ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 89
  • Мисија на милосрдие во Јудеја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мисија на милосрдие во Јудеја
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Исус поучувал во Переја на пат кон Јудеја
    Исус — патот, вистината и животот
  • Зошто Исус не побрзал
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • ‚Сѐ уште не бил дојден Неговиот час‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Што ќе се случи ако умреме?
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 89

Поглавје 89

Мисија на милосрдие во Јудеја

НЕКОЛКУ седмици претходно, за време на празникот Посветување во Ерусалим, Евреите се обиделе да го убијат Исус. Затоа, тој отпатувал на север, очигледно на едно подрачје недалеку од Галилејското Море.

Неодамна, тој повторно се упатил на југ, кон Ерусалим, проповедајќи по патот во селата на Переја — област источно од реката Јордан. Откако им ја раскажува илустрацијата за богаташот и Лазар, тој продолжува да ги поучува своите ученици за работи за кои ги поучувал претходно додека биле во Галилеја.

На пример, тој вели дека би било покорисно некому „околу вратот да му обесат воденичен камен и да го фрлат в море“ отколку да предизвика да се спрепне некој од Божјите „малечки“. Исто така, ја нагласува потребата од простување, објаснувајќи: „Дури и ако [некој брат] седумпати на ден погреши против тебе и седумпати се врати кај тебе, велејќи: ‚Се каам‘, мораш да му простиш“.

Кога учениците бараат: „Дај ни уште вера“, Исус одговара: „Кога би имале вера со големина на синапово зрно, на оваа црница би ѝ рекле: ‚Откорни се и пресади се во морето!‘ и таа би ве послушала“. Значи, дури и малку вера може да постигне големи работи.

Потоа, Исус раскажува една реалистична ситуација која илустрира кој е исправен став на еден слуга на семоќниот Бог. „Кој од вас на својот роб кој ора или чува стадо“, забележува Исус, „ќе му рече кога ќе се врати од полето: ‚Дојди веднаш и прилегни до масата‘? Нема ли наместо тоа да му рече: ‚Приготви ми нешто за вечера, и стави скутник и послужувај ме додека јадам и пијам, а потоа ти можеш да јадеш и да пиеш?‘ Зарем ќе чувствува благодарност кон робот затоа што го извршил тоа што бил задолжен? Така и вие, кога ќе извршите сѐ што сте задолжени, речете: ‚Ние сме бескорисни робови. Го направивме она што бевме должни да го направиме‘.“ Значи, Божјите слуги не би требало никогаш да мислат дека му прават услуга на Бог со тоа што му служат. Наместо тоа, секогаш би требало да мислат на предноста што ја имаат да го обожаваат како доверливи членови на неговото домаќинство.

Изгледа набргу откако Исус ја кажува оваа илустрација, пристигнува еден гласник. Го испратиле Марија и Марта, сестрите на Лазар, кои живеат во Витанија, во Јудеја. „Господи, гледај, оној кон кого имаш наклоност, болен е“, вели гласникот.

Исус одговара: „Целта на оваа болест не е смрт, туку за Божја слава, за да се прослави Синот Божји преку неа“. Откако останува уште два дена во местото каде што е, Исус им вели на своите ученици: „Ајде пак да одиме во Јудеја“. Меѓутоа, тие го потсетуваат: „Раби, Јудејците неодамна гледаа да те каменуваат, а ти пак ли ќе одиш таму?“

„Зарем нема дванаесет часа дневна светлина?“ — ги прашува Исус во одговор. „Ако некој оди по дневна светлина, во ништо не се удира, зашто ја гледа светлината на овој свет. Но ако некој оди ноќе, се удира во нешто, зашто светлината не е во него.“

Исус изгледа мисли дека ‚часовите дневна светлина‘, или времето кое Бог го доделил за Исусовата земна служба, уште не истекле и дека сѐ додека не истечат, никој не може да го повреди. Тој треба во потполност да го искористи краткото време на „дневна светлина“ кое му преостанало, бидејќи после тоа ќе настане „ноќ“ кога неговите непријатели ќе го убијат.

Исус додава: „Нашиот пријател Лазар отиде да си отпочине, но јас одам таму да го разбудам од сонот“.

Очигледно мислејќи дека Лазар почива во сон и дека тоа е позитивен знак дека ќе оздрави, учениците одговараат: „Господи, ако отишол да си отпочине, ќе оздрави“.

Тогаш Исус отворено им вели: „Лазар умре, и јас се радувам заради вас што не бев таму, за да верувате. Но, да појдеме кај него“.

Сфаќајќи дека Исус би можел да биде убиен во Јудеја, а сепак со желба да го поддржи, Тома ги охрабрува останатите ученици: „Ајде и ние да одиме за да умреме со него“. Така, ризикувајќи ги своите животи, учениците го придружуваат Исус во мисијата на милосрдие во Јудеја. Лука 13:22; 17:1—10; Јован 10:22, 31, 40—42; 11:1—16.

▪ Каде проповедал Исус неодамна?

▪ Кои учења ги повторува Исус, и која поента ја илустрира со една реалистична ситуација?

▪ Каква вест прима Исус, и што мисли со ‚дневната светлина‘ и ‚ноќта‘?

▪ Што мисли Тома кога вели: „Ајде и ние да одиме за да умреме со него“?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели