ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • rq лекција 4 стр. 8-9
  • Кој е Ѓаволот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој е Ѓаволот?
  • Што бара Бог од нас?
  • Сличен материјал
  • Внимавај, Сатана сака да те проголта!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Непријател на вечниот живот
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Сатана
    Разбудете се! 2013
  • Запознај го својот непријател
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Што бара Бог од нас?
rq лекција 4 стр. 8-9

Лекција 4

Кој е Ѓаволот?

Сатана Ѓаволот — од каде дошол? (1, 2)

Како Сатана ги заведува луѓето? (3—7)

Зошто треба да му се спротивставуваш на Ѓаволот? (7)

1. Зборот „ѓавол“ значи некој кој кажува злобни лаги за друг. „Сатана“ значи непријател или противник. Ова се термини кои му се дадени на Божјиот главен непријател. На почетокот, тој бил совршен ангел на небото со Бог. Меѓутоа, подоцна тој имал превисоко мислење за себеси и го посакал обожавањето кое со право му припаѓа на Бог (Матеј 4:8—10).

2. Овој ангел, Сатана, зборувал со Ева преку една змија. Кажувајќи ѝ лаги, тој ја навел да му биде непослушна на Бог. Така Сатана го нападнал она што се нарекува Божја „сувереност“, или положба на Највиши. Сатана го довел во прашање тоа дали Бог владее на еден достоен начин и за најдобрите интереси на Своите поданици. Сатана, исто така, го довел во прашање тоа дали некое човечко суштество ќе му остане лојално на Бог. Правејќи го тоа, Сатана станал Божји непријател. Затоа дошло до тоа да биде наречен Сатана Ѓаволот (1. Мојсеева 3:1—5; Јов 1:8—11; Откровение 12:9).

3. Сатана се обидува да ги излаже луѓето да го обожаваат него (2. Коринтјаните 11:3, 14). Еден начин на кој ги заведува луѓето е преку лажната религија. Ако една религија поучува лаги за Бог, таа всушност служи на намерата на Сатана (Јован 8:44). Луѓето кои се членови на лажната религија можеби искрено веруваат дека го обожаваат вистинскиот Бог. Но, во суштина, му служат на Сатана. Тој е „богот од овој свет“ (2. Коринтјаните 4:4).

4. Спиритизмот е уште еден начин на кој Сатана ги доведува луѓето под своја моќ. Тие можеби повикуваат духови за да ги заштитуваат, да ги повредуваат другите, да ја претскажуваат иднината или да извршуваат чуда. Сатана е злобната сила која стои зад сите овие работи. За да му угодиме на Бог, не смееме да имаме никаква врска со спиритизмот (5. Мојсеева 18:10—12; Дела 19:18, 19).

5. Сатана ги заведува луѓето и преку претерана расна гордост и обожавање на политички организации. Некои мислат дека нивната нација или раса е подобра од другите. Но тоа не е вистина (Дела 10:34, 35). Други луѓе очекуваат политичките организации да ги решат човековите проблеми. Правејќи го тоа, тие го одбиваат Божјето Царство. Тоа е единственото решение за нашите проблеми (Даниил 2:44).

6. Друг начин како Сатана ги заведува луѓето е така што ги искушува со грешните желби. Јехова ни кажува да ги избегнуваме грешните постапки затоа што знае дека тие ќе ни наштетат (Галатјаните 6:7, 8). Некои луѓе можеби ќе сакаат да им се придружиш во таквите постапки. Но, сети се, Сатана е всушност тој кој сака да ги правиш тие работи (1. Коринтјаните 6:9, 10; 15:33).

7. Сатана може да користи прогонување или противење за да те наведе да го оставиш Јехова. Некои од оние кои ги сакаш можат многу да се налутат затоа што ја проучуваш Библијата. Други можеби ќе ти се исмејуваат. Но, на кого му го должиш животот? Сатана сака да те заплаши за да престанеш да учиш за Јехова. Не дозволувај Сатана да победи! (Матеј 10:34—39; 1. Петрово 5:8, 9). Ако му се спротивставуваш на Ѓаволот, можеш да го радуваш Јехова и да покажеш дека ја поддржуваш Неговата сувереност (Изреки 27:11).

[Слики на страница 9]

Лажната религија, спиритизмот и национализмот ги заведуваат луѓето

[Слика на страница 9]

Спротивстави му се на Сатана со тоа што ќе продолжиш да учиш за Јехова

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели