ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 69
  • Прашањето за татковството

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашањето за татковството
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Кој бил нивниот татко — Авраам или Ѓаволот?
    Исус — патот, вистината и животот
  • Јехова го нарекол свој пријател
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Кој бил Авраам?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Бог ја испитува верата на Авраам
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 69

Поглавје 69

Прашањето за татковството

ВО ТЕКОТ на празникот, Исусовиот разговор со еврејските водачи станува сѐ понапнат. „Знам дека сте Авраамово потомство“, потврдува Исус, „но вие барате да ме убиете, бидејќи мојата реч не напредува меѓу вас. Она што сум го видел кај мојот Татко, тоа го зборувам; и затоа вие го правите она што сте го чуле од вашиот татко.“

Иако не го идентификува нивниот татко, Исус јасно дава до знаење дека нивниот татко се разликува од неговиот. Не знаејќи кого Исус го има на ум, еврејските водачи одговараат: „Наш татко е Авраам“. Тие мислат дека имаат иста вера како Авраам кој бил Божји пријател.

Меѓутоа, Исус ги шокира со одговорот: „Ако сте Авраамови деца, вршете ги делата на Авраам“. Навистина, вистинскиот син го имитира својот татко. „А сега гледате да ме убиете мене“, вели Исус, „човекот кој ви ја кажа вистината што ја чув од Бог. Авраам не направи така.“ Затоа Исус повторно вели: „Вие ги вршите делата на вашиот татко“.

Тие сѐ уште не сфаќаат за кого зборува Исус. Не отстапуваат од тоа дека се законски синови на Авраам и велат: „Ние не сме родени од блуд“. Според тоа, тврдејќи дека се вистински обожаватели како Авраам, тие тврдат: „Имаме еден Татко, Бог“.

Но дали Бог е навистина нивни татко? „Ако Бог беше ваш Татко“, одговара Исус, „ќе ме љубевте мене, бидејќи јас дојдов од Бог и овде сум. Ниту сум дојден на своја иницијатива, туку Тој ме испрати. Зошто не го знаете она што го зборувам?“

Исус се обидел да им укаже на овие верски водачи какви ќе бидат последиците ако го отфрлат. Но, сега директно им вели: „Вие сте од вашиот татко, Ѓаволот, и сакате да ги вршите желбите на вашиот татко“. Каков татко е Ѓаволот? Исус го идентификувал како убиец и исто така рекол: „Бидејќи е лажливец и татко на лагата“. Затоа, Исус заклучува: „Кој е од Бог, ги слуша Божјите зборови. Затоа вие не слушате, бидејќи не сте од Бог“.

Разлутени заради тоа што Исус ги осудил, Евреите одговараат: „Зарем не велиме со право: Ти си Самарјанин и имаш демон?“ Зборот „Самарјанин“ се користи како израз на презир и прекор, бидејќи Самарјаните биле народ кој Евреите го мразеле.

Игнорирајќи го презривото потценување дека е Самарјанин, Исус одговара: „Јас немам демон, туку му искажувам чест на својот Татко, а вие ме обесчестувате мене“. Во продолжение, Исус го дава изненадувачкото ветување: „Ако некој ја држи мојата реч, воопшто нема никогаш да види смрт“. Се разбира, Исус не мисли дека сите кои го следат нема буквално никогаш да видат смрт. Поточно речено, тој мисли дека тие никогаш нема да видат вечно уништување, или „втора смрт“, од која нема воскресение.

Меѓутоа, Евреите ги сфаќаат Исусовите зборови буквално. Затоа велат: „Сега знаеме дека имаш демон. Авраам умре, а и пророците; а ти велиш: ‚Ако некој ја држи мојата реч, воопшто нема никогаш да вкуси смрт‘. Зарем ти си поголем од нашиот татко Авраам, кој умре? А и пророците умреа. Кој тврдиш дека си ти?“

Од целиот овој разговор е очигледно дека Исус ги насочува овие луѓе кон фактот дека тој е ветениот Месија. Но, наместо директно да им одговори на прашањето за својот идентитет, Исус вели: „Ако самиот себе се прославувам, мојата слава не е ништо. Мојот Татко е Тој кој ме прославува, оној за кого вие велите дека е ваш Бог; а сепак не го запознавте. Но јас го знам. И ако речам дека не го познавам, ќе бидам како и вие, лажливец“.

Продолжувајќи, Исус повторно укажува на верниот Авраам и вели: „Авраам, вашиот татко, многу се радуваше на изгледот да го види мојот ден, и го виде и се зарадува“. Да, со очите на верата Авраам желно го очекувал доаѓањето на ветениот Месија. Евреите во неверие велат: „Уште немаш ни педесет години, а си го видел Авраам?“

„Вистина, вистина ви велам“, одговара Исус, „пред да дојде Авраам во постоење, јас бев“. Се разбира, Исус укажува на своето претчовечко постоење како моќна духовна личност на небесата.

Разбеснети од Исусовото тврдење дека постоел пред Авраам, Евреите собираат камења за да фрлаат по него. Но, тој се сокрива и излегува од храмот неповреден. Јован 8:37—59; Откровение 3:14; 21:8.

▪ Како Исус покажува дека тој и неговите непријатели имаат различни татковци?

▪ Какво е значењето на тоа што Евреите го нарекуваат Исус Самарјанин?

▪ Во која смисла Исус мисли дека неговите следбеници никогаш нема да видат смрт?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели