ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 23
  • Повеќе чуда во Капернаум

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Повеќе чуда во Капернаум
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Чудата на Исус во Капернаум
    Исус — патот, вистината и животот
  • Исус проповедал низ Галилеја
    Исус — патот, вистината и животот
  • Синагогите во кои проповедале Исус и неговите ученици
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Го напушта Јаировиот дом и повторно оди во Назарет
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 23

Поглавје 23

Повеќе чуда во Капернаум

НА САБАТ, откако Исус ги повикал своите први четири ученици — Петар, Андреј, Јаков и Јован — сите одат во месна синагога во Капернаум. Таму Исус почнува да поучува и луѓето се вчудовидени бидејќи ги поучува како некој кој има авторитет, а не како книжниците.

На овој Сабат е присутен еден демонизиран човек. По некое време, тој извикува со силен глас: „Што имаме ние со тебе, Исусе Назареќанецу? Дали дојде за да нѐ уништиш? Знам точно кој си: Светиот Божји“.

Демонот што има контрола над човекот е, всушност, еден од ангелите на Сатана. Исус го укорува демонот и вели: „Замолкни и излези од него!“

Тогаш демонот предизвикува човекот да се грчи и да вика на цел глас. Но, излегува од човекот без да го повреди. Сите се едноставно запрепастени! „Што е ова?“, прашуваат тие. „Со авторитет им наредува дури и на нечистите духови, и тие го слушаат.“ Веста за ова се шири насекаде во околното подрачје.

Напуштајќи ја синагогата, Исус и неговите ученици одат во домот на Симон, односно Петар. Неговата тешта има силна треска. ‚Те молиме, помогни ѝ‘, молат тие. Така Исус оди, ја фаќа за раката и ја подигнува. Во истиот момент таа е излекувана и почнува да им подготвува оброк!

Подоцна, кога сонцето заоѓа, луѓе од секаде почнуваат да доаѓаат со своите болни во куќата на Петар. Наскоро целиот град се собира пред вратата! Исус ги лекува сите болни, без оглед на нивните болести. Тој дури и ги ослободува опседнатите од демони. Излегувајќи, демоните што ги истерува извикуваат: „Ти си Синот Божји“. Но, Исус ги прекорува и не им дозволува да кажуваат дека знаат оти тој е Христос. Марко 1:21—34; Лука 4:31—41; Матеј 8:14—17.

▪ Што се случува во синагогата на Сабат откако Исус ги повикува своите четири ученици?

▪ Каде оди Исус кога ја напушта синагогата и какво чудо извршува тој таму?

▪ Што се случува подоцна таа вечер?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели