ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 32
  • Што е дозволено на Сабат?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е дозволено на Сабат?
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Што било дозволено да се прави во сабота
    Исус — патот, вистината и животот
  • Учениците кинеле класје во сабота
    Исус — патот, вистината и животот
  • Кинење класје на Сабат
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Лекувал во сабота
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 32

Поглавје 32

Што е дозволено на Сабат?

НА ЕДЕН друг Сабат, Исус оди во една синагога во близина на Галилејското Море. Таму е присутен човек со исушена десна рака. Книжниците и фарисеите внимателно набљудуваат за да видат дали Исус ќе го излекува. На крај го прашуваат: „Дали е дозволено да се лекува на сабат?“

Еврејските верски водачи веруваат дека лекувањето на Сабат е дозволено само ако животот е во опасност. На пример, тие учат дека на Сабат не е дозволено да се намести коска или да се преврзе шинато место. Поради тоа, книжниците и фарисеите го испрашуваат Исус со намера да изнајдат обвинение против него.

Меѓутоа, Исус знае што размислуваат. Истовремено, увидува дека присвоиле екстремно, небиблиско гледиште за тоа што значи да се прекрши барањето со кое се забранува да се работи на сабатниот ден. Така Исус ја подготвува сцената за едно драматично соочување, велејќи му на човекот со исушена рака: „Стани и дојди на средина“.

Сега, свртувајќи се кон книжниците и кон фарисеите, Исус вели: „Кој човек меѓу вас кој има една овца и ако таа на сабат му падне во јама, нема да ја фати и извади?“ Со оглед на тоа што овцата носи финансиска добивка, тие не би ја оставиле во јама до следниот ден, можеби да се разболи и така да бидат во загуба. Освен тоа, Писмото вели: „Праведникот внимава и на животот на својот добиток“.

Повлекувајќи паралела, Исус продолжува: „Според тоа, колку само човекот вреди повеќе од една овца! Затоа, дозволено е да се прави добро на сабат“. Верските водачи не се во состојба да побијат едно такво логично, сочувствително резонирање и замолчуваат.

Огорчен, а и тажен поради нивната тврдоглава глупавост, Исус погледнува наоколу. Тогаш му вели на човекот: „Испружи ја раката“. Тој ја испружува и таа му е излекувана.

Наместо да бидат среќни што раката на човекот оздравела, фарисеите излегуваат надвор и со партијата на Иродови следбеници веднаш коваат завера да го убијат Исус. Оваа политичка партија изгледа вклучува и членови на религиозните садукеи. Обично оваа политичка партија и фарисеите се отворено спротивставени едни на други, но цврсто се обединети во своето противење на Исус. Матеј 12:9—14; Марко 3:1—6; Лука 6:6—11; Пословици 12:10; Излез 20:8—10.

▪ Каква е сцената за драматичното соочување меѓу Исус и еврејските верски водачи?

▪ Што веруваат овие еврејски верски водачи во поглед на лекувањето на Сабат?

▪ Каква илустрација употребува Исус за да ги побие нивните погрешни гледишта?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели