ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 131 стр. 298-стр. 299 пас. 3
  • Цар кој бил неправедно измачуван

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Цар кој бил неправедно измачуван
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Агонија на столбот
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Агонија на столбот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Зошто треба да го сакаме Исус
    Учи од Големиот Учител
  • Исус умрел на местото Голгота
    Поуки од Библијата
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 131 стр. 298-стр. 299 пас. 3
На разбојникот прикован до него, Исус му ветува: „Ќе бидеш со мене во Рајот“

ПОГЛАВЈЕ 131

Цар кој бил неправедно измачуван

МАТЕЈ 27:33-44; МАРКО 15:22-32; ЛУКА 23:32-43; ЈОВАН 19:17-24

  • ИСУС БИЛ ПРИКОВАН НА МАЧЕНИЧКИ СТОЛБ

  • БИЛ ИСМЕЈУВАН ПОРАДИ НАТПИСОТ НАД НЕГОВАТА ГЛАВА

  • ИСУС ДАЛ НАДЕЖ ЗА ЖИВОТ ВО РАЈ НА ЗЕМЈАТА

Заедно со уште двајца злосторници, Исус бил одведен недалеку од градот, на местото каде што требало да биде погубен. Тоа место се викало Голгота, односно Место на черепите, и можело да се види „оддалеку“ (Марко 15:40).

Таму им ги соблекле облеките и им понудиле вино помешано со опојна смирна и жолчка, кое служело за ублажување на болките. Тоа вино веројатно го подготвиле жените од Ерусалим, а Римјаните не забранувале да им се дава на оние што требало да бидат погубени. Меѓутоа, кога го пробал, Исус не сакал да пие од него. Зошто? Очигледно сакал да биде потполно свесен во текот на најтешкиот испит на својата вера и да остане верен сѐ до смртта.

Војниците го приковале Исус на столбот (Марко 15:25). Во рацете и стапалата му забиле големи клинци. Исус чувствувал огромна болка додека клинците му продирале низ месото. А додека столбот полека се исправал нагоре и телото му натежнувало, раните на рацете се расцепувале, а болката станувала неподнослива. Но, Исус не им се заканувал на римските војници, туку се молел за нив: „Татко, прости им, зашто не знаат што прават!“ (Лука 23:34).

Римјаните имале обичај на столбот да постават натпис на кој пишувало за што бил осуден оној што бил прикован. На столбот на кој висел Исус, Пилат го поставил натписот: „Исус Назареќанецот, царот на Евреите“. Бил напишан на хебрејски, латински и грчки јазик, така што сите можеле да го прочитаат. Со тоа покажал колкаво гадење чувствувал кон Евреите, кои го принудиле да го осуди Исус на смрт. Запрепастени од натписот, главните свештеници приговориле: „Не пишувај: ‚Цар на Евреите‘, туку дека тој рече: ‚Јас сум царот на Евреите‘“. Одбивајќи повторно да падне под нивно влијание, Пилат им рекол: „Што напишав, напишав!“ (Јован 19:19-22).

Гневните свештеници ги повториле лажните обвиненија против Исус што биле изнесени пред Судскиот совет. Затоа не е чудно што минувачите почнале подбивно да вртат со главите и да го навредуваат Исус, велејќи: „Ајде, ти што ќе го урнеше храмот и ќе го изградеше за три дена, спаси се себеси и слези од столбот!“ И главните свештеници и книжниците зборувале меѓусебе: „Сега Христос, царот на Израел, нека слезе од столбот, за да видиме, па да поверуваме!“ (Марко 15:29-32). Го исмејувале дури и разбојниците што биле приковани од неговата лева и десна страна иако, за разлика од нив, тој бил неправедно осуден.

Потоа со Исус почнале да се потсмеваат и војниците. Можеби пиеле од скиснатото вино, па подбивајќи се со него му понудиле и нему, веројатно така што го доближиле до неговите усни иако знаеле дека тој не можел да се навали за да се напие. „Ако си еврејски цар, спаси се самиот себеси!“, зајадливо му велеле поради натписот над неговата глава (Лука 23:36, 37). Замисли си! Човекот што бил патот, вистината и животот сега бил незаслужено измачуван и исмејуван. Сепак, храбро поднел сѐ, без да им приговори на Евреите што го гледале, на римските војници што се подигрувале со него, или на двајцата разбојници што виселе покрај него.

Војниците фрлаат ждрепка за долната облека на Исус

Четворицата војници ја зеле горната облека на Исус и ја разделиле на четири дела, а потоа фрлиле ждрепка за да си ја поделат меѓу себе. Но, долната облека била изработена на посебен начин, ‚немала шев, туку целата била исткаена во едно парче‘. Затоа војниците рекле: „Да не ја кинеме, туку со ждрепка да одлучиме чија ќе биде“. Со тоа ги исполниле пророчките зборови: „Моите алишта ги делат меѓу себе и фрлаат ждрепка за мојата облека“ (Јован 19:23, 24; Псалм 22:18).

По некое време, едниот од разбојниците сфатил дека Исус навистина бил цар. Затоа го прекорил другиот разбојник со зборовите: „Зарем не се боиш од Бог? И ти ја трпиш истата казна. Ние сме со право осудени, зашто го добиваме она што го заслуживме со своите дела, но овој не направил никакво зло“. Потоа го замолил Исус: „Исусе, сети се на мене кога ќе дојдеш во своето царство!“ (Лука 23:40-42).

Исус му одговорил: „Вистина, ти велам денес, ќе бидеш со мене“, но не во Царството, туку „во Рајот“ (Лука 23:43). Ветувањето што Исус му го дал на разбојникот не било исто со ветувањето што им го дал на апостолите, на кои им рекол дека ќе седат на престоли заедно со него во Царството (Матеј 19:28; Лука 22:29, 30). Тој разбојник бил Евреин, и веројатно имал слушнато за рајот во кој Јехова имал намера да живеат Адам и Ева и нивните потомци. Иако требало да умре, можел да се надева дека еден ден ќе живее во рајот на Земјата.

  • Зошто Исус не сакал да се напие од виното што му било понудено?

  • Каков натпис бил поставен над главата на Исус, и како реагирале Евреите на тоа?

  • Како војниците што ја зеле облеката на Исус исполниле едно пророштво?

  • Каква надеж му дал Исус на еден од разбојниците?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели