ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • dp погл. 15 стр. 256-269
  • Соперничките цареви влегуваат во 20 век

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Соперничките цареви влегуваат во 20 век
  • Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ,ЌЕ ИМА СПЛЕТКИ‘
  • „ПРОТИВ СВЕТИОТ ЗАВЕТ“
  • ЦАРОТ ,ОСЛАБЕЛ СО ДУХОТ‘ ВО ВОЈНА
  • ЦАРОТ ПОСТАПУВА „ДЕЛОТВОРНО“
  • „ВОЈСКА“ КОЈА ДОАЃА ОД ЦАРОТ
  • ,ПОСТАВЕНА Е ОДВРАТНАТА РАБОТА‘
  • Еден цар ја осквернува Јеховината светиња
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Северниот цар во времето на крајот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Им се ближи крајот на спротивставените цареви
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Кој е северниот цар денес?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
Повеќе
Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
dp погл. 15 стр. 256-269

Петнаесетто поглавје

Соперничките цареви влегуваат во 20 век

1. Според еден историчар, кои биле водачите на Европа во 19 век?

„ЕВРОПА од деветнаесеттиот век се одликува со динамичност која далеку надминува сѐ што било познато претходно“, пишува историчарот Норман Дејвис. Тој додава: „Европа пулсираше со моќ како никогаш порано: техничка моќ, економска моќ, културна моќ, интерконтинентална моќ“. Водачите на „европскиот победнички ‚век на моќта‘“, вели Дејвис, „беа, во прв ред, Велика Британија . . . и, во подоцнежните десетлетија, Германија“.

,ЌЕ ИМА СПЛЕТКИ‘

2. Кои сили ги презеле улогите на „северниот цар“ и на „јужниот цар“ кон крајот на 19 век?

2 Како што привршувал 19 век, Германската Империја била „северниот цар“, а Британија ја заземала положбата на „јужниот цар“ (Даниел 11:14, 15). „Во срцето на двата цара“, вели Јеховиниот ангел, „ќе има сплетки, и ќе седат на една трпеза и ќе зборуваат лага“. Тој продолжува: „Но нема ништо да се случи [успее, NW], зашто крајот е одложен до определеното време“ (Даниел 11:27).

3, 4. а) Кој станал првиот император на Германскиот Рајх, и кој пакт бил склучен? б) Каква политика следел Кајзер Вилхелм?

3 На 18 јануари 1871, Вилхелм I станал првиот император на Германскиот Рајх, односно Империја. Тој го наименувал за канцелар Ото фон Бизмарк. Бизмарк, сконцентриран на развојот на новата империја, избегнувал конфликти со други нации и склучил сојуз со Австро-Унгарија и со Италија, познат како Троен пакт. Но, набрзо дошло до судир меѓу интересите на овој нов северен цар и интересите на јужниот цар.

4 Откако Вилхелм I и неговиот наследник Фредерик III умреле во 1888, на престолот дошол 29-годишниот Вилхелм II. Вилхелм II, или Кајзер Вилхелм, го присилил Бизмарк да даде оставка и продолжил со својата политика на ширење на германското влијание низ светот. „Под Вилхелм II,“ вели еден историчар, „[Германија] зазела арогантен и агресивен став.“

5. Како двајцата цареви седеле „на една трпеза“ и што зборувале таму?

5 Кога рускиот цар Николај II свикал мировна конференција во Хаг, Холандија, на 24 август 1898, владеела атмосфера на меѓународна затегнатост. На оваа конференција, како и на онаа која следела во 1907, бил основан Постојаниот арбитражен суд во Хаг. Со тоа што станале членки на овој суд, Германскиот Рајх, како и Велика Британија, создавале впечаток дека сакаат мир. Тие седеле „на една трпеза“, прикажувајќи се навидум пријателски настроени, но ‚во нивните срца имало сплетки‘. Дипломатската тактика ‚да седат на една трпеза и да зборуваат лага‘ не можела да унапредува вистински мир. Во врска со нивните политички, комерцијални и воени амбиции, ‚нема ништо да успее‘ бидејќи крајот на двајцата цареви е ‚до времето определено‘ од Јехова Бог.

„ПРОТИВ СВЕТИОТ ЗАВЕТ“

6, 7. а) На кој начин северниот цар ‚се вратил во својата земја‘? б) Како реагирал јужниот цар на сѐ пораширеното влијание на северниот цар?

6 Продолжувајќи понатаму, Божјиот ангел рекол: „И така ќе се врати тој [северниот цар] во својата земја со големо богатство и со непријателска замисла против светиот завет, и ќе го исполни [ќе постапува делотворно, NW] и ќе се врати во земјата своја“ (Даниел 11:28).

7 Кајзер Вилхелм се вратил во ‚земјата‘, односно во земните услови, на древниот северен цар. Како? Така што создал империска влада со цел да го прошири Германскиот Рајх и да го рашири неговото влијание. Вилхелм II имал за цел да основа колонии во Африка и на други места. Сакајќи да ја побие британската превласт на морето, фатил да гради моќна морнарица. „Од безначајна, германската морнарица станала втора само после британската за помалку од една деценија“, вели The New Encyclopædia Britannica. За да ја задржи својата превласт, Британија дословно морала да ја прошири својата поморска програма. Таа, исто така, преговарала за антант кордиал (срдечен договор) со Франција и за слична спогодба со Русија, формирајќи ја на тој начин Антантата. Европа сега била поделена на два воени логора — Тројниот пакт од едната страна и Антантата од другата.

8. Како Германската Империја добила „големо богатство“?

8 Германската Империја следела агресивна политика, што довело до „големо богатство“ за Германија бидејќи таа била главна во Тројниот пакт. Австро-Унгарија и Италија биле римокатолички земји. Според тоа, Тројниот пакт уживал и папска наклоност, додека јужниот цар, со својата главно не-католичка Антанта, ја немал таа наклоност.

9. Како северниот цар бил во срцето „против светиот завет“?

9 Што се случувало со Јеховиниот народ? Тие долго време објавувале дека „одредените времиња на народите“ ќе завршат во 1914a (Лука 21:24, NW). Таа година, Божјето Царство во рацете на Наследникот на цар Давид, Исус Христос, било воспоставено на небото (2. Царства 7:12—16; Лука 22:28, 29). Уште во март 1880, списанието Стражарска кула го поврзало владеењето на Божјето Царство со крајот на „одредените времиња на народите“, односно „времињата на незнабошците“. Но срцето на германскиот северен цар било ‚против светиот завет на Царството‘. Наместо да признае дека Царството владее, Кајзер Вилхелм ‚постапувал делотворно‘ така што ги унапредувал своите планови за светска доминација. Меѓутоа, со таквото постапување го посеал семето на Првата светска војна.

ЦАРОТ ,ОСЛАБЕЛ СО ДУХОТ‘ ВО ВОЈНА

10, 11. Како започнала Првата светска војна, и како се случило тоа „во определеното време“?

10 „Во определеното време тој [северниот цар]“, претскажал ангелот, „пак ќе појде против југ, но последниот поход нема да биде како поранешниот“ (Даниел 11:29). Божјето ‚определено време‘ да ѝ стави крај на доминацијата на незнабошците на Земјата дошло во 1914 кога Бог го воспоставил небесното Царство. На 28 јуни истата година, еден српски терорист извршил атентат врз австрискиот надвојвода Франц Фердинанд и жена му, во Сараево, Босна. Таа искра ја запалила Првата светска војна.

11 Кајзер Вилхелм ја поттикнал Австро-Унгарија да ѝ се одмазди на Србија. Уверена дека Германија ќе ја поддржи, Австро-Унгарија ѝ објавила војна на Србија на 28 јули 1914. Но, Русија ѝ пристапила на помош на Србија. Кога Германија ѝ објавила војна на Русија, Франција (сојузник во Антантата) ја поддржала Русија. Тогаш Германија ѝ објавила војна на Франција. За да го направи Париз попристаплив, Германија ја нападнала Белгија, чијашто неутралност ја гарантирала Британија. Така Британија ѝ објавила војна на Германија. Се вклучиле и други нации, а Италија ја променила страната. За време на војната, Британија го направила Египет свој протекторат со цел да го спречи северниот цар да го пресече Суецкиот Канал и да го нападне Египет, древната земја на јужниот цар.

12. Во текот на Првата светска војна, на кој начин ‚последниот поход не бил како поранешниот‘?

12 „И покрај големината и силата на Сојузниците“, вели The World Book Encyclopedia, „изгледало дека Германија ќе ја добие војната.“ Во претходните конфликти меѓу двата цара, Римската Империја, како северен цар, постојано победувала. Но овојпат, ‚последниот поход не бил како поранешниот‘. Северниот цар ја изгубил војната. Наведувајќи ја причината, ангелот рекол: „Истовремено со [против, NW] него ќе дојдат китимските кораби, ќе ослаби со духот“ (Даниел 11:30а). Што биле „китимските кораби“?

13, 14. а) Што биле главно „китимските кораби“ кои дошле против северниот цар? б) Како дошле повеќе китимски кораби додека траела Првата светска војна?

13 Во времето на Даниел, Китим бил Кипар. На почетокот на Првата светска војна, Британија го анектирала Кипар. Освен тоа, според The Zondervan Pictorial Encyclopedia of the Bible, името Китим „е проширено да го вклучува З[ападот] воопшто, но пос[ебно] поморскиот З[апад]“. New International Version го преведува изразот „китимските кораби“ како „бродовите на западните приморски земји“. Во текот на Првата светска војна, се покажало дека китимските кораби се главно британските бродови, кои лежеле покрај западниот брег на Европа.

14 Како што се развлекувала војната, британската морнарица се зајакнала со повеќе китимски кораби. На 7 мај 1915, германската подморница U-20 го потонала патничкиот брод Лузитанија покрај јужниот брег на Ирска. Меѓу мртвите биле и 128 Американци. Подоцна Германија ја проширила војната со подморници во Атлантикот. Како последица на тоа, на 6 април 1917, претседателот на САД Вудроу Вилсон ѝ објавил војна на Германија. Дополнет со воени бродови и трупи на САД, јужниот цар — сега англо-американската светска сила — бил потполно во војна со својот соперник.

15. Кога ‚ослабел со духот‘ северниот цар?

15 Под нападот на англо-американската светска сила, северниот цар ‚ослабел со духот‘ и нерадо го признал поразот во ноември 1918. Вилхелм II побегнал во азил во Холандија, а Германија станала република. Но, северниот цар сѐ уште не бил готов.

ЦАРОТ ПОСТАПУВА „ДЕЛОТВОРНО“

16. Според пророштвото, како требало да реагира северниот цар на својот пораз?

16 „Ќе се врати [северниот цар], ќе се озлоби против светиот завет и ќе ја изврши својата намера [ќе постапува делотворно, NW] и пак ќе се договори со отстапниците од светиот завет“ (Даниел 11:30б). Така пророкувал ангелот, така и испаднало.

17. Што водело до подемот на Адолф Хитлер?

17 Откако во 1918 завршила војната, победничките Сојузници ѝ наметнале казнен мировен договор на Германија. Условите на договорот биле тешки за германскиот народ, а новата република била слаба уште од почетокот. Германија се тетеравела неколку години во крајно тешка ситуација и ја доживеала Големата депресија која на крајот оставила без работа шест милиони луѓе. На почетокот на 1930-тите, созреале условите за подемот на Адолф Хитлер. Тој станал канцелар во јануари 1933, а следната година ја презел претседателската положба на она што нацистите го нарекле Третиот Рајх.b

18. Како постапувал Хитлер „делотворно“?

18 Веднаш откако дошол на власт, Хитлер започнал со злобен напад против „светиот завет“, што го претставувале помазаните браќа на Исус Христос (Матеј 25:40). На тој начин постапувал „делотворно“ против овие лојални христијани, свирепо прогонувајќи многумина од нив. Хитлер доживувал економски и дипломатски успеси, постапувајќи „делотворно“ и на овие полиња. За неколку години ја направил Германија сила која требало да се земе во обѕир на светската сцена.

19. Барајќи поддршка, на кого се додворувал Хитлер?

19 Хитлер ‚се договорил со отстапниците од светиот завет‘. Кои биле тие? Изгледа дека тоа биле водачите на христијанскиот свет, кои тврделе дека имаат заветен однос со Бог но повеќе не му биле ученици на Исус Христос. Хитлер успешно ги повикал „отстапниците од светиот завет“ да го поддржат. На пример, склучил конкордат со папата во Рим. Во 1935, Хитлер го основал Министерството за црковни работи. Една од неговите цели била да ги стави евангелистичките цркви под државна контрола.

„ВОЈСКА“ КОЈА ДОАЃА ОД ЦАРОТ

20. Каква „војска“ употребил северниот цар, и против кого?

20 Хитлер наскоро стапил во војна, точно како што и претскажал ангелот: „Ќе постави определен одред војска што ќе го осквернува светилиштето на силата, ќе ја укине секојдневната жртва [постојаната одлика, NW]“ (Даниел 11:31а). ‚Војската‘ биле воените сили коишто северниот цар ги употребил за да се бори со јужниот цар во Втората светска војна. На 1 септември 1939, нацистичката „војска“ ја нападнала Полска. Два дена подоцна, Британија и Франција ѝ објавиле војна на Германија за да ѝ помогнат на Полска. Така започнала Втората светска војна. Полска паднала брзо, а наскоро потоа германските сили ги окупирале Данска, Норвешка, Холандија, Белгија, Луксембург и Франција. „На крајот на 1941,“ вели The World Book Encyclopedia, „нацистичка Германија доминирала со континентот.“

21. Како се свртеле работите против северниот цар во текот на Втората светска војна, и каков бил конечниот исход?

21 И покрај тоа што Германија и Советскиот Сојуз потпишале Договор за пријателство, соработка и демаркација, Хитлер сепак ја нападнал советската територија на 22 јуни 1941. Поради оваа постапка Советскиот Сојуз застанал на страната на Британија. Советската армија пружила голем отпор и покрај почетното впечатливо напредување на германските сили. На 6 декември 1941, германската армија всушност претрпела пораз кај Москва. Следниот ден, германскиот сојузник Јапонија го бомбардирал Перл Харбур, Хаваи. Кога дознал за ова, на своите аѓутанти Хитлер им рекол: „Сега е невозможно да ја изгубиме војната“. На 11 декември тој брзоплето им објавил војна на Соединетите Држави. Но, тој ги потценил силите и на Советскиот Сојуз и на Соединетите Држави. Со советската армија која напаѓала од исток и британските и американските сили кои се приближувале од запад, работите наскоро се свртеле против Хитлер. Германските сили почнале да ги губат териториите една по една. После самоубиството на Хитлер, Германија им се предала на Сојузниците на 7 мај 1945.

22. Како северниот цар ‚го осквернил светилиштето и ја укинал постојаната одлика‘?

22 „[Нацистичката војска] ќе го осквернува светилиштето на силата, ќе ја укине секојдневната жртва[постојаната одлика, NW]“, рекол ангелот. Во древна Јуда, светилиштето било дел од храмот во Ерусалим. Меѓутоа, кога Евреите го отфрлиле Исус, Јехова ги отфрлил нив и нивниот храм (Матеј 23:37—24:2). Уште од првиот век н.е., Јеховиниот храм бил всушност духовен, со својата светиња над светињите на небото и со духовниот двор на Земјата, во кој служат помазаните браќа на Исус, Првосвештеникот. Од 1930-тите наваму, ‚големото мноштво‘ обожава заедно со помазаниот остаток и затоа се вели дека служи ‚во Божјиот храм‘ (Откровение 7:9, 15; 11:1, 2; Евреите 9:11, 12, 24). Во земјите под негова контрола, северниот цар го осквернил земниот двор на храмот со тоа што непопустливо го прогонувал помазаниот остаток и нивните придружници. Прогонството било толку сурово што ‚постојаната одлика‘ — јавната жртва на фалба на Јеховиното име — била укината (Евреите 13:15). Сепак, и покрај ужасното страдање, верните помазани христијани заедно со ‚другите овци‘ продолжиле да проповедаат за време на Втората светска војна (Јован 10:16).

,ПОСТАВЕНА Е ОДВРАТНАТА РАБОТА‘

23. Што била „одвратната работа“ во првиот век?

23 Кога крајот на Втората светска војна бил на видик, дошло до поинаков развој на настаните, токму како што претскажал Божјиот ангел. „Ќе ја постават одвратната работа која предизвикува опустошување“ (Даниел 11:31б, NW). Исус исто така зборувал за „одвратната работа“. Во првиот век, се покажало дека тоа е римската војска која дошла во Ерусалим во 66 н.е. за да ја задуши еврејската побунаc (Матеј 24:15, NW; Даниел 9:27).

24, 25. а) Што е „одвратната работа“ во современа доба? б) Кога и како била ‚поставена одвратната работа‘?

24 Која ‚одвратна работа‘ била ‚поставена‘ во современа доба? Изгледа дека тоа е „одвратната“ имитација на Божјето Царство. Ова била Лигата на народите, црвениот див ѕвер кој отишол во бездната, односно престанал да постои како светска мировна организација кога избила Втората светска војна (Откровение 17:8). Меѓутоа, „ѕверот“ требало да „излезе од бездната“. Токму тоа и го сторил на 24 октомври 1945, кога биле основани Обединетите нации, со 50 земји членки, вклучувајќи го и поранешниот Советски Сојуз. Со тоа, „одвратната работа“ што ја претскажал ангелот — Обединетите нации — била поставена.

25 Германија била главниот непријател на јужниот цар во текот на двете светски војни и го заземала местото на северниот цар. Кој ќе е следниот на тоа место?

[Фусноти]

a Види го 6-то поглавје од оваа книга.

b Светата Римска Империја била првиот рајх, а Германската Империја вториот.

c Види го 11-то поглавје од оваа книга.

ШТО ЗАБЕЛЕЖА?

• На крајот од 19 век, кои сили ги пополниле улогите на северниот и на јужниот цар?

• Во текот на Првата светска војна, како испаднало за северниот цар ‚последниот поход да не биде како поранешниот‘?

• После Првата светска војна, како Хитлер ја направил Германија сила која требало да се земе во обѕир на светската сцена?

• Каков бил исходот на соперништвото помеѓу северниот и јужниот цар во текот на Втората светска војна?

[Табела/слики на страница 268]

ЦАРЕВИТЕ ВО ДАНИЕЛ 11:27—31

Северниот цар Јужниот цар

Дан. 11:27—30а Германската Империја Британија,

(I Светска војна) а после неа

англо-американската

светска сила

Дан. 11:30б, 31 Хитлеровиот Трет Рајх англо-американската

(II Светска војна) светска сила

[Слика]

Претседателот Вудроу Вилсон со цар Георг V

[Слика]

Многу христијани биле прогонети во концентрациони логори

[Слика]

Водачите во христијанскиот свет го поддржале Хитлер

[Слика]

Автомобилот во кој бил извршен атентатот врз надвојводата Фердинанд

[Слика]

Германски војници, I светска војна

[Слика на страница 257]

На Јалта, во 1945, британскиот премиер Винстон Черчил, претседателот на САД Френклин Д. Рузвелт и советскиот премиер Јосиф Сталин ги усогласиле плановите да ја окупираат Германија, да оформат нова влада во Полска и да одржат конференција за основање на Обединетите нации

[Слики на страница 258]

1. Надвојводата Фердинанд 2. Германска морнарица 3. Британска морнарица 4. Лузитанија 5. Американската објава на војна

[Слики на страница 263]

Адолф Хитлер бил сигурен во победата откако германскиот сојузник Јапонија го бомбардирал Перл Харбур

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели