Што веруваат?
ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ веруваат во Семоќен Бог, Јехова, Творец на небесата и на Земјата. Самото постоење на комплексно дизајнираните чуда во универзумот околу нас разумно покажува дека сето тоа го создал врвно интелигентен и моќен Творец. Исто како што делата на мажите и жените ги одразуваат нивните својства така е и со делата на Јехова Бог. Библијата ни кажува дека „неговите невидливи својства . . . јасно се гледаат од создавањето на светот па наваму, бидејќи се согледуваат по она што е направено“. Исто така, без глас или зборови, „небесата ја објавуваат славата на Бога“ (Римјаните 1:20; Псалм 18:1—4).
Кога луѓето изработуваат глинени садови и произведуваат телевизиски приемници и компјутери, тоа не го прават без цел. Земјата со своите творештва од растителен и животински свет е далеку позачудувачка. Составот на човечкото тело со неговите билиони клетки е вон нашето разбирање — дури и мозокот со кој размислуваме е несфатливо чудесен! Штом луѓето имаат некаква цел со своите релативно безначајни изуми, сигурно и Јехова Бог имал некаква цел со своите творби кои влеваат стравопочит! Дека ова е така се потврдува во Изреки 16:4: „Господ направи сѐ со определена цел“.
Јехова ја создал Земјата со цел, како што му кажал на првиот човечки пар: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата . . . и овладајте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата“ (1. Мојсеева 1:28). Бидејќи станал непослушен, овој пар не ја наполнил Земјата со праведни семејства кои со љубов би се грижеле за неа и за нејзините растенија и животни. Но, поради ваквиот пропуст не пропаднала и Јеховината намера. Неколку илјади години подоцна било запишано: „Бог, Кој ѝ даде облик на земјата и Кој ја создаде; Он ја зацврсти, не ненадејно ја создаде“. Тој „ја создаде за живеење“. Таа нема да биде уништена туку „земјата останува секогаш“ (Исаија 45:18; Проповедник 1:4, ДХК). Јеховината намера со Земјата ќе се оствари: „Мојата одлука ќе се изврши, и сѐ што ми е угодно — ќе го направам“ (Исаија 46:10).
Затоа Јеховините сведоци веруваат дека Земјата ќе остане засекогаш и дека сите луѓе — живи и мртви — кои ќе се усогласат со Јеховината намера за разубавена, населена Земја, ќе живеат на неа засекогаш. Целото човештво наследило несовршеност од Адам и Ева и затоа сите се грешници (Римјаните 5:12). Библијата ни кажува: „Платата што ја дава гревот е смрт“. „Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат.“ „Душа, која згрешила, ќе умре“ (Римјаните 6:23; Проповедник 9:5; Језекиил 18:4, 20). Тогаш, како ќе можат да оживеат за да имаат удел во земните благослови? Само преку откупната жртва на Христос Исус, зашто тој рекол: „Јас сум воскресението и животот. Кој практикува вера во мене, и да умре, ќе оживее“. „Сите оние што се во спомен-гробовите ќе го чујат неговиот глас и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29; 11:25; Матеј 20:28).
Како ќе се случи тоа? Тоа е објаснето во „добрата вест за царството“ која почнал да ја објавува Исус додека бил на Земјата (Матеј 4:17—23). Но, денес Јеховините сведоци ја проповедаат добрата вест на еден мошне посебен начин.
[Табела на страница 13]
ШТО ВЕРУВААТ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ
Верување Библиска причина
Библијата е Божја реч и 2. Тим. 3:16, 17;
таа е вистина 2. Петр. 1:20, 21; Јован 17:17
Библијата е поверодостојна Мат. 15:3; Кол. 2:8
од традицијата
Божјето име е Јехова Оси. 12:5; Суд. 6:24; 2. Мој. 17:15
Христос е Божји син Мат. 3:17; Јован 8:42; 14:28;
и му е подреден 20:17; 1. Кор. 11:3; 15:28
Христос бил првото Божје Кол. 1:15; Откр. 3:14
творештво
Христос умрел на столб, Гал. 3:13; Дела 5:30
не на крст
Христовиот човечки живот Мат. 20:28; 1. Тим. 2:5, 6;
бил даден како откупнина 1. Петр. 2:24
за послушните луѓе
Христовата жртва била Рим. 6:10; Евр. 9:25—28
доволна
Христовата присутност Јован 14:19; Мат. 24:3;
е во дух 2. Кор. 5:16; Псал. 109:1, 2
Сега сме во ‚времето Мат. 24:3—14; 2. Тим. 3:1—5;
на крајот‘ Лука 17:26—30
Царството под Христос Иса. 9:6, 7; 11:1—5;
ќе владее на Земјата Дан. 7:13, 14; Мат. 6:10
во праведност и мир
Бог ќе го отстрани Откр. 16:14, 16; Соф. 3:8;
сегашниов систем на работи Дан. 2:44; Иса. 34:2; 55:10, 11
во битката во Армагедон
Злобните ќе бидат уништени Мат. 25:41—46; 2. Сол. 1:6—9
за вечно
Луѓето кои ги одобрува Бог Јован 3:16; 10:27, 28; 17:3;
ќе добијат вечен живот Марко 10:29, 30
Постои само еден пат Мат. 7:13, 14; Ефеш. 4:4, 5
до живот
Човечката смрт се должи Рим. 5:12; 6:23
на Адамовиот грев
При смртта човечката душа Езек. 18:4; Проп. 9:10;
Пекол е општиот гроб Јов 14:13 (ДХК); Откр. 20:13, 14
на човештвото
Надеж за мртвите е 1. Кор. 15:20—22;
воскресение Јован 5:28, 29; 11:25, 26
Адамската смрт ќе исчезне 1. Кор. 15:26, 54; Откр. 21:4;
Само едно мало стадо Лука 12:32; Откр. 14:1, 3;
од 144.000 оди на небото 1. Кор. 15:40—53; Откр. 5:9, 10
и владее со Христос
Со духовниот Израел е Ерем. 31:31; Евр. 8:10—13
склучен нов сојуз
Не треба да се користат 2. Мој. 20:4, 5; 3. Мој. 26:1;
слики во обожавањето 1. Кор. 10:14; Псал. 113:12—16
Мора да се одбегнува 5. Мој. 18:10—12; Гал. 5:19—21;
спиритизмот 3. Мој. 19:31
Сатана е невидлив владетел 1. Јов. 5:19; 2. Кор. 4:4;
на светот Јован 12:31
Христијанинот не треба 2. Кор. 6:14—17; 11:13—15;
да има удел во меѓуверски Гал. 5:9; 5. Мој. 7:1—5
движења
Христијанинот треба да биде Јак. 4:4; 1. Јов. 2:15;
одвоен од светот Јован 15:19; 17:16
Треба да се биде послушен Мат. 22:20, 21;
на човечките закони кои 1. Петр. 2:12; 4:15
не се во судир со
Божјите закони
Земањето крв во телото 1. Мој. 9:3, 4; 3. Мој. 17:14;
преку уста или вена е Дела 15:28, 29
кршење на Божјите закони
Мора да се биде послушен 1. Кор. 6:9, 10; Евр. 13:4;
на библиските закони 1. Тим. 3:2; Изр. 5:1—23
за моралот
Држењето на Сабатот 5. Мој. 5:15; 2. Мој. 31:13;
се барало само од Израел Рим. 10:4; Гал. 4:9, 10;
и завршило со Кол. 2:16, 17
Мојсеевиот закон
Човекот не еволуирал Иса. 45:12; 1. Мој. 1:27;
туку бил создаден Мат. 19:4
Христос дал пример кој 1. Петр. 2:21; Евр. 10:7;
мора да се следи во Јован 4:34; 6:38
служењето на Бог
Крштавањето со потполно Марко 1:9, 10; Јован 3:23;
потопување под вода Дела 19:4, 5
симболизира предание
[Слика на страница 12]
ЗЕМЈАТА . . . ја создал Јехова . . . за неа се грижи човекот . . . населена засекогаш