ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 34 стр. 202-стр. 205 пас. 4
  • Изградувачки настроен и позитивен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Изградувачки настроен и позитивен
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Како да ги подобриш вештините за разговор
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Изградувај ги другите
    Нашата служба за Царството 1995
  • Да се охрабрат другите со позитивни мисли
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Дали ги изградуваш другите на христијанските состаноци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 34 стр. 202-стр. 205 пас. 4

СТУДИЈА 34

Изградувачки настроен и позитивен

Што треба да правиш?

Наместо долго да се задржуваш на негативни работи, зборувај за работи што ќе ја подобрат ситуацијата или влеваат доверба.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Луѓето се исцрпени од овој свет без љубов. Многумина имаат сериозни лични проблеми. Библиската порака, кога се презентира исправно, им дава на искрените луѓе посветла перспектива.

ПОРАКАТА, за која имаме налог да проповедаме, е добра вест. Исус рекол: „Во сите нации најпрво мора да биде проповедана добрата вест“ (Мар. 13:10). Самиот Исус дал пример на тој начин што ја истакнувал „добрата вест за Божјето царство“ (Лука 4:43). Она што го проповедале апостолите е исто така опишано како ,Божја добра вест‘ и ,добра вест за Христос‘ (1. Сол. 2:2; 2. Кор. 2:12). Таквата порака е изградувачка и позитивна.

Во согласност со објавувањето на ,вечната добра вест‘ од страна на ,ангелот што лета среде небото‘, ги поттикнуваме луѓето: „Плашете се од Бог и оддајте му слава“ (Откр. 14:6, 7). Ние им кажуваме на луѓето насекаде за вистинскиот Бог, за неговото име, за неговите прекрасни особини, за неговите чудесни дела, за неговата љубезна намера, за нашата одговорност кон него и за она што тој го бара од нас. Добрата вест го вклучува и фактот дека Јехова Бог ќе ги уништи злобните, кои го обесчестуваат него и им го разоруваат животот на другите. Но, не е наше да им судиме на луѓето на кои им проповедаме. Наша горлива желба е колку што е можно повеќемина поволно да реагираат на библиската порака за таа навистина да се покаже добра вест за нив (Посл. 2:20-22; Јован 5:22).

Ограничи го негативниот материјал. Се разбира, животот си има и свои негативни аспекти. Ние не ги затвораме очите пред нив. За да започнеш разговор, можеш да изнесеш некој проблем за кој размислуваат луѓето на твоето подрачје и кратко да подискутираш за него. Но, обично мала е вредноста ако зборуваш за него надолго и нашироко. Луѓето постојано слушаат вознемирувачки вести, така што зборувањето за непријатни работи може да ги наведе да ја затворат вратата или ушите. Во одреден почетен момент од твојот разговор, настојувај да го насочиш вниманието кон освежувачките вистини од Божјата реч (Откр. 22:17). Тогаш, дури и ако лицето не сака да го продолжи разговорот, ќе му имаш оставено нешто изградувачко за кое ќе може да размислува. Ова може да го направи поспремен да слуша во некоја друга прилика.

На сличен начин, ако си замолен да одржиш говор, не преплавувај ја публиката со негативни информации само поради тоа што ги има во изобилство. Ако говорникот нашироко се задржува на неуспехот на човечките владетели, на извештаите за криминал и насилство и на шокантната распространетост на неморалот, ефектот може да биде депримирачки. Негативните аспекти на темата воведи ги само ако служат за некоја корисна цел. Ако има малку таков материјал, тоа може да ја нагласи навременоста на твојот говор. Исто така, може да ги идентификува главните фактори што придонесуваат за одредена ситуација и на тој начин да бидат користени за да се покаже зошто решението изложено во Библијата е практично. Таму каде што е можно, биди конкретен без долго да се задржуваш на проблемите.

Обично не е ниту можно ниту пожелно да го елиминираш целиот негативен материјал од говорот. Предизвик е мешавината од добро и лошо да ја презентираш на таков начин што севкупниот ефект ќе биде позитивен. За да го постигнеш тоа, мораш да одредиш што да внесеш, што да испуштиш и каде да нагласиш. Во Проповедта на гората, Исус ги опоменал своите слушатели да ги избегнуваат себичните патишта на книжниците и фарисеите, и навел неколку примери за да го илустрира тоа (Мат. 6:1, 2, 5, 16). Меѓутоа, наместо да се задржува на негативните примери на тие верски водачи, Исус го нагласил разбирањето на вистинските Божји патишта и живеењето според нив (Мат. 6:3, 4, 6-15, 17-34). Ефектот бил убедливо позитивен.

Задржи позитивен тон. Ако ти е доделено да држиш говор во собранието за некој аспект на христијанската активност, настојувај да бидеш конструктивен, а не критизерски настроен. Погрижи се да го правиш она на кое ги охрабруваш другите (Рим. 2:21, 22; Евр. 13:7). Нека љубовта, а не раздразнетоста, биде мотив за она што го кажуваш (2. Кор. 2:4). Ако имаш доверба дека соверниците сакаат да му угодат на Јехова, она што ќе го кажеш ќе ја одразува таа доверба, а тоа ќе има корисен ефект. Забележи како апостол Павле изразил таква доверба, според она што е запишано во 1. Солуњаните 4:1-12; 2. Солуњаните 3:4, 5 и Филимон 4, 8-14, 21.

Понекогаш е потребно старешините да предупредат на некое немудро однесување. Но, понизноста ќе им помогне да постапуваат со своите браќа со дух на благост (Гал. 6:1). Начинот на кој ги кажуваат работите треба да покаже дека на членовите на собранието гледаат со почит (1. Петр. 5:2, 3). Библијата ги советува помладите мажи да бидат особено свесни за тоа (1. Тим. 4:12; 5:1, 2; 1. Петр. 5:5). Кога е потребно да се укорува, да се дисциплинира, да се исправат работите, тоа треба да се прави на темел на она што го вели самата Библија (2. Тим. 3:16). Примената на Писмото не треба никогаш да биде присилно наметната или да биде извртена за да се поддржи некоја идеја во врска со која говорникот можеби има силни чувства. Дури и кога се потребни совети за исправање, може да се задржи позитивен тон на говорот ако првенствено се нагласи како да се избегне вмешување во престапи, како да се решат проблемите, како да се совладаат тешкотиите, како да се исправи некој погрешен правец и како Јеховините барања нѐ штитат (Псал. 119:1, 9-16).

Кога се подготвуваш за говорот, посебно размисли како ќе ја заклучиш секоја главна точка и говорот како целина. Она што ќе го кажеш на крајот, обично најдолго се помни. Дали ќе биде позитивно?

Кога разговараш со соверници. Јеховините слуги ги ценат приликите за дружење на христијанските состаноци. Тоа се периоди на духовно освежување. Библијата нѐ поттикнува да го имаме на ум ,храбрењето едни со други‘ кога се собираме на нашите места на обожавање (Евр. 10:25). Ова не се прави само со говорите и коментарите во текот на состаноците туку и со разговорот пред и по состаноците.

Иако е нормално во разговорот да е вклучен и нашиот секојдневен живот, најголемото охрабрување доаѓа од дискутирањето за духовни работи. Во ова спаѓаат искуствата што ги уживаме во светата служба. Покажувањето здрав интерес еден за друг исто така изградува.

Поради влијанието на светот околу нас, треба да бидеме внимателни. Кога им пишувал на христијаните во Ефес, Павле рекол: „Сега кога сте ја отфрлиле лагата, зборувајте ја вистината секој со својот ближен“ (Ефеш. 4:25). Ја зборуваме вистината наместо лагата кога, меѓу другото, не ги величаме предметите и луѓето што светот ги идолизира. Исто така, Исус предупредил на „измамничката моќ на богатството“ (Мат. 13:22). Затоа, кога разговараме еден со друг, треба да внимаваме да не ја унапредуваме таа измама на тој начин што ќе го идеализираме поседувањето материјални работи (1. Тим. 6:9, 10).

Кога дава совет во врска со потребата да се изградуваме, апостол Павле нѐ поттикнува да не го осудуваме ниту омаловажуваме братот кој можеби се воздржува од извесни работи поради ,слабостите во својата вера‘, т.е. бидејќи не го сфатил целосниот опсег на христијанската слобода. Навистина, за нашиот разговор да ги изградува другите, мораме да ја земеме предвид нивната заднина и степенот на нивниот духовен раст. Колку само би било жалосно ,да ставиме пред братот [или сестрата] камен спрепинач или причина за сопнување‘! (Рим. 14:1-4, 13, 19).

Оние што се борат со сериозни лични проблеми — на пример, со хронична болест — го ценат изградувачкиот разговор. Можеби таквиот вложува големи напори за да присуствува на состаноците. Оние што се свесни за неговата ситуација можеби ќе го прашаат: „Како се чувствуваш?“ Тој несомнено ќе ја цени нивната грижа. Меѓутоа, за него неговата здравствена состојба можеби не е најохрабрувачката тема за разговор. Зборовите на ценење и пофалба можат многу повеќе да му го згреат срцето. Дали гледаш докази за неговата постојана љубов кон Јехова и за неговата истрајност во тешка ситуација? Се чувствуваш ли охрабрен кога тој дава коментари? Дали можеби ќе биде поизградувачки ако вниманието го свртиш кон неговите јаки страни и кон неговиот придонес за собранието, наместо кон неговите ограничувања? (1. Сол. 5:11).

За нашиот разговор да биде изградувачки, особено е важно да го земеме предвид Јеховиното гледиште за она за кое дискутираме. Во древниот Израел, оние што зборувале против Јеховините претставници и се жалеле поради маната, го доживеале Божјето жестоко незадоволство (Бро. 12:1-16; 21:5, 6). Ние даваме доказ дека сме извлекле корист од тие примери кога покажуваме почит кон старешините и ценење за духовната храна што ја обезбедува класата на верниот и разборит роб (1. Тим. 5:17).

Ретко е проблем да најдеме корисни работи за кои ќе разговараме кога сме со нашите христијански браќа. Меѓутоа, ако се нечии коментари претерано критизерски, преземи иницијатива разговорот да го насочиш во изградувачки правец.

Сеедно дали им сведочиме на другите, зборуваме од подиум или разговараме со соверниците, да покажеме проникливост за од богатството на нашето срце да го изнесеме ,само оној збор кој е добар за изградување, според потребата, за на оние кои слушаат да им го даде она што е корисно‘ (Ефеш. 4:29).

КАКО СЕ ПРАВИ ТОА

  • Имај на ум дека наша задача е да ја проповедаме добрата вест.

  • Биде конструктивен, а не критизерски настроен.

  • Негувај позитивно гледиште кон оние со кои зборуваш.

  • Во разговор, размисли како можат твоите коментари да влијаат врз другиот.

ВЕЖБА: Посети некого кој е инвалид или врзан за својот дом. Започни изградувачки разговор. Покажи соживување, но коментарите нека ти бидат позитивни. Однапред испланирај како да го постигнеш тоа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели