ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/1 стр. 29-31
  • Тој го прифатил божественото водство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тој го прифатил божественото водство
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Праведен човек со проблеми
  • Духовен човек
  • Јосифовите изгледи
  • Добар татко и верен Божји слуга
    Угледајте се на нивната вера
  • Тој бил закрила, поткрепа и духовен столб
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Марија била бремена иако немала маж
    Исус — патот, вистината и животот
  • Да учиме од човечкото семејство на Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/1 стр. 29-31

Тој го прифатил божественото водство

ПРЕТПОСТАВИ си дека ти е предадено едно совршено дете да се грижиш за него и од тебе се очекува да го одгледаш на исправен начин. Каков предизвик! Како може еден несовршен човек да го исполни тоа? Само ако го прифаќа и ако го применува божественото водство во секојдневниот живот.

Токму тоа го сторил Јосиф, очувот на Исус. Во спротивност со подробното апокрифно предание за Јосиф, Библијата кажува малку за неговата понизна улога во Исусовиот ран живот. Знаеме дека Јосиф и неговата сопруга, Марија, го одгледале Исус, како и четири други синови и ќерки (Марко 6:3).

Јосиф бил потомок на израелскиот цар Давид, преку линијата на Соломон. Тој бил син на Јаков и зет на Илија (Матеј 1:16; Лука 3:23). Како дрводелец во градот Назарет, во Галилеја, Јосиф бил сиромашен (Матеј 13:55; Лука 2:4, 24; спореди 3. Мојсеева 12:8). Но бил духовно богат (Изреки 10:22). Ова сигурно било така бидејќи го прифатил божественото водство.

Без сомнение, Јосиф бил кроток и понизен Евреин кој имал вера во Бог и желба да го прави она што било исправно. Неколкуте настани од неговиот живот, запишани во Библијата, покажуваат дека секогаш бил послушен на Јеховините заповеди, без оглед дали тие биле содржани во Законот или ги примил директно преку ангелите.

Праведен човек со проблеми

Што треба до стори едно лице оддадено на Бог кога е соочено со некој поголем проблем? Замисли, треба да ‚ја пренесе маката своја на Господа‘ и да го следи божественото водство! (Псалм 54:22). Тоа е она што Јосиф го сторил. Додека бил свршен за Марија, „се установило дека е бремена од светиот дух уште пред да се спојат во брак [НС]“. Бидејќи Јосиф ‚бил праведен, не сакал да ја посрами и намислил тајно да ја отпушти‘. Откако Јосиф ги одмерил работите, во сон му се појавил Јеховиниот ангел и му рекол: „Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух; таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови“. Кога се разбудил, Јосиф ‚направил така како што му заповедал ангелот Господов и ја примил жената своја. И не се доближил до неа, додека таа не Го родила својот првороден Син и Го нарекол Исус‘ (Матеј 1:18-25). Јосиф го прифатил божественото водство.

Императорот Август наредил луѓето да се попишат во своите градови. Јосиф и Марија послушно тргнале кон Витлеем, во Јудеја. Таму Марија го родила Исус и морала да го стави во едни јасли бидејќи немало на располагање никакво друго сместување. Таа ноќ пастирите, кои чуле една ангелска објава за ова посебно раѓање, дошле да го видат детето. Околу 40 дена подоцна, Јосиф и Марија постапиле во склад со Законот, претставувајќи го Исус во храмот во Ерусалим и принесувајќи жртва. И двајцата се зачудиле кога ги слушнале пророчките зборови на Симеон за големите работи што ќе ги направи Исус (Лука 2:1-33; спореди 3. Мојсеева 12:2-4, 6-8).

Иако изгледа како Лука 2:39 да покажува дека Јосиф и Марија се вратиле во Назарет веднаш по претставувањето на Исус во храмот, овој текст е дел од еден краток извештај. Се чини дека поминало доста време по претставувањето во храмот, кога ориенталните астролози (Маги) дошле да ги посетат Марија и Исус во една куќа во Витлеем. Божествената интервенција спречила оваа посета да му донесе смрт на Исус. Откако астролозите се повлекле, Јеховиниот ангел му се појавил на Јосиф во сон и му рекол: „Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби“. Како и обично, Јосиф го прифатил божественото водство и го одвел своето семејство во Египет (Матеј 2:1-14).

По смртта на Ирод, еден ангел му се јавил на Јосиф во сон, додека бил во Египет, велејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, и отиди во земјата Израилева“. Кога слушнал дека Иродовиот син Архелај владее на местото на својот татко, Јосиф се плашел да се врати во Јудеја. Следејќи го божественото предупредување кое му било дадено во сон, тој отишол во подрачјето на Галилеја и се населил во градот Назарет (Матеј 2:15-23).

Духовен човек

Јосиф ги управувал работите така што неговото семејство било во склад со божествениот закон и било духовно нахрането. Секоја година го водел со себе целото свое семејство на прославата Пасха, во Ерусалим. Во една таква прилика, Јосиф и Марија се враќале во Назарет и веќе поминале еднодневно растојание од Ерусалим, кога откриле дека го нема 12-годишниот Исус. Враќајќи се во Ерусалим марливо го барале, а конечно и го нашле во храмот како слуша и ги испрашува учителите (Лука 2:41-50).

Изгледа дека Јосиф ѝ допуштил на својата сопруга да преземе иницијатива во некои работи. На пример, кога се вратиле во Ерусалим и го нашле Исус во храмот, Марија била таа која му зборувала на својот млад син за проблемот (Лука 2:48, 49). Додека раснел како „син на дрводелецот“, Исус примил духовна поука. Јосиф го поучил и за дрводелството, поради што Исус бил наречен „дрводелецот, Синот на Марија“ (Матеј 13:55; Марко 6:3). Побожните родители денес би требало да извлечат потполна корист од сличните прилики да ги поучуваат своите деца, особено давајќи им духовна поука (Ефесјаните 6:4; 2. Тимотеј 1:5; 3:14-16).

Јосифовите изгледи

Писмото не кажува ништо во врска со смртта на Јосиф. Но, вредно е да се забележи дека во Марко 6:3, Исус е наречен „Синот на Марија“, а не на Јосиф. Ова покажува дека тогаш Јосиф бил мртов. Освен тоа, ако Јосиф бил жив до 33 н. е., неверојатно е дека распнатиот Исус би ја доверил Марија на грижата на апостол Јован (Јован 19:26, 27).

Значи, Јосиф ќе биде помеѓу мртвите кои ќе го чујат гласот на Синот човечки и ќе излезат во воскресение (Јован 5:28, 29). Учејќи за Јеховината подготовка за вечен живот, Јосиф несомнено со задоволство ќе извлече корист од тоа и ќе биде послушен поданик на големиот небесен Цар, Исус Христос, исто како што го следел божественото водство пред повеќе од 1.900 години.

[Слика на страница 31]

Јосиф му дал духовна поука на Исус, а го поучил и за дрводелството

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели