ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 66
  • На празникот Сеници

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • На празникот Сеници
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Во Ерусалим за Празникот на сениците
    Исус — патот, вистината и животот
  • ‚Сѐ уште не бил дојден Неговиот час‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • „Никој никогаш не зборувал така“
    Исус — патот, вистината и животот
  • Поуки додека оделе кон Ерусалим
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 66

Поглавје 66

На празникот Сеници

ВО ПЕРИОДОТ од скоро три години после своето крштавање Исус станал прочуен. Илјадници луѓе ги виделе неговите чуда, а извештаите за неговите активности се прошириле низ целата земја. Сега, додека се собираат за празникот Сеници во Ерусалим, луѓето го бараат таму. „Каде е оној?“, сакаат да знаат.

Исус станал предмет на полемика. „Тој е добар човек“, велат некои. „Не е, туку го заведува мноштвото“, тврдат други. Во првите денови од празникот има доста ваков воздржан говор. Меѓутоа, никој нема храброст јавно да говори во полза на Исус. Тоа е затоа што луѓето се плашат од одмаздата на еврејските водачи.

Кон средината на празникот доаѓа Исус. Оди во храмот каде што луѓето се вчудовидени од неговата извонредна способност на поучување. Бидејќи Исус никогаш не посетувал рабински школи, Евреите се чудат: „Како ги познава овој човек списите, кога не учел на школите?“

„Она што го научувам не е мое“, објаснува Исус, „туку му припаѓа на оној кој ме испрати. Ако некој сака да ја врши Неговата волја, тој ќе знае дали тоа учење е од Бог или зборувам сам од себе.“ Исусовото поучување тесно се држи за Божјиот закон. Затоа би требало да биде очигледно дека тој ја бара Божјата слава, а не сопствената: „Зарем Мојсеј не ви го даде Законот?“ — прашува Исус. Тој ги прекорува и вели: „Никој од вас не му е послушен на Законот“.

„Зошто барате да ме убиете?“, прашува потоа Исус.

Луѓето од мноштвото, веројатно дојдени на празникот, не знаат за таквите обиди. Сметаат дека е незамисливо некој да сака да убие таков прекрасен учител. Затоа мислат дека сигурно нешто не е в ред со Исус штом тој мисли така. „Имаш демон“, велат тие. „Кој бара да те убие?“

Еврејските водачи сакаат Исус да биде убиен, иако можеби мноштвото не го сфаќа тоа. Една и пол година пред тоа, кога Исус на Сабат излечи еден човек, тие водачи се обидоа да го убијат. Затоа Исус сега укажува на нивната неразумност со тоа што ги прашува: „Ако човек прима обрежување на сабат за да не се прекрши Мојсеевиот закон, зарем се гневите на мене затоа што во потполност излекував човек на сабат? Престанете да судите по надворешниот изглед, туку судете со праведен суд“.

Жителите на Ерусалим, кои се свесни за ситуацијата, сега велат: „Зарем тоа не е човекот кого гледаат да го убијат? А сепак, еве, јавно зборува, и ништо не му велат. Зарем и владетелите спознале со сигурност дека тој е Христос?“ Овие жители на Ерусалим објаснуваат зошто не веруваат дека Исус е Христос: „Ние знаеме од каде е овој човек; а кога ќе дојде Христос, никој нема да знае од каде е“.

Исус одговара: „Вие и ме познавате и знаете од каде сум. И не дојдов на своја иницијатива, туку вистински е оној кој ме испрати, а вие не го познавате. Јас го познавам, бидејќи сум негов претставник, и тој ме испрати“. Тогаш се обидуваат да го фатат, веројатно за да го затворат или да го убијат. Но, не им успева, бидејќи уште не е време Исус да умре.

Сепак, многумина веруваат во Исус, како што всушност и требало. Па, тој одел по вода, ги скротил ветровите, ги смирил разбеснетите мориња, на чудесен начин нахранил илјадници луѓе со само неколку леба и риби, излекувал болни, направил сакати да проодат, им ги отворил очите на слепи, излечил лепрозни па дури и воскреснал мртви. Затоа тие прашуваат: „Кога ќе дојде Христос, зарем ќе направи повеќе знаци отколку што направи овој?“

Кога фарисеите слушаат како мноштвото мрмори за овие работи, тие и главните свештеници испраќаат службеници да го уапсат Исус. Јован 7:11—32.

▪ Кога доаѓа Исус на празникот, и што велат луѓето за него?

▪ Зошто некои велат дека Исус има демон?

▪ Што мислат жителите на Ерусалим за Исус?

▪ Зошто многумина веруваат во Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели