ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pe погл. 15 стр. 127-133
  • Како се станува поданик на Божјата влада

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како се станува поданик на Божјата влада
  • Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПОТРЕБНО Е СПОЗНАНИЕ
  • ПОТРЕБНО Е ИСПРАВНО ОДНЕСУВАЊЕ
  • ЛОЈАЛНОСТ СПРЕМА БОЖЈАТА ВЛАДА
  • Божјата влада на мирот
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Што е Божјето Царство?
    Одговор на библиски прашања
Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
pe погл. 15 стр. 127-133

15. поглавје

Како се станува поданик на Божјата влада

1, 2. Што е потребно за да некој стане поданик на Божјата влада?

ДАЛИ би сакал да живееш вечно на Земјата под Божјата влада? Секој нормален човек би одговорил потврдно. Таквиот живот ќе донесе прекрасни благослови. Но, за да ги добиеш, не можеш едноставно да кренеш рака и да речеш: ”Сакам да бидам поданик на Божјата влада.“ За тоа е потребно повеќе.

2 Да претпоставиме дека сакаш да станеш граѓанин на некоја друга земја. За таа цел мораш да ги исполниш барањата што ги утврдила владата на таа земја. Но, пред да го сториш тоа, треба да ги запознаеш барањата. На ист начин, мора да научиш што бара Бог од оние кои сакаат да станат поданици на неговата влада. Потоа мораш да ги исполниш тие барања.

ПОТРЕБНО Е СПОЗНАНИЕ

3. Кое е едно од барањата за да некој стане поданик на Божјата влада?

3 Едно многу важно барање за некој кој сака да стане поданик на Божјата влада, е да го научи нејзиниот ”јазик“. Тоа е сигурно разумно. И некои човечки влади бараат од новите граѓани да научат да го зборуваат јазикот на нивната земја. Кој ”јазик“ мораат да го научат сите кои сакаат да живеат под Божјата влада?

4. Кој ”чист јазик“ мораат да го научат Божјите слуги?

4 Забележи што вели Јехова во својата Реч, Библијата: ”Зашто тогаш ќе го променам јазикот на народите во чист јазик, за да сите го привикуваат името Јеховино и му служат рамо до рамо“ (Софонија 3:9, NW). Тој ”чист јазик“ е Божјата вистина темелена на Библијата. Тоа е особено вистината за Божјата царска влада. За да станеш поданик на Божјата влада, мораш да го научиш тој ”јазик“ и да придобиеш знаење за Јехова и неговото Царство (Колосјаните 1:9, 10; Изреките 2:1–5).

5. (а) Што треба да знаеме за Божјата влада? (б) Какво знаење ни е потребно за да можеме да постигнеме вечен живот?

5 Денес некои човечки влади бараат од сите кои сакаат да добијат државјанство, да научат нешто за историјата на нивната држава, како и фактите за нејзиното постоење и дејствување. Тоа треба да го знаеш и за Божјата влада, ако сакаш да бидеш нејзин поданик. Ова знаење може да доведе до вечен живот. Во молитвата до својот Татко, Исус рекол: ”А ова е вечен живот: да те спознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого си го пратил, Исус Христос“ (Јован 17:3, Ст).

6. (а) На кои прашања треба да го знаат одговорот поданиците на Божјата влада? (б) Дали можеш да одговориш на нив?

6 Ако си ги проучил претходните поглавја од оваа книга, си стекнал голем дел од спознанието кое е поважно од сѐ. Дали си ги проучил? Можеш ли да одговориш на следниве прашања: Кога прв пат Бог ја споменал својата намера за воспоставување на Царска влада? Дали се сеќаваш на некои Божји слуги кои се надевале дека ќе бидат земски поданици на тоа Царство? Колку владетели или цареви ќе ја сочинуваат Божјата влада? Од каде ќе владеат царевите? Кои биле први избрани за да бидат во Божјата влада? Како Исус докажал дека ќе биде добар Цар? Да се биде поданик на Божјата влада, потребно е повеќе отколку само да се знае нешто за тоа.

ПОТРЕБНО Е ИСПРАВНО ОДНЕСУВАЊЕ

7. Кои различни барања ги поставуваат човечките влади за добивање на државјанство?

7 Денешните влади бараат од новите граѓани нивното однесување да одговара на одредени мерила. Тие можат да одредат мажот да има само една жена, а жената само еден маж. Некои други влади пак имаат поинакви закони. Тие им дозволуваат на своите граѓани повеќе од еден брачен партнер. А што се очекува од луѓето кои сакаат да бидат поданици на Божјата влада?

8. (а) Кое е Божјето мерило за бракот? (б) Што е браколомство и што вели Божјата Реч за тоа?

8 На почетокот Јехова поставил мерило за бракот и на Адам му дал само една жена. Бог рекол: ”Затоа човекот ќе ги остави таткото и мајката за да се прилепи за својата жена, и двајцата ќе бидат едно тело“ (1. Мојсеева 2:21–24, Ст). Исус објаснил дека ова правило важи и за христијаните (Матеј 19:4–6). Брачните партнери се ”едно тело“, затоа тие го обесчестуваат бракот ако имаат сексуални односи со некој друг. Тоа е браколомство, а Бог вели дека тој ќе ги казни прељубниците (Евреите 13:4; Малахија 3:5).

9. (а) Како гледа Бог на невенчаните лица кои имаат сексуални односи? (б) Што е блуд?

9 Но има многу двојки кои живеаат заедно и имаат полни односи, а не се венчаваат. Но, Бог не сакал мажот и жената да одржуваат толку блиски односи само заради проба. Таков заеднички живот каков што живеат невенчаните е грев пред Бог кој го создал брачното уредување. Тоа е блуд, а блуд значи да се има интимен однос со лице со кое не си во брак. Во Библијата читаме: ”Имено, ова е волјата Божја (...) да избегнувате блуд“ (1. Солунјаните 4:3–5, Ст). Погрешно е ако невенчано лице има сексуални односи со некого.

10. Со кои други неморални навики се повредува Божјиот закон?

10 Денес постојат многу мажи и жени кои одржуваат интимен однос со некој од својот пол — мажи со мажи, жени со жени. Таквите се нарекуваат хомосексуалци. А хомосексуалните жени се нарекуваат лезбејки. Но, Божјата Реч учи дека тоа е неисправно и ”бесрамно“ (Римјаните 1:26, 27). И сексуалниот однос со животно е спротивно на Божјиот закон (3. Мојсеева 18:23). Оној кој сака да живее под Божјето Царство треба да се држи далеку од такви неморални постапки.

11. (а) Што мисли Бог за уживањето на алкохолни пијалоци? (б) Од кои навики, штетни по здравјето, треба да се вардат поданиците на Божјето Царство?

11 Умереното уживање на вино, пиво или други алкохолни пијалоци не е во спротивност со Божјиот закон. Всушност, Библијата покажува дека малку вино може да му користи на здравјето (Псалм 104:15, ДК; 1. Тимотеј 5:23). Но, опивањето, учествувањето во разуздани пијанки, каде што се прават неморални работи, тоа е спротивно на Божјиот закон (Ефесјаните 5:18; 1. Петрово 4:3, 4). Освен алкохолните пијалоци, многумина денес употребуваат и разни дроги за да дојдат во пијана состојба. Можеби за разонода пушат хашиш или цигари, додека други џвакаат бетелови ореви или лисја од кока. Сите овие работи го валкаат телото и го оштетуваат здравјето. Ако сакаш да бидеш поданик на Божјето Царство, мораш да се чуваш од таквите работи (2. Коринтјаните 7:1).

12. (а) Кои се некои од нечесните постапки спротивни на Божјиот закон? б) Како може некој таков да ја придобие Божјата милост?

12 Разбирливо е дека човечките влади не сакаат злосторници за нови граѓани, а Јехова има уште повисоки мерила. Тој бара ’во сѐ да се однесуваме како што прилега‘ (Евреите 13:18, Ст). Оној кој не се придржува за Божјите закони не може да живее под неговото Царство. Денес луѓето често тврдат дека се чесни, а сепак прекршуваат многу закони. Меѓутоа, Бог гледа сѐ, него никој не може да го измами (Евреите 4:13; Изреките 15:3; Галатјаните 6:7, 8). Јехова ќе се погрижи луѓето кои ги прекршуваат неговите закони, на пример, законите кои забрануваат лага и кражба, да не бидат поданици на неговото Царство (Ефесјаните 4:25, 28; Откровение 21:8). Но, Бог е стрплив, спремен да прости. Значи, ако некој грешник ги остави своите лоши навики и почне исправно да постапува, Бог ќе го прифати (Исаија 55:7).

13. Каков став заземаат Божјите слуги спрема човечките влади?

13 Дали треба да ги слушаме и законите на човечките влади? Толку долго додека тие постојат, Бог бара од своите слуги да им бидат подложни на ”вишите власти“. Даноците треба да се плаќаат, иако се многу високи и иако не сме согласни како се користат даночните пари. Исто така мораме да ги слушаме државните закони (Римјаните 13:1, 7; Тит 3:1). Единствен исклучок е ако послушноста спрема законот наведува на непослушност спрема Божјиот закон. Во тој случај важи она што го рекле Петар и другите апостоли: ”Повеќе мора да му се покоруваме на Бог отколку на луѓето“ (Дела на апостолите 5:29, Ст).

14. Како можеме да покажеме дека го делиме Божјето гледиште за вредноста на животот?

14 Бог високо ја цени вредноста на животот. Сите кои сакаат да бидат поданици на Божјето Царство мораат да го сфатат тоа. Се разбира дека убиството е спротивно на Божјиот закон, но омразата е таа која често наведува на убиство. Затоа оној кој постојано ги мрази своите ближни, не може да биде поданик на Божјето Царство (1. Јованово 3:15). Затоа безусловно е потребно да го применуваме библиското начело од Исаија 2:4 каде читаме дека не смееме да земаме оружје в раце со намера да ги убиеме нашите ближни. Од Божјата Реч дознаваме дека на Јехова му е драгоцен и животот на нероденото дете во утробата на мајката (2. Мојсеева 21:22, 23; Псалми 127:3). Сепак, секоја година се вршат милиони абортуси. Таквото уништување на животот е спротивно на Божјиот закон, бидејќи човечкото суштество во мајчината утроба е жива личност која не смее да се убие.

15. Кои закони на Царот, кого го поставил Бог, мораат да ги слушаат сите поданици на Царството?

15 Од лицата кои сакаат да станат поданици на Божјето Царство се бара многу повеќе отколку само да избегнуваат неисправни и неморални постапки. Мораат вистински да се напрегнуваат да постапуваат љубезно и несебично со другите. Мораат да постапуваат според божественото мерило кое го поставил Царот, Исус Христос: ”Сѐ она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие“ (Матеј 7:12). Христос дал исправен пример покажувајќи им љубов на другите. Тој го дал дури и својот живот за човештвото, а на своите следбеници им заповедал: ”Љубете се еден со друг, како што јас ве љубев вас“ (Јован 13:34, Ст; 1. Јованово 3:16). Таа несебична љубов и сочувство ќе му даде вистинско задоволство на животот под владата на Божјето Царство (Јаков 2:8).

16, 17. (а) Кои добри причини постојат, а кои ќе нѐ наведат да го измениме својот живот за да одговараме на Божјите барања? (б) Зошто можеме да бидеме уверени дека можеме да ги преземеме потребните промени?

16 Библијата покажува дека е потребно да се прават промени во сопствениот живот за да се исполнат барањата да се стане поданик на Божјата влада (Ефесјаните 4:20–24). Дали преземаш такви промени? Тоа сигурно е вредно за секој труд! Зошто? Зашто тоа не е можност за подобар живот од само неколку години под некоја човечка влада, туку со тоа ќе постигнеш вечен живот во совршено здравје на рајската Земја под владата што Бог ја поставил!

17 Ако ги следиш Божјите закони, уште сега ќе живееш среќен живот. Но, можеби мораш да се менуваш. Факт е дека се измениле многумина кои некогаш биле исполнети со омраза или лакомство. Имало блудници, браколомници, хомосексуалци, пијаници, убијци, крадци, наркомани и пушачи кои го измениле својот начин на живеење. Постигнале успех со големи напрегања и со Божја помош (1. Коринтјаните 6:9–11; Колосјаните 3:5–9). Ако мораш да преземеш поголеми промени за да ги исполниш Божјите барања, не откажувај се. Ти можеш да го сториш тоа!

ЛОЈАЛНОСТ СПРЕМА БОЖЈАТА ВЛАДА

18. На кој посебен начин можеме во Божјите очи да се покажеме како оние кои лојално го потпираат Царството?

18 Не треба да нѐ изненади тоа што Јехова Бог бара од своите поданици лојално да ја поддржуваат неговата Царска влада. Тоа го бараат од своите граѓани и човечките влади. Но, на кој посебен начин треба да ја изразиме својата лојална поддршка? Дали ќе го браниме Божјето Царство со оружје? Не, ние мораме како Исус Христос и неговите следбеници од првиот век да бидеме лојални претставници или објавители на Божјето Царство (Матеј 4:17; 10:5–7; 24:14). Јехова сака секој да знае што е неговото Царство и како тоа ќе ги реши сите проблеми на човештвото. Дали веќе си им кажал на своите роднини, пријатели и другите што си научил од Божјата Реч? Бог сака така да постапуваш (Римјаните 10:10; 1. Петрово 3:15).

19. (а) Зошто можеме да очекуваме противење кога на другите им говориме за Божјето Царство? (б) На кои прашања мораш да одговориш?

19 На Христос и неговите први следбеници им требало храброст за да разговаарат со другите за Царството, бидејќи често наидувале на отпор (Дела на апостолите 5:41, 42). И денес е така. Светот со кој владее Ѓаволот, не сака да се проповеда добрата вест за Царството. Затоа се поставуваат прашања: Каков е твојот став? Дали лојално ќе го потпираш Божјето Царство? Бог сака да се даде сведоштво за Царството пред да дојде крајот. Дали и ти ќе учествуваш?

[Слика на страница 128]

Сите кои сакаат да бидат поданици на Божјата влада, мораат да знаат нешто за неа

[Слики на страница 131]

Поданиците на Божјето Царство мораат да ги избегнуваат постапките кои Бог ги осудува

[Слика на страница 133]

Поданиците на Божјата влада мораат да им зборуваат за тоа на другите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели