ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 4 стр. 16-стр. 17 пас. 3
  • Марија била бремена иако немала маж

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Марија била бремена иако немала маж
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Бремена, а немажена
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Што учиме од Марија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Еве ја Јеховината робинка!“
    Угледајте се на нивната вера
  • ,Ги чувала тие зборови во своето срце‘
    Угледајте се на нивната вера
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 4 стр. 16-стр. 17 пас. 3
Марија му кажува на Јосиф дека е бремена

ПОГЛАВЈЕ 4

Марија била бремена иако немала маж

МАТЕЈ 1:18-25; ЛУКА 1:56

  • ЈОСИФ ДОЗНАЛ ДЕКА МАРИЈА Е БРЕМЕНА

  • МАРИЈА МУ СТАНАЛА ЖЕНА НА ЈОСИФ

Откако некое време била кај својата роднина Елисавета, која живеела во јудејските планини на југ, Марија се вратила дома во Назарет. Тогаш веќе била во четвртиот месец од својата бременост. Знаела дека наскоро сите во градот ќе дознаат дека е бремена, и тоа сигурно многу ја загрижувало.

Што е уште полошо, Марија била верена. Требало да се омажи за дрводелецот Јосиф, кој исто така бил од Назарет. Таа знаела дека, според Божјиот закон, жената што била верена а имала полови односи со друг маж, требало да биде каменувана до смрт (5. Мојсеева 22:23, 24). Иако Марија не била неморална, сигурно се прашувала како ќе му објасни на Јосиф дека е бремена и што ќе се случи потоа.

Бидејќи Марија не била во Назарет три месеци, Јосиф сигурно со нетрпение чекал да ја види. Кога се виделе, Марија веројатно му раскажала што ѝ се случило. Сигурно внимателно ги избирала зборовите за да може да го увери дека забременила со помош на Божјиот свет дух. Сепак, можеш да си претпоставиш колку му било тешко на Јосиф да поверува во такво нешто.

Јосиф знаел дека Марија е пристојна девојка и многу ја сакал. Но и покрај она што го тврдела, единствено прифатливо објаснување за Јосиф било дека таткото на нејзиното дете е некој друг маж. Сепак, не сакал да биде каменувана или јавно посрамена. Затоа, одлучил тајно да се разведе од неа. Во тоа време, на оние што биле верени се гледало како да се веќе во брак и поради тоа бил потребен развод за да се раскине веридбата.

Јеховин ангел му се појавува на Јосиф на сон

Подоцна, додека во главата сѐ уште му се вртеле многу мисли, Јосиф легнал да спие. Откако заспал, на сон му се појавил Јеховин ангел и му рекол: „Не плаши се да ја доведеш дома Марија, својата жена, зашто она што е зачнато во неа е од светиот дух. Таа ќе роди син, и ти дај му го името Исус, зашто тој ќе го спаси својот народ од неговите гревови“ (Матеј 1:20, 21).

Кога Јосиф се разбудил, сигурно бил пресреќен што му се расчистиле сите сомнежи! Без да одложува, ги послушал упатствата на ангелот и ја довел Марија во својот дом. Тој јавен чин, всушност, служел како потврда дека бракот е склопен и дека Јосиф и Марија оттогаш се маж и жена. Меѓутоа, Јосиф немал полови односи со Марија додека таа била бремена со Исус.

Марија седнува на магарето, а Јосиф ги става торбите

По неколку месеци, Јосиф и Марија требало да се подготват за пат и да заминат далеку од нивниот дом во Назарет. Каде морало да одат кога Марија требало секој миг да се породи?

  • Што мора да си помислил Јосиф кога дознал дека Марија е бремена, и зошто?

  • Зошто било потребно Јосиф да се разведе од Марија кога сѐ уште не биле во брак?

  • Со кој чин Јосиф и Марија официјално стапиле во брак?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели