стадо од Лука 12:32; Откр. 14:1, 3;

144.000 оди на небо и 1. Кор. 15:40-53; Откр. 5:9, 10

владее со Христос

144.000-те се повторно 1. Петр. 1:23; Јован 3:3;

родени како духовни Откр. 7:3, 4

Божји синови

Новиот сојуз е склучен Јерем. 31:31; Евр. 8:10-13

со духовниот Израел

Христовото собрание е Ефес. 2:20; Иса. 28:16; Мат. 21:42

изградено врз самиот него

Молитвите мора да се Јован 14:6, 13, 14; 1. Тим. 2:5

упатуваат само до Јехова

преку Христос

При обожавањето не смеат 2. Мој. 20:4, 5; 3. Мој. 26:1;

да се употребуваат слики 1. Кор. 10:14; Пс. 113:12-16

Мора да се избегнува 5. Мој. 18:10-12; Гал. 5:19-21;

спиритизам 3. Мој. 19:31

Сатана е невидлив владетел 1. Јов. 5:19; 2. Кор. 4:4;

на светот Јован 12:31

Христијанинот не смее да 2. Кор. 6:14-17; 11:13-15;

учествува во меѓуверски Гал. 5:9; 5. Мој. 7:1-5

движења

Христијанинот мора да се Јак. 4:4; 1. Јов. 2:15;

држи одделено од светот Јован 15:19; 17:16

Треба да се слушаат сите Мат. 22:20, 21; 1. Петр. 2:12; 4:15

човечки закони кои не им

противречат на Божјите закони

Примањето на крв преку уста 1. Мој. 9:3, 4; 3. Мој. 17:14;

или интравенозно е повреда Дела 15:28, 29

на Божјите закони

Мора да се слушаат библиските 1. Кор. 6:9, 10; Евр. 13:4;

морални закони 1. Тим. 3:2; Изр. 5:1-23

Држењето на сабатот било 5. Мој. 5:15; 2. Мој. 31:13;

дадено само на Евреите и Рим. 10:4; Гал. 4:9, 10;

престанало да важи заедно Кол. 2:16, 17

со Мојсеевиот закон

Класата на свештенството и Мат. 23:8-12; 20:25-27;

посебните титули се Јов 32:21, 22

неисправни

Човекот не се развил, ами Иса. 45:12; 1. Мој. 1:27

е создаден

Христовата служба за Бог е 1. Петр. 2:21; Евр. 10:7;

пример кој христијаните треба Јован 4:34; 6:38

да го следат

Крштевањето со потполно Марко 1:9, 10; Јован 3:23;

потопување во вода Дела 19:4, 5

симболизира предание

Христијаните мораат јавно Рим. 10:10; Евр. 13:15;

да сведочат за библиските Иса. 43:10-12

вистини

[Слика на страница 12]

ЗЕМЈАТА . . . ја создал Јехова . . . за неа се грижи човекот . . . населена засекогаш

[Извор на слика]

Фотографија на NASA

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели