Вест за Царството бр. 35
Дали некогаш сите луѓе ќе се сакаат?
Љубовта кон ближниот се оладила
МИЛИОНИ се чувствуваат изгубено и бедно, немаат каде да се обратат. Една пензионирана деловна жена забележала: ,Една вечер, една вдовица која живееше на мојот спрат ми затропа на вратата и рече дека е осамена. Учтиво но директно ѝ реков дека сум зафатена. Таа се извини што ми додевала и си замина‘.
За жал, истата таа вечер вдовицата извршила самоубиство. После тоа, деловната жена рекла дека научила една „тешка лекција“.
Недостигот на љубов кон ближниот честопати е трагичен. За време на етничките конфликти во Босна и Херцеговина, порано дел од Југославија, преку еден милион беа присилени да бегаат од своите домови и десетици илјади беа убиени. Од кого? „Од нашите соседи“, се жалело едно девојче кое било истерано од своето село. „Се познававме.“
Во Руанда, стотици илјади луѓе беа масакрирани, честопати од своите соседи. „Хуту и Тутси [живееја] заедно, венчавајќи се меѓу себе, не грижејќи се ниту, пак, знаејќи кој е Хуту а кој Тутси“, известил The New York Times. „Потоа, нешто како да пукна“ и „почнаа убивањата“.
Слично на тоа, Евреите и Арапите во Израел живеат еден покрај друг, но многумина се мразат. Ситуацијата е иста со многумина католици и протестанти во Ирска, како и со сѐ поголем број луѓе во други земји. Никогаш порано во историјата немало толкав недостиг на љубов во светот.
Зошто оладила љубовта кон ближниот?
Нашиот Творец го дава одговорот. Неговата Реч, Библијата, времето во кое живееме го нарекува ,последни денови‘. Ова е период во кој, како што вели библиското пророштво, луѓето нема да имаат „природна наклоност“. Во врска со овие ,критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘, кои во Писмото се наречени и „завршетокот на системот на ствари“ (НС), Исус Христос прорекол дека „кај мнозина љубовта ќе олади“ (2. Тимотеј 3:1—5, НС; Матеј 24:3, 12).
Значи, денешниот недостиг на љубов е дел од доказот дека живееме во последните денови на овој свет. За среќа, тоа исто така значи дека овој свет на безбожни луѓе наскоро ќе биде заменет со еден праведен нов свет управуван од љубовта (Матеј 24:3—14; 2. Петрово 2:5; 3:7, 13).
Но, дали навистина имаме причина да веруваме дека е возможна една таква промена — дека сите луѓе можат да научат да се сакаат еден со друг и да живеат заедно во меѓусебен мир?
Љубовта кон ближниот — реалност
„КОЈ е мојот ближен?“ го запрашал Исуса еден правник од првиот век. Без сомнение, тој очекувал Исус да рече: ,Твоите сонародници Евреите‘. Но, во приказната за ближниот Самарјанин, Исус покажал дека и луѓето од другите националности се наши ближни (Лука 10:29—37; Јован 4:7—9).
Исус нагласил дека, веднаш после љубовта кон Бог, љубовта кон ближниот треба да го управува нашиот живот (Матеј 22:34—40). Но, дали некоја група луѓе некогаш навистина ги сакала своите ближни? Тоа го правеле првите христијани! Тие биле познати по љубовта што ја имале кон другите (Јован 13:34, 35).
А како е денес? Дали некој практикува љубов како Христовата? Encyclopedia Canadiana забележува: „Делото на Јеховините сведоци е заживување и повторно воспоставување на првобитното христијанство што го практикувале Исус и неговите ученици . . . Сите се браќа“.
Што значи тоа? Тоа значи дека Јеховините сведоци не допуштаат ништо — ниту расата, ниту националноста ниту етничкото потекло — да ги наведат да ги мразат своите ближни. Ниту, пак, тие ќе убијат некого бидејќи на еден симболичен начин ги прековале своите мачеви во плугови и своите копја во српови (Исаија 2:4). Сведоците, всушност, се познати по тоа што преземаат иницијатива да им помагаат на своите ближни (Галатјаните 6:10).
Не е чудно тоа што една уводна статија на калифорнискиот Sacramento Union забележала: „Доволно е да се рече дека, доколку целиот свет живееше според верувањето на Јеховините сведоци, ќе се ставеше крај на крвопролевањето и омразата, а љубовта ќе владееше како цар“. Еден писател во унгарското списание Ring, забележал: „Дојдов до заклучок дека, кога Јеховините сведоци би биле единствените кои живеат на Земјата, би престанале војните, а единствените должности на полицајците би биле да го контролираат сообраќајот и да издаваат пасоши“.
Но, како што е познато, ќе биде потребна една огромна промена низ целиот свет за да се сакаат сите луѓе. Како ќе настане таа промена? (Ве молиме, видете ја задната страница.)
Кога сите луѓе ќе се сакаат
ЕДНА молитва за која поучил Исус Христос покажува дека претстои една драматична промена. Во својата прочуена Проповед на гората, Исус нѐ поучил да се молиме: „Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“ (Матеј 6:10).
Што е Божјето Царство? Тоа е една реална влада, влада која владее од небото. Затоа е наречено и ,небесно царство‘. Исус, ,Кнезот на мирот‘, е наименуван од својот Татко да биде негов владетел (Матеј 10:7; Исаија 9:6, 7; Псалм 71:1—8).
Кога ќе дојде Божјето Царство, што ќе се случи со овој свет исполнет со омраза? ,Царството‘ ќе ги „победи и разруши“ сите корумпирани влади на овој свет (Даниил 2:44). Библијата објаснува: „Светот поминува . . . а оној, што ја извршува волјата Божја, останува довека“ (1. Јованово 2:17).
Во врска со Божјиот нов свет, Библијата вели: „Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“ (Псалм 36:9—11, 29; Изреки 2:21, 22). Какво само величествено време ќе биде тоа! „Смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе“ (Откровение 21:4). Дури и мртвите ќе живеат повторно, а целата Земја ќе биде преобразена во еден дословен рај (Исаија 11:6—9; 35:1, 2; Лука 23:43; Дела 24:15).
За да живееме во Божјиот нов свет, мораме да се сакаме, исто онака како што нѐ поучува Бог (1. Солунјаните 4:9). Еден проучувач на Библијата од Ориентот рекол: „Со радост го очекувам времето кога, како што ветува Библијата, сите луѓе ќе имаат научено да се сакаат“. И можеме да бидеме уверени дека Бог ќе ги одржи своите ветувања! „Јас реков“, вели тој, „и ќе го извршам тоа“ (Исаија 46:11).
Но, за да уживате во благословите под Божјето Царство, морате да примате библиско спознание, како што прават и милиони луѓе со искрени срца по целиот свет (Јован 17:3). Брошурата од 32 страници Што бара Бог од нас? ќе Ви помогне во тоа. Набавете си еден примерок со тоа што ќе го пополните купонот што е даден на претходната страница и ќе го испратите на адресата што е најблизу до Вашиот дом.
□ Би сакал да ја добијам брошурата Што бара Бог од нас?
□ Ве молам, контактирајте со мене за бесплатна домашна библиска студија.
[Извор на слика на страница 2]
Снајпер и погреб во Босна: Reuters/Corbis-Bettmann