ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 31 стр. 190-стр. 193 пас. 2
  • Да се покаже почит кон другите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се покаже почит кон другите
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Илустрации од познати ситуации
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Делотворно користење визуелни помагала
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Зошто да ги почитуваме оние што имаат авторитет?
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Дали предводиш во искажувањето почит?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 31 стр. 190-стр. 193 пас. 2

СТУДИЈА 31

Да се покаже почит кон другите

Што треба да правиш?

Покажи обѕир кон другите оддавајќи им чест.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Покажувањето почит е христијанско барање што унапредува атмосфера во која постои поголема веројатност дека другите ќе го прифатат она што им го презентираш од Библијата.

ПИСМОТО ни вели да ,им искажуваме чест на сите видови луѓе‘ и ,да не зборуваме лошо за никого‘ (1. Петр. 2:17; Тит 3:2). Всушност, секој човек што го среќаваме ,настанал „според сликата Божја“ ‘ (Јак. 3:9). Христос умрел за секој поединец (Јован 3:16). И сите заслужуваат да ја чујат добрата вест за да постапуваат според неа и да бидат спасени (2. Петр. 3:9). Некои луѓе имаат особини или авторитет што заслужува посебно почитување.

Зошто некои луѓе би се обидувале да се ослободат од покажувањето на онаа почит на која охрабрува Библијата? Можеби локалната култура диктира кој е подобен за чест зависно од кастата, бојата на кожа, полот, здравјето, возраста, богатството или општествениот статус. Раширената корупција меѓу државните службеници ја нагризала почитта кон авторитетот. Луѓето во некои земји се многу незадоволни од својата ситуација во животот и можеби работат долги часови само за едвај да ги задоволат основните потреби, а опкружени се со луѓе што не покажуваат почит. Младите доживуваат притисок од врсниците за да се придружат во побуната кон неомилените наставници и други авторитетни личности. Многумина се под влијание на телевизијата која прикажува како децата ги надмудруваат родителите и доминираат со нив. Потребни ни се напори за да не дозволиме таквите телесни сфаќања да го изменат нашиот обѕир кон другите. Сепак, кога го почитуваме достоинството на луѓето, се создава атмосфера во која полесно се остварува размената на идеи.

Учтив пристап. Од човек што учествува во религиозно дело се очекува да покаже почит со пригодно облекување и постапување. Она што се смета за соодветна пристојност се разликува од место до место. Некои сметаат дека не е учтиво да му пристапиш на човек ако носиш капа или ако едната рака ти е в џеб. На други места, луѓето би можеле да го прифатат тоа како пристојно. Земи ги предвид локалните чувства за да не навредиш никого. Тоа ќе ти помогне да ги избегнеш пречките за делотворно да ја објавиш добрата вест.

Истото важи и за начинот на кој им се обраќаме на другите, особено на постарите. Обично се смета дека е неучтиво младите да им се обраќаат на возрасните по име, освен ако имаат дозвола за тоа. На некои места и од возрасните се очекува да не се им се обраќаат на непознати по име. Исто така, во многу јазици се користи множинскиот облик „Вие“ или некој друг начин за да се покаже почит кон некој што е постар или има авторитет.

Учтиво признание. Во некои помали средини се очекува да покажеш дека си го забележал присуството на некого на кого си наишол по патот или кога си влегол во некоја просторија. Ова се постигнува со едноставен поздрав, насмевка, кимнување со главата, па дури и со кревање на веѓите. Игнорирањето на другиот се смета за неучтивост.

Но, некои можеби се чувствуваат игнорирани дури и ако покажеш дека си го забележал нивното присуство. Зошто? Затоа што увидуваат дека не си ги погледнал како поединци. Не е невообичаено луѓето да бидат категоризирани според некое физичко обележје. Луѓе што имаат инвалидности и здравствени проблеми честопати се избегнувани. Сепак, Божјата реч ни покажува дека кон такви поединци треба да се однесуваме со љубов и почит (Мат. 8:2, 3). Сите ние сме на некој начин погодени од тоа што сме го наследиле адамскиот грев. Дали ќе се чувствуваш почитуван ако другите секогаш те идентификуваат по твоите недостатоци? Зар не би сакал да те препознаваат по многуте позитивни особини што ги имаш?

Почитта вклучува да се признае и поглаварството. На некои места е потребно, пред да им се сведочи на другите во домаќинството, да се разговара со поглаварот на домот. Иако нашиот налог да проповедаме и да поучуваме доаѓа од Јехова, признаваме дека родителите се тие што имаат овластување од Бог да ги воспитуваат, дисциплинираат и водат своите деца (Ефеш. 6:1-4). Според тоа, кога одиме во некој дом, обично е пригодно, пред да ги вклучиме децата во некоја опширна дискусија, најпрвин да поразговараме со родителите.

Со староста доаѓа и животното искуство, кое мора да се почитува (Јов 32:6, 7). Свесноста за тоа ѝ помогнала на една млада сестра, пионерка од Шри Ланка, која посетила еден постар човек. Во почетокот тој приговорил на нејзината посета со зборовите: „Како може една млада личност, како тебе, да ме учи мене за Библијата?“ Но, таа одговорила: „Всушност, јас не дојдов да ве учам, туку да споделам со Вас нешто што сум го научила и ме направило толку среќна што едноставно морам да им го кажам на другите“. Учтивиот одговор на пионерката побудил интерес кај човекот. „Тогаш кажи ми, што си научила?“ — прашал тој. „Научив како може да се живее засекогаш“ — рекла таа. Постариот човек почнал да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Нема сите постари луѓе да изразат желба да се постапува кон нив со таква почит, но повеќето ќе покажат ценење за тоа.

Меѓутоа, постои можност да се претера со изразите на почит. На пацифичките острови и на други места, учтивото користење еден вообичаен облик на обраќање, кога им се пристапува на селските или на племенските поглавари, може да им помогне на Сведоците да најдат уво што слуша и можност да разговараат со поглаварите и со луѓето што се под нивна надлежност. А ласкањето не е ни потребно ни исправно (Посл. 29:5). На сличен начин, граматиката на некој јазик може да вклучува почесни изрази, но христијанската почит не бара да се претерува со нив.

Учтиво изнесување. Библијата нѐ поттикнува да ја објасниме причината за нашата надеж „со благ нарав и со длабока почит“ (1. Петр. 3:15). Затоа, иако можеби сме во состојба брзо да ги разоткриеме недостатоците во гледиштето на другиот, дали е мудро да го правиме тоа на начин што може да го лиши од достоинството? Зарем не би било подобро стрпливо да слушаме, можеби да го прашаме зошто се чувствува така и, потоа, да ги земеме предвид неговите чувства додека резонираме со него на темел на Писмото?

Таквата почит што ја покажуваме во ситуации кога лично разговараме со некого треба да биде очигледна и кога им се обраќаме на присутните од подиумот. Говорник што има почит кон присутните нема остро да ги критизира или да покаже став, кој вели: „Да сакаше навистина, ќе можеше да го сториш тоа“. Говорењето на таков начин само ги обесхрабрува другите. Колку само е подобро публиката да ја гледаме како собир на луѓе што го љубат Јехова и сакаат да му служат! Имитирајќи го Христос, треба да покажуваме разбирање кога имаме работа со лица што можеби се духовно слаби, помалку искусни или побавно ги применуваат библиските совети.

Присутните ќе осетат дека говорникот има почит кон нив ако се вклучи и себеси како некој што треба уште поцелосно да ја применува Божјата реч. Затоа, кога ја објаснуваш примената на стиховите, мудро е да избегнуваш постојано да ја користиш личната заменка „ти“. Забележи ја, на пример, разликата меѓу прашањето: „Правиш ли сѐ што можеш?“ и изјавата: „Добро е секој од нас да се праша: ,Правам ли сѐ што можам?‘ “ Поентата на двете прашања е иста, но под првото се подразбира дека говорникот не се става себеси на исто ниво со публиката. Второто ги охрабрува сите, па и говорникот, да ги проанализираат сопствената ситуација и сопствените мотиви.

Спротивстави се на искушението да даваш хумористични забелешки само за да ја насмееш публиката. Ова го намалува достоинството на библиската порака. Точно, треба да уживаме во нашата служба за Бог. Во материјалот што ни е доделен можеби има и некои фасети што се малку хумористични. Сепак, ако сериозните работи ги сведуваме на смеење, откриваме недостиг на почит кон публиката и кон Бог.

Нека нашиот пристап, нашето однесување и нашиот говор секогаш покажуваат дека другите ги гледаме на начинот на којшто Јехова нѐ поучил.

КАКО СЕ ПРАВИ ТОА

  • Биди свесен за тоа како Јехова гледа на луѓето.

  • Признај ги поглаварството, годините и авторитетот.

  • Дозволи им на луѓето да си имаат свои мислења.

  • Имај разбирање за публиката.

ВЕЖБА: Помисли на некој што е многу постар или многу помлад од тебе. Размисли како би му пристапил, што би му рекол за да започнеш разговор и што би сторил за да покажеш вистинска почит кон него и кон она што тој го рекол. Продолжи со она што веќе си го испланирал.

Начини на кои можам да покажам поголема почит:

․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․

․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели