ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pr дел 8 стр. 29-31
  • Живеј засекогаш на рајска земја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Живеј засекогаш на рајска земја
  • Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Човештвото во совршен мир
  • Човекот и животните во мир
  • Совршено здравје, вечен живот
  • Мртвите вратени во живот
  • Земјата — Рај на изобилство
  • Удобни станови за сите
  • Ти можеш засекогаш да живееш во Рај
  • Земен Рај кој наскоро ќе дојде
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Прекрасниот нов свет создаден од Бог
    Дали Бог се грижи за нас?
  • Пророштва за иднината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Живот во мирољубив нов свет
    Живот во мирољубив нов свет
Повеќе
Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
pr дел 8 стр. 29-31

Дел 8

Живеј засекогаш на рајска земја

1, 2. Каков ќе биде животот под владата на Божјето Царство?

1 Каков ќе биде животот кога Бог ќе ги отстрани злото и страдањето од Земјата и кога ќе го воведе својот нов свет под љубезната управа на неговото небесно Царство? Бог ветува дека ќе ‚ја отвори раката Своја и ќе исполни сѐ што е живо со сите негови потреби‘ (Псалм 144:16).

2 Кои се твоите оправдани желби? Зарем не е тоа да имаш среќен живот, работа што вреди, изобилство на материјални добра, прекрасна околина, мир меѓу сите народи и слобода од неправда, болест, страдање и смрт? А што е со радосниот духовен изглед? Сите тие работи ќе бидат наскоро остварени под владата на Божјето Царство. Забележи што велат библиските пророштва за прекрасните благослови кои ќе постојат во тој нов свет.

Човештвото во совршен мир

3-6. Каква гаранција имаме дека луѓето ќе имаат мир во новиот свет?

3 ‚[Бог] ќе ги прекрати војните до крајот на земјата, ќе го скрши лакот и ќе го здроби оружјето, и штитовите големи со оган ќе ги изгори‘ (Псалм 45:9).

4 „Ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои — во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна“ (Исаија 2:4).

5 „Кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир“ (Псалм 36:11).

6 „Целата земја здивна, почива, воскликнува од радост“ (Исаија 14:7).

Човекот и животните во мир

7, 8. Каков мир ќе владее помеѓу луѓето и животните?

7 „Волк ќе живее со јагне, леопардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води. Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе лежат заедно; лавот ќе јаде слама како волот. Новороденче ќе игра над змиина дупка, дете ќе протега рака кон змиино гнездо. Нема да прават зло и штета“ (Исаија 11:6-9).

8 „Во тоа време поради нив ќе склучам сојуз со животните полски, со птиците небески и со лазачите по земјата . . . ќе им дозволам да живеат во безопасност“ (Осија 2:18).

Совршено здравје, вечен живот

9-14. Опиши ги здравствените околности во новиот свет.

9 „Тогаш ќе им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ќе се отнат; тогаш куциот ќе скока како елен, и јазикот на немиот ќе пее“ (Исаија 35:5, 6).

10 „Ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе“ (Откровение 21:4).

11 „Ниеден од жителите нема да каже: ‚болен сум‘“ (Исаија 33:24).

12 „Тогаш телото негово ќе се подмлади повеќе, отколку во млади години; и тој ќе се врати во дните на младите свои години“ (Јов 33:25).

13 „Дарот Божји е живот вечен во Христа Исуса, нашиот Господ“ (Римјаните 6:23).

14 „Секој што верува во Него, . . . [ќе] има живот вечен“ (Јован 3:16).

Мртвите вратени во живот

15-17. Каква надеж постои за оние кои веќе умреле?

15 „Ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните“ (Дела 24:15).

16 „Иде часот кога сите, кои што се во гробовите [Божјето сеќавање], ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29).

17 „Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот [гробот] ги повратија мртвите свои, што беа во нив“ (Откровение 20:13).

Земјата — Рај на изобилство

18-22. Во што ќе биде претворена целата Земја?

18 „Ќе бидат дождови благословени. И дрвјата во полето ќе го даваат својот плод и земјата ќе ги дава своите производи; и тие ќе бидат во безопасност на земјата своја“ (Језекиил 34:26, 27).

19 „Земјата го даде својот плод; благослови нѐ, Боже, Боже наш!“ (Псалм 66:6).

20 „Ќе се развесели пустињата и сувата земја, и ненаселената земја ќе се зарадува и ќе расцути како крин“ (Исаија 35:1).

21 „Горите и ридовите ќе пеат песна пред вас, и сите дрвја во полето ќе ракоплескаат. Место трн ќе израсне кипарис; место коприва ќе израсне мирта“ (Исаија 55:12, 13).

22 „Ќе бидеш со Мене во рајот!“ (Лука 23:43).

Удобни станови за сите

23, 24. Каква гаранција имаме дека ќе има доволно удобни станови за сите?

23 „Ќе градат куќи и ќе живеат во нив . . . Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг . . . Моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои. Нема да се трудат напразно и да раѓаат деца за скрб“ (Исаија 65:21-23).

24 „Секој ќе седи под лозата своја и под смоквата своја, и никој нема да ги плаши“ (Михеј 4:4).

Ти можеш засекогаш да живееш во Рај

25. Каков прекрасен изглед имаме за иднината?

25 Каков прекрасен изглед за иднината! Животот може уште сега да има вистинска смисла ако е укотвен во цврстата надеж дека во Божјиот нов свет сите денешни проблеми засекогаш ќе станат минато! „Поранешните нема повеќе да се спомнуваат, ниту на ум ќе доаѓаат“ (Исаија 65:17). И колку е утешно сознанието дека животот тогаш ќе биде вечен: „Смртта ќе биде проголтана за секогаш [од Бог]“ (Исаија 25:8).

26. Кој е клучот за вечен живот во Божјиот нов свет?

26 Сакаш ли да живеееш засекогаш во тој Рајски нов свет кој сега е толку близу? Можеби се прашуваш: ‚Што би требало да сторам за да ја стекнам Божјата наклоност на крајот од овој свет и да продолжам да живеам во новиот свет?‘ Треба да го правиш она на што укажал Исус во една прилика додека му се молел на Бог: „А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа“ (Јован 17:3).

27. Што мораш да сториш за да имаш удел во Божјата намера?

27 Затоа, набави си Библија и увери се сам во она што го прочита во оваа брошура. Барај и други кои ги проучуваат овие библиски вистини и кои поучуваат за нив. Ослободи се од лицемерните религии што научуваат и вршат работи спротивни на Библијата. Научи како можеш и ти, заедно со други милиони кои веќе ја вршат Божјата волја, да имаш удел во Божјата намера луѓето да живеат вечно на рајска Земја. И земи го при срце она што Божјата инспирирана реч го објавува за блиската иднина: „Светот поминува и похотите негови, а оној, што ја извршува волјата Божја, останува довека“ (1. Јованово 2:17).

[Слика на страница 31]

Божјата намера да го обнови земскиот рај наскоро ќе биде остварена

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели