ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pr дел 4 стр. 16-19
  • Христијанството ги издало Бог и Библијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Христијанството ги издало Бог и Библијата
  • Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Небиблиски доктрини
  • Безбожни постапки
  • Не се христијански
  • Лажниот пријател на Библијата
    Библијата — Реч Божја или човечка?
  • Јеховината осуда над лажните учители
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Нивното засолниште — лага!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Зошто ќе престане да постои световната религија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
pr дел 4 стр. 16-19

Дел 4

Христијанството ги издало Бог и Библијата

1, 2. Зошто некои луѓе немаат почитување кон Библијата, но што вели таа?

1 Во многу земји, луѓето ја избегнувале Библијата и немале почитување кон неа поради лошото однесување на оние кои тврделе дека ја следат. Во некои земји се велело дека Библијата е книга која води до војна, дека таа е книга на белиот човек и книга која го поддржува колонијализмот. Но тоа се погрешни гледишта.

2 Библијата, која била пишувана на Средниот Исток, не ги поддржува колонијалните војни и алчната експлоатација што толку долго се вршеле во името на христијанството. Напротив, ако ја читаш Библијата и ако ги дознаеш учењата на вистинското христијанство за коишто поучувал Христос, ќе видиш дека Библијата строго го осудува војувањето, неморалноста и искористувањето на другите. Грешката лежи во алчните луѓе, а не во Библијата (1. Коринтјаните 13:1-6; Јаков 4:1-3; 5:1-6; 1. Јованово 4:7, 8). Затоа, немој да дозволиш лошото однесување на себичните луѓе кои живеат спротивно на добрите совети од Библијата, да те спречат да извлечеш корист од нејзиното богатство.

3. Што покажуваат историските факти за христијанството?

3 Меѓу оние кои не живеат според Библијата спаѓаат и народите и нациите на христијанството. „Христијанството“ се дефинира како дел од светот каде што преовладува христијанската вера. Главно тоа се однесува на западниот свет со неговите црковни системи кои станале проминентни околу четвртиот век н. е. Христијанството со векови ја има Библијата, а нејзиното свештенство тврди дека ја научува и дека се Божји претставници. Но, дали свештенството и мисионерите на христијанството ја научуваат вистината? Дали нивните постапки навистина ги претставуваат Бог и Библијата? Дали христијанската вера навистина преовладува во христијанството? Не. Откако нејзината религија дошла во прв план во четвртиот век, христијанството се покажало како непријател на Бога и на Библијата. Да, историските факти покажуваат дека христијанството ги издало Бог и Библијата.

Небиблиски доктрини

4, 5. Кои небиблиски доктрини ги научуваат црквите?

4 Основните доктрини на христијанството не се темелат на Библијата, туку на древни митови — грчки, египетски, вавилонски и други. Учењата како што се вродената бесмртност на човечката душа, вечно мачење во пеколен оган, чистилиште и тројство (три личности во едно божество), не се наоѓаат во Библијата.

5 Да го разгледаме, на пример, учењето дека лошите луѓе вечно ќе бидат мачени во пеколен оган. Што мислиш ти за оваа идеја? На многумина им е одвратна. Им се чини неразумно Бог вечно да ги мачи луѓето и да ги држи во тегобни болки. Таквата нечовечна претстава е спротивна на Богот на Библијата, бидејќи „Бог е љубов“ (1. Јованово 4:8). Библијата јасно покажува дека едно такво учење ‚ни на ум не Му дошло‘ на Семоќниот Бог (Јеремија 7:31; 19:5; 32:35).

6. Како Библијата го побива учењето за бесмртна душа?

6 Многу религии денес, вклучувајќи ги и црквите на христијанството, научуваат дека луѓето имаат бесмртна душа која при смртта оди или на небото или во пеколот. Тоа не е библиско учење. Напротив, во Библијата јасно стои: „Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат, . . . зашто во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост“ (Проповедник 9:5, 10). А псалмистот наведува дека при смртта човекот „се враќа во земјата своја; во тој ден исчезнуваат сите негови помисли“ (Псалм 145:4).

7. Која била казната за Адам и Ева поради прекршување на Божјиот закон?

7 Сети се, исто така, дека кога Адам и Ева го прекршиле Божјиот закон, казната не била бесмртност. Тоа би било награда, а не казна! Наместо тоа, им било речено дека ќе ‚се вратат во земјата, од која се земени‘. Бог му нагласил на Адам: „Зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!“ (1. Мојсеева 3:19). Според тоа, учењето за вродена бесмртност на душата не се наоѓа во Библијата, туку христијанството го позајмило од нехристијанските народи кои живееле пред нив.

8. Како Библијата ја побива доктрината за тројство на т. н. христијанство?

8 Исто така, доктрината за тројство на т. н. христијанство го опишува Бог како некаков мистериозен троеден Бог. Но, ниту тоа учење не се наоѓа во Библијата. На пример, во Исаија 40:25, Бог јасно изјавува: „Со кого ќе Ме изедначите и со кого ќе Ме споредите?“ Одговорот е јасен: Никој не може да му биде рамен. Освен тоа, Псалм 82:18 јасно наведува: „Дека името Ти е Господ, и дека Ти си единствен Севишен над целата земја“. (Види и Исаија 45:5; 46:9; Јован 5:19; 6:38; 7:16.)

9. Што може да се каже за учењата на Библијата и за учењата на црквите на христијанскиот свет?

9 Библиските учења за Бог и за неговите намери се јасни, лесни за разбирање и разумни. Но, учењата на црквите на христијанскиот свет не се такви. Што е уште полошо, тие ѝ противречат на Библијата.

Безбожни постапки

10, 11. На кој начин библиските учења го бараат спротивното од она што го прават црквите на т. н. христијанство?

10 Таканареченото христијанство не само што учело лажни доктрини туку ги издало Бог и Библијата со своите постапки. Она што свештенството и црквите го направиле во изминатите векови и што продолжиле да го прават во денешно време, е спротивно на она што Бог и Библијата го бараат и спротивно на она што го научувал и правел Основачот на христијанството, Исус Христос.

11 На пример, Исус ги поучувал своите следбеници да не се мешаат во политичките работи на светот ниту да се мешаат во неговите војни. Исто така ги поучувал да бидат мирољубиви, послушни на законот, да имаат љубов кон своите ближни без никаква предрасуда, па дури и да бидат спремни својот живот да го жртвуваат за другите, а не да им го одземаат (Јован 15:13; Дела 10:34, 35; 1. Јованово 4:20, 21).

12. Според Исусовите зборови, по што ќе се препознаат вистинските христијани?

12 Навистина, Исус поучувал дека љубовта спрема другите луѓе ќе биде знак за распознавање на вистинските христијани од лажните, тие кои се преправаат. На оние кои ќе го следат, тој им рекол: „Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13:34, 35; 15:12).

13, 14. Што покажува дека црквите на т. н. христијанство не го претставуваат Бог?

13 Сепак, од столетие во столетие, свештенството на т. н. христијанство се мешало во политиката и ги поддржувало војните на своите нации. Ги поддржувале дури и противничките страни во војните кои се воделе во рамките на христијанството, како што беа двете светски војни од овој век. Во тие конфликти, свештенството од обете страни се молело за победа, и членовите на религијата од една земја ги убивале членовите на истата религија од друга земја. Но, Библијата вели дека така постапуваат Сатановите деца, а не Божјите (1. Јованово 3:10-12, 15). Според тоа, иако свештенството и нивните следбеници тврделе дека се христијани, тие им противречеле на учењата на Исус Христос, кој им рекол на своите ученици да ‚го вратат ножот на местото негово‘ (Матеј 26:51, 52).

14 Црквите со векови соработувале со политичките сили на т. н. христијанство кога тие нации освојувале, поробувале и понижувале други народи во периодот на империјализмот. Со векови бил таков случајот во Африка. И Кина го доживеала истото, кога западните народи сосила создале сфери на влијанија, како што било за време на Опиумската војна и Боксерското востание.

15. Какви зла извршило т. н. христијанство?

15 Религиите на т. н. христијанство секогаш биле во преден план при прогонувањето, мачењето, па дури и убивањето на оние кои не се согласувале со нив во текот на вековите, познати во историјата како мрачен среден век. За време на инквизицијата, која траела стотици години, нечовечни постапки, како мачења и убиства, биле одобрувани и извршувани над чесни и невини луѓе. Злосторниците биле свештенството и нивните следбеници кои тврделе дека се христијани. Тие се обиделе дури да ја искоренат Библијата за да не можат обичните луѓе да ја читаат.

Не се христијански

16, 17. Зошто може да се рече дека црквите не се христијански?

16 Не, нациите и црквите на т. н. христијанство не биле ниту се христијански. Тие не се Божји слуги. Неговата инспирирана Реч за нив вели: „Тие зборуваат дека Го познаваат Бога, а со делата свои Го одречуваат, бидејќи се одвратни, непокорни и негодни за никакво добро дело“ (Тит 1:16).

17 Исус рекол дека лажната религија може да се препознае по она што го донесува, по плодовите. Рекол: „Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а однатре се волци грабливи. По нивните плодови ќе ги познаете. . . . Секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови; не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган. И така, по нивните плодови ќе ги познаете [лажните пророци]“ (Матеј 7:15-20).

18. Што произлегло од учењата и постапките на т. н. христијанство?

18 Затоа, по она што го научувале и што го правеле, религиите на т. н. христијанство покажале дека нивното тврдење дека ѝ веруваат на Библијата и дека се богобојазливи и христијани, е лага. Тие ги издале Бог и Библијата. На тој начин, предизвикале гнасење кај милиони луѓе кои поради тоа се одвратиле од верувањето во едно Врховно Битие.

19. Дали пропустот на т. н. христијанство значи пропуст на Бог и на Библијата?

19 Меѓутоа, пропустот на свештенството и на црквите на т. н. христијанство, како и пропустот на другите религии надвор од христијанството, не значи пропуст и на Библијата. Ниту, пак, е тоа пропуст од Бог. Напротив, Библијата ни кажува за едно Врховно Битие кое навистина постои и кое се грижи за нас и за нашата иднина. Таа покажува како тој ќе ги награди искрените луѓе кои сакаат да го прават она што е исправно, кои сакаат да видат како правдата и мирот ќе преовладуваат по целата Земја. Таа исто така покажува зошто Бог допуштил да постојат злото и страдањето и како ќе ја ослободи Земјата од оние кои им нанесуваат зло на своите ближни, како и од оние кои тврдат дека му служат, а всушност не го прават тоа.

[Слика на страница 17]

Дантевиот „Пекол“

[Извор на слика]

Дорева илустрација: Подмитувачи — Џамполо, за Дантевата Божествена комедија

[Слика на страница 17]

Тројство на т. н. христијанство

[Слика на страница 17]

Хиндуистичко тројство

[Извор на слика]

Со љубезна дозвола на The British Museum

[Слика на страница 17]

Египетско тројство

[Извор на слика]

Museo Egizio, Торино

[Слики на страница 18]

Спротивно на Исусовите учења, свештенството од обете страни ги поддржувало војните

[Извор на слика]

Фотографија на U.S. Army

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели