ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 125
  • Агонија на столбот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Агонија на столбот
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Агонија на столбот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Цар кој бил неправедно измачуван
    Исус — патот, вистината и животот
  • Исус бил предаден на свештениците за да го убијат
    Исус — патот, вистината и животот
  • Зошто треба да го сакаме Исус
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 125

Поглавје 125

Агонија на столбот

ЗАЕДНО со Исус на погубување се одведени и двајца разбојници. Недалеку од градот, поворката застанува на местото наречено Голгота, или Место на черепи.

На затворениците им ја соблекуваат облеката. Потоа донесуваат вино со опојна смирна. Изгледа го подготвиле жените од Ерусалим, а Римјаните не бранат да се даде овој напиток кој им ги ублажува болките на прикованите. Меѓутоа, кога Исус го пробува, одбива да го пие. Зошто? Очигледно сака да има потполна контрола над своите сетила во текот на овој најголем испит на својата вера.

Исус го испружуваат на столбот со рацете ставени над главата. Потоа војниците му заковуваат долги клинци во рацете и стапалата. Тој се грчи од болка додека клинците продираат низ месото и лигаментите. Кога го исправаат столбот, болката е неподнослива, бидејќи тежината на телото ги раскинува раните од клиновите. Сепак, наместо да се заканува, Исус се моли за римските војници: „Татко, прости им, зашто не знаат што прават“.

Пилат става на столбот еден натпис на кој е напишано: „Исус Назареќанецот, Царот на Евреите“. Изгледа ова го пишува не само затоа што го почитува Исус туку и затоа што му се гади од еврејските свештеници бидејќи од него изнудиле смртна казна за Исус. За да можат сите да го читаат натписот, Пилат дава да се напише на три јазика — на хебрејски, службен латински и на обичен грчки јазик.

Главните свештеници, вклучувајќи ги Кајафа и Ана, се уплашени. Овој позитивен проглас им го расипува часот на триумф. Затоа протестираат: „Не пишувај: ‚Цар на Евреите‘, туку дека тој рече ‚Јас сум Царот на Евреите‘“. Разјарен што им послужил на свештениците како пион, Пилат одговара со одлучен презир: „Што напишав, напишав“.

Сега свештениците, заедно со едно големо мноштво, се собираат на местото на погубување, и свештениците го побиваат сведоштвото на натписот. Го повторуваат лажното сведоштво што било дадено претходно, на судењата во Синедрионот. Затоа не изненадува тоа што минувачите почнуваат да зборуваат навредливо, подбивно мавтајќи со главите и велат: „О ти што го уриваш храмот и го изградуваш за три дни, спаси се самиот себе! Ако си син Божји, слези од маченичкиот столб!“

„Другите ги спаси; себеси не може да се спаси!“, упаѓаат главните свештеници и нивните верски сојузници. „Тој е Цар на Израел; нека слезе сега од маченичкиот столб и ќе му поверуваме. Својата доверба тој ја стави во Бог; Тој сега нека го избави ако го сака, зашто рече: ‚Јас сум Божји Син‘.“

Зафатени од истиот дух, и војниците му се исмејуваат на Исус. Подбивно му нудат кисело вино, изгледа држејќи го баш пред неговите суви усни. „Ако си цар на Евреите“, му се потсмеваат, „спаси се самиот.“ Му се исмејуваат дури и разбојниците — едниот прикован на десната страна од Исус, а другиот на левата. Замисли си! Најголемиот човек кој некогаш живеел, да, оној кој заедно со Јехова Бог учествувал во создавањето на сите работи, цврсто го поднесува сето ова малтретирање!

Војниците ја земаат Исусовата горна облека и ја делат на четири дела. Фрлаат ждрепка за да видат чии ќе бидат тие делови. Меѓутоа, внатрешната облека е без шев, изработена од квалитетен материјал. Затоа војниците си велат меѓусебе: „Да не ја кинеме, туку да фрлиме ждрепка за неа чија ќе биде“. И така, несвесно го исполнуваат стихот кој вели: „Моите горни облеки ги разделија меѓу себе, и за мојата облека фрлија ждрепка“.

Со текот на времето, еден од разбојниците сфаќа дека Исус мора навистина да е цар. Затоа, укорувајќи го својот придружник, вели: „Зарем воопшто не се плашиш од Бога, сега кога си под истата пресуда? А ние сме навистина со право осудени, зашто во потполност го добивме она што го заслужуваме поради она што го сторивме; но овој човек не направи ништо што не беше на место“. Потоа му се обраќа на Исус со молба: „Сети се на мене кога ќе дојдеш во своето царство“.

„Навистина ти велам денес“, одговара Исус, „ќе бидеш со мене во Рајот.“ Ова ветување ќе се исполни кога Исус ќе владее како Цар на небото и ќе го воскресне овој покајнички злосторник за живот на Земјата, во Рајот за кој преживеаните од Армагедон и нивните придружници ќе имаат предност да се грижат. Матеј 27:33—44; Марко 15:22—32; Лука 23:27, 32—43; Јован 19:17—24.

▪ Зошто Исус одбива да го пие виното со опојна смирна?

▪ Зошто, изгледа, е ставен натпис на Исусовиот столб, и на каква размена на зборови меѓу Пилат и главните свештеници поттикнува тој натпис?

▪ Какво понатамошно малтретирање доживува Исус на столбот, и што очигледно е причина за тоа?

▪ Како е исполнето едно пророштво преку она што се прави со Исусовата облека?

▪ Каква промена прави едниот од разбојниците, и како Исус ќе ја исполни неговата молба?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели