ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 83
  • На гости кај еден фарисеј

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • На гости кај еден фарисеј
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Поканети на вечера
    Исус — патот, вистината и животот
  • Илустрацијата за свадбената гозба
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Дали секогаш сакаш да бидеш прв?
    Учи од Големиот Учител
  • Едноставни симболи — што учиме од нив за Исус, нашиот небесен Цар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 83

Поглавје 83

На гости кај еден фарисеј

ИСУС е сѐ уште во домот на истакнатиот фарисеј и штотуку излечил човек што страдал од водена болест. Додека набљудува како останатите гости бираат истакнати места на оброкот, тој дава поука за понизност.

„Кога ќе те покани некој на свадбена гозба“, објаснува тогаш Исус, „немој да легнуваш на најистакнатото место. Можеби во исто време поканил некој поугледен од тебе, па да не дојде оној кој те поканил и тебе и него, и да ти рече: ‚Отстапи му го местото на овој човек‘. Тогаш посрамен ќе отидеш да го заземеш најниското место.“

Затоа Исус советува: „Кога си поканет, оди и прилегни на најниското место, па кога ќе дојде оној што те поканил, да ти каже: ‚Пријателе, помести се на повисоко‘. Тогаш ќе имаш чест пред сите други гости“. Заклучувајќи, Исус вели: „Зашто секој кој се возвишува ќе биде понижен, а оној кој се понизува ќе биде возвишен“.

Потоа, Исус му се обраќа на фарисејот кој го поканил и му опишува како се дава вечера со која навистина ќе стекне заслуга кај Бог. „Кога приредуваш ручек или вечера, немој да ги викаш своите пријатели, ниту своите браќа, ниту своите роднини, ниту богати соседи. Можеби и тие некогаш за возврат ќе те поканат и така ќе ти биде возвратено. Туку кога приредуваш гозба, покани ги сиромасите, сакатите, куците, слепите; и ќе бидеш среќен, бидејќи тие немаат со што да ти возвратат.“

Подготвувањето таков оброк за несреќните ќе му донесе среќа на оној кој го подготвил затоа што, како што му објаснува Исус на својот домаќин, „ќе ти се возврати при воскресението на праведниците“. Исусовиот опис на овој оброк што заслужува чест потсетува еден гостин на еден друг вид оброк. „Среќен е оној кој јаде леб во Божјето царство“, вели овој гостин. Сепак, сите не ја ценат правилно таа среќна можност, како што покажува понатаму Исус со една илустрација.

„Еден човек приредуваше голема вечера, и покани мнозина. А  . . . го испрати својот роб да им каже на поканетите: ‚Дојдете, бидејќи сега сѐ е спремно‘. Но сите почнаа да се изговараат на ист начин. Првиот му рече: ‚Јас купив нива и морам да одам да ја видам; те молам, извини ме‘. А друг рече: ‚Купив пет ѕевгари волови и одам да ги испробам; те молам, извини ме‘. И следниот рече: ‚Штотуку се оженив, и затоа не можам да дојдам‘.“

Колку слаби изговори! Нива или стока обично се разгледуваат пред да се купат, па затоа нема вистинска итна потреба да се гледаат после тоа. Слично, женидбата не треба да спречи некоја личност да прифати една толку важна покана. Така, слушајќи ги овие изговори, домаќинот се разлутува и му заповеда на својот роб:

„,Излези бргу на широките градски улици и сокаци, и доведи ги ваму сиромасите и сакатите и слепите и куците.‘ Најпосле, робот рече: ‚Господару, направено е она што го заповеда ти, и уште има место‘. А господарот му рече на робот: ‚Излези по патиштата и меѓу плотовите, и натерај ги да влезат, да ми се наполни куќата . . . Никој од оние кои беа поканети нема да вкуси од мојата вечера‘.“

Која ситуација е опишана со оваа илустрација? Па, „господарот“ кој го подготвува оброкот го претставува Јехова Бог; ‚робот‘ кој ја упатува поканата е Исус Христос; а ‚големата вечера‘ е изгледот да се влезе во небесното Царство.

Оние кои први ја примиле поканата да влезат во Царството биле, пред сите други, еврејските верски водачи од времето на Исус. Меѓутоа, тие ја отфрлиле поканата. Така, почнувајќи особено од Пентекост 33 н.е., упатена е втора покана до презрените и понижените од еврејската нација. Но, не се одѕвале во доволен број за да се потполнат 144.000-те места во Божјето небесно Царство. Затоа во 36 н.е., три и пол години подоцна, упатена е и третата, последна покана до необрежаните не-Евреи, а собирањето се вршело сѐ до нашево време. Лука 14:1—24.

▪ Каква поука за понизноста дава Исус?

▪ Како може еден домаќин да подготви оброк со кој навистина ќе стекне заслуга кај Бог, и зошто тоа ќе му донесе среќа?

▪ Зошто се слаби изговорите на поканетите гости?

▪ Што е претставено со Исусовата илустрација за ‚големата вечера‘?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели