Лекција 9
Кои се Божјите пријатели?
Исус Христос е Јеховиниот Син и неговиот најблизок, најдраг пријател. Пред да живее како човек на Земјата, Исус живеел на небото како моќно духовно суштество (Јован 17:5). Потоа дошол на Земјата за да ги поучува луѓето за вистината за Бог (Јован 18:37). Исто така го дал својот човечки живот за да ги спаси послушните луѓе од грев и смрт (Римјаните 6:23). Сега Исус е Цар на Божјето Царство, небесна влада која ќе донесе Рај на Земјава (Откровение 19:16).
Ангелите се исто така Божји пријатели. Ангелите не го започнале својот живот како луѓе на Земјата. Тие биле создадени на небото пред Бог да ја направи Земјата (Јов 38:4—7). Има милиони ангели (Даниил 7:10). Овие небесни пријатели на Бог сакаат луѓето да ја научат вистината за Јехова (Откровение 14:6, 7).
Бог има, исто така, пријатели на Земјата; тој ги нарекува свои сведоци. Еден сведок на суд го кажува она што го знае за некого или за нешто. Јеховините сведоци им го кажуваат на другите она што го знаат за Јехова и за неговата намера (Исаија 43:10). Како и ангелите, Сведоците сакаат да ти помогнат да ја научиш вистината за Јехова. Сакаат и ти да бидеш Божји пријател.