ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 9
  • Раниот семеен живот на Исус

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Раниот семеен живот на Исус
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Детството на Исус во Назарет
    Исус — патот, вистината и животот
  • Добар татко и верен Божји слуга
    Угледајте се на нивната вера
  • Тој бил закрила, поткрепа и духовен столб
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Тој го прифатил божественото водство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 9

Поглавје 9

Раниот семеен живот на Исус

ГРАДОТ Назарет, во кој расте Исус, е доста мал и безначаен град, сместен во ритчестиот предел на подрачјето наречено Галилеја, недалеку од убавата долина Језраел.

Кога Јосиф и Марија од Египет го доведуваат овде Исус, кој можеби има околу две години, тој очигледно е единственото дете на Марија. Меѓутоа, не за долго. Со текот на времето, се раѓаат Јаков, Јосиф, Симон и Јуда, а Марија и Јосиф исто така имаат и ќерки. На крајот, Исус има најмалку шест помлади браќа и сестри.

Исус има и други роднини. Веќе знаеме за неговиот постар братучед Јован, кој живее на оддалеченост од многу километри во Јудеја. Многу поблиску, во Галилеја, живее Салома, веројатно сестра на Марија. Салома е мажена за Зеведеј, и нејзини синови се Јаков и Јован, кои се и Исусови братучеди. Не ни е познато дали Исус во своето детство се дружел со овие момчиња, но подоцна тие му станале блиски другари.

Јосиф мора напорно да работи за да го прехрани своето семејство кое постојано расте. Тој е дрводелец. Јосиф го воспитува Исус како свој роден син, па затоа Исус го нарекуваат „син на дрводелецот“. Јосиф го поучува и Исус за дрводелскиот занает, а тој добро учи. Оттаму, луѓето подоцна за Исус велат: ‚Ова е дрводелецот‘.

Животот на Јосифовото семејство е изграден врз обожавањето на Јехова Бог. Јосиф и Марија им даваат духовна поука на своите деца, ‚кога седат дома и кога се на пат, кога си легнуваат и кога стануваат‘, постапувајќи во согласност со Божјиот Закон. Во Назарет има синагога, и можеме да бидеме сигурни дека и Јосиф редовно го води таму своето семејство за обожавање. Без сомнение, најголема радост за нив претставува редовното патување до Јеховиниот храм во Ерусалим. Матеј 13:55, 56; 27:56; Марко 15:40; 6:3; Второзаконие 6:6—9.

▪ Најмалку колку помали браќа и сестри има Исус и како се викаат некои од нив?

▪ Кои се тројца познати братучеди на Исус?

▪ Со кое световно занимање подоцна се занимава Исус и зошто?

▪ Каква животоважна поука му дава Јосиф на своето семејство?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели