ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wt погл. 6 стр. 50-59
  • Спорното прашање пред кое стоиме сите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Спорното прашање пред кое стоиме сите
  • Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што докажала историјата
  • Преживување во Божјиот нов свет
  • Како реагирале на спорното прашање
  • Каков е нашиот личен одговор?
  • Спорното прашање со кое мора да се соочи целото творештво
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Јехова е нашиот Севишен Господар!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Зошто спорното прашање се решава толку долго?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Зошто Бог допушта страдање?
    Спознание кое води до вечен живот
Повеќе
Обожавај го единствениот вистински Бог
wt погл. 6 стр. 50-59

Поглавје шест

Спорното прашање пред кое стоиме сите

1, 2. а) Кое спорно прашање го подигнал Сатана во Еден? б) На кој начин тоа спорно прашање се подразбирало од она што го рекол?

ВКЛУЧЕН си во најважното спорно прашање пред кое некогаш стоело човештвото. Зависно од тоа каде стоиш ти во однос на него, ќе се одреди твојата вечна иднина. Ова спорно прашање било подигнато кога избувнала побуната во Еден. Во таа прилика, Сатана ја прашал Ева: „Вистина ли е дека Бог рекол, — не ќе јадете од ниедно [од секое, NW] дрво во градината?“ Таа одговорила дека во врска со едно дрво Бог рекол: „Не јадете од него . . . за да не умрете!“ Потоа Сатана директно го обвинил Јехова за лага, велејќи дека ниту животот на Ева ниту на Адам не зависи од послушноста кон Бог. Сатана тврдел дека Бог им ускратувал на своите творби нешто добро — способноста да си постават свои мерила во животот. Тој тврдел: „Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото“ (Битие 3:1—5).

2 Всушност, Сатана велел дека на луѓето ќе им биде подобро ако самите си донесуваат свои одлуки, наместо да ги слушаат Божјите закони. Со тоа го оспорил Божјиот начин на владеење. Ова го подигнало најважното спорно прашање за Божјата универзална сувереност, односно неговото право да владее. Прашањето било: Што е подобро за луѓето — Јеховиниот начин на владеење или владетелство независно од него? Па, Јехова можел веднаш да ги погуби Адам и Ева, но тешко дека тоа ќе го решело спорното прашање за сувереноста на задоволувачки начин. Со тоа што дозволил човечкото општество да постои значително време, Бог можел да покаже што точно може да донесе независноста од него и од неговите закони.

3. Кое второстепено спорно прашање го подигнал Сатана?

3 Сатановиот напад врз Јеховиното право да владее не завршил со она што се случило во Еден. Тој ја довел во прашање лојалноста кон Јехова од страна на другите. Ова станало тесно поврзано второстепено спорно прашање. Неговиот предизвик го вклучил и потомството на Адам и Ева и сите духовни синови Божји, па дури и Јеховиниот многу љубен првороден Син. На пример, во деновите на Јов, Сатана тврдел дека оние што му служат на Јехова, не го прават тоа од љубов кон Бог и кон неговиот начин на владеење, туку од себични причини. Тој аргументирал дека ако бидат подложени на тешкотии, сите тие би попуштиле на себичните желби (Јов 2:1—6; Откровение 12:10).

Што докажала историјата

4, 5. Што покажала историјата во врска со тоа како човекот управува со своите чекори?

4 Една многу важна точка од спорното прашање за сувереноста е следната: Бог не ги создал луѓето да живеат независно од неговото владетелство а да бидат успешни. За нивна корист, тој ги направил зависни од неговите праведни закони. Пророкот Еремија признал: „Знам, Господи, дека патот на човекот не е во неговата власт, дека човекот, кој што оди не може да ги управува своите чекори. Господи, казни ме [исправи ме, NW]“ (Еремија 10:23, 24). Затоа, Божјата реч поттикнува: „Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум“ (Пословици 3:5). Исто како што Бог го направил човештвото подложно на неговите физички закони за да остане во живот, така поставил и морални закони кои, ако се слушаат, би придонеле за хармонично општество.

5 Јасно, Бог знаел дека човечкото семејство никогаш не би можело успешно да управува со себеси без неговото владетелство. Попусто обидувајќи се да бидат независни од Божјата влада, луѓето воспоставувале различни политички, економски и религиозни системи. Овие разлики ги доведувале луѓето до постојани конфликти едни со други, кои резултирале со насилство, војни и смрт. „Човек владее над човек за негова несреќа“ (Проповедник 8:9). Токму тоа се случувало низ човечката историја. Како што е проречено во Божјата реч, злите луѓе и измамниците продолжиле да „напредуваат од лошо на полошо“ (2. Тимотеј 3:13). А 20-от век, во кој човештвото достигнало големи резултати во научните и индустриските достигнувања, ги доживеал најтешките неволји воопшто. Во обилна мера се докажале зборовите од Еремија 10:23 — луѓето не се создадени да управуваат со своите сопствени чекори.

6. Како Бог наскоро ќе ѝ стави крај на независноста на луѓето од него?

6 Трагичните, долгорочни последици од независноста од Бог еднаш засекогаш покажале дека владетелството од луѓе не може никогаш да успее. Божјето владетелство е единствениот пат до среќа, единство, здравје и живот. А Божјата реч покажува дека Јеховиното толерирање на независната човечка влада се ближи кон својот крај (Матеј 24:3—14; 2. Тимотеј 3:1—5). Наскоро, тој ќе интервенира во човечките работи за да го утврди своето владетелство над Земјата. Библиското пророштво наведува: „Во времето на овие цареви [човечките владетелства кои постојат сега] Небесниот Бог ќе подигне Царство [на небото] кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ [никогаш повеќе луѓето нема да владеат со Земјата]. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние [денешни] царства, а самото ќе стои довека“ (Даниел 2:44).

Преживување во Божјиот нов свет

7. Кога Божјето владетелство ќе го оконча владеењето на човекот, кој ќе преживее?

7 Кога Божјата влада ќе го оконча владеењето на човекот, кој ќе преживее? Библијата одговара: „Праведните [оние што го поддржуваат Божјето право да владее] ќе ја населат земјата и непорочните ќе останат на неа; а беззакониците [оние што не го поддржуваат Божјето право да владее] ќе бидат збришани од земјата“ (Пословици 2:21, 22). На сличен начин, псалмистот навел: „Уште малку и ќе го снема безбожникот . . . Праведниците ќа ја наследат земјата и ќе живеат довека на неа“ (Псалм 37:10, 29).

8. На кој начин Бог потполно ќе ја оправда својата сувереност?

8 Откако Сатановиот систем ќе биде уништен, Бог ќе го воведе својот нов свет кој потполно ќе ги отстрани опустошувачкото насилство, војните, сиромаштијата, страдањето, болестите и смртта што илјадници години го држеле човештвото во стисок. Библијата прекрасно ги опишува благословите што го очекуваат послушното човештво: „Тој [Бог] ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка. Поранешните работи поминаа“ (Откровение 21:3, 4). Преку владата на своето небесно Царство под Христос, Бог потполно ќе го оправда [докаже, потврди] Своето право да биде наш Суверен, односно наш Владетел (Римјаните 16:20; 2. Петрово 3:10—13; Откровение 20:1—6).

Како реагирале на спорното прашање

9. а) Како гледале на неговата Реч оние што му останале лојални на Јехова? б) Како ја докажал Ное својата лојалност, и како можеме ние да извлечеме корист од неговиот пример?

9 Низ историјата, имало мажи и жени од вера кои ја докажале својата лојалност кон Јехова како Суверен. Тие знаеле дека нивниот живот зависи од слушањето и послушноста кон него. Таков човек бил Ное. Затоа Бог му рекол на Ное: „Одлучив да им биде крај на сите суштества . . . Направи си брод [арка, NW]“. И, Ное се потчинил на Јеховиното водство. И покрај тоа што им било дадено предупредување, останатите луѓе од тоа време си живееле како да нема да се случи ништо необично. Ама Ное изградил една гигантска арка и останал зафатен проповедајќи им на другите за Јеховините праведни патишта. Извештајот понатаму вели: „Ное направи така. Сѐ како што му заповеда Бог, така стори“ (Битие 6:13—22; Евреите 11:7; 2. Петрово 2:5).

10. а) Како Авраам и Сара го поддржале Јеховиниот суверенитет? б) Како можеме да извлечеме корист од примерите на Авраам и Сара?

10 Авраам и Сара биле исто така извонредни примери во поддржувањето на Јеховината сувереност, правејќи сѐ што им заповедал тој. Тие живееле во Ур Халдејски, еден напреден град. Меѓутоа, кога Јехова му рекол на Авраам да оди во друга земја, земја што не ја познавал, Авраам ‚тргнал, како што му рекол Господ‘. Несомнено, Сара водела удобен начин на живот — имале дом, пријатели и роднини. Сепак, му била подложна на Јехова и на својот сопруг и отишла во земјата Ханаан, иако не знаела какви услови ја очекуваат таму (Битие 11:31—12:4; Дела 7:2—4).

11. а) Под какви околности Мојсеј ја поддржувал Јеховината сувереност? б) Како би можел Мојсеевиот пример да ни користи нам?

11 Мојсеј бил уште една личност која го поддржувала Јеховиниот суверенитет. А тоа го сторил под најтешки околности — се судрил лице в лице со египетскиот фараон. Ова не значи дека Мојсеј бил самоуверен. Напротив, тој се сомневал во својата способност да зборува доволно добро. Но го послушал Јехова. Со Јеховина поткрепа и со помошта од брат му Арон, Мојсеј секогаш одново ја пренесувал Јеховината реч до тврдокорниот фараон. Дури и некои од Израеловите синови биле грубо критизерски настроени кон Мојсеј. Сепак, Мојсеј лојално сторил сѐ што му заповедал Јехова и, преку него, Израел бил ослободен од Египет (Излез 7:6; 12:50, 51; Евреите 11:24—27).

12. а) Што покажува дека лојалноста кон Јехова вклучува повеќе отколку да се прави она што Бог го барал во писмена форма? б) Како би можело ценењето за овој вид лојалност да ни помогне да го применуваме 1. Јованово 2:15?

12 Оние што му биле лојални на Јехова, не резонирале дека сѐ што се бара е да го слушаат она што Бог го дал во писмена форма. Кога Петефриевата жена се обидела да го заведе Јосиф да има прељубнички односи со неа, не постоела писмена заповед од Бог која забранувала прељуба. Меѓутоа, Јосиф знаел за брачното уредување воспоставено од Јехова во Еден. Бил свесен дека сексуалните односи со жена на друг маж нема да му бидат допадливи на Бог. Јосиф не бил заинтересиран да ги испитува границите до кои Бог би му дозволил да биде како Египќаните. Тој ги поддржувал Јеховините патишта така што медитирал за Божјите постапки со човештвото и потоа совесно го применил она за кое увидел дека е Божја волја (Битие 39:7—12; Псалм 77:11, 12).

13. Како Ѓаволот испаднал лажливец во врска со а) Јов? б) тројцата Евреи?

13 Дури и ако се ставени на тежок испит, оние што навистина го познаваат Јехова не се одвраќаат од него. Сатана изнел обвинение дека ако Јов ги изгуби своите многубројни поседи или здравјето, дури и тој — за кого Јехова зборувал поволно — би го напуштил Бог. Но, Јов докажал дека Ѓаволот е лажливец, иако лично не знаел зошто бил погоден од тие неволји (Јов 2:9, 10). Со векови подоцна, сѐ уште обидувајќи се да го докаже своето тврдење, Сатана предизвикал еден разбеснет цар на Вавилон да им се закани на тројца млади Евреи со смрт во огнена печка ако не се поклонат да обожаваат еден лик што бил подигнат од царот. Присилени да избираат меѓу послушноста кон заповедта на царот и послушноста кон Јеховиниот закон против идолопоклонството, тие смело објавиле дека му служат на Јехова и дека тој е нивни Врховен Суверен. Верноста кон Бог им била поскапоцена отколку моменталниот живот! (Даниел 3:14—18).

14. Како е можно како несовршени луѓе да докажеме дека навистина сме му лојални на Јехова?

14 Дали треба од ваквите примери да заклучиме дека, за да му биде лојален на Јехова, човек мора да биде совршен или дека оној што прави грешка, сосема промашува? Воопшто не! Библијата ни кажува дека понекогаш Мојсеј потфрлал. Иако Јехова бил незадоволен, тој не го отфрлил Мојсеј. Апостолите на Исус Христос исто така имале свои слабости. Поради тоа што ја зема во обѕир нашата наследена несовршеност, на Јехова му е угодно кога не ја игнорираме намерно неговата волја во кој и да е поглед. Ако поради слабост постапиме неисправно, важно е искрено да се покаеме и грешката да не ни премине во навика. На овој начин покажуваме дека навистина го љубиме она за кое Јехова вели дека е добро и дека го мразиме она за кое тој покажува дека е лошо. На темел на нашата вера во гревоискупувачката вредност на Исусовата жртва, можеме да се радуваме на чиста положба пред Бог (Амос 5:15; Дела 3:19; Евреите 9:14).

15. а) Кој од сите луѓе задржал совршен интегритет кон Бог, и што било докажано со тоа? б) На кој начин ни помага она што го сторил Исус?

15 Но, дали можеби на луѓето едноставно им е невозможно да ѝ бидат совршено послушни на Јеховината сувереност? Околу 4.000 години, одговорот на ова бил „света тајна“ (1. Тимотеј 3:16). Иако бил создаден совршен, Адам не дал совршен пример на побожна оддаденост. А кој можел да даде? Сигурно никој од неговото грешно потомство. Единствениот човек што го сторил тоа бил Исус Христос (Евреите 4:15). Она што го сторил Исус докажало дека Адам, кој имал поповолни околности, можел да задржи совршена беспрекорност доколку сакал. Бог не направил никаква грешка при создавањето. Затоа, Исус Христос е примерот што сакаме да го имитираме во покажувањето не само послушност кон божествениот закон туку и лична оддаденост кон Јехова, Универзалниот Суверен (Второзаконие 32:4, 5).

Каков е нашиот личен одговор?

16. Зошто мораме постојано да бидеме будни во поглед на нашиот став кон Јеховината сувереност?

16 Секој од нас денес стои пред спорното прашање за универзалната сувереност. Ако отворено сме изјавиле дека сме на Јеховина страна, стануваме мета на Сатана. Тој врши притисок од секоја страна и ќе продолжи да го прави тоа сѐ до крајот на неговиот зол систем на работи. Не смееме да попуштиме во нашата будност (1. Петрово 5:8). Нашето однесување покажува каде стоиме во однос на спорното прашање за Јеховината сувереност и второстепеното спорно прашање за интегритетот кон Бог под испит. Не можеме да си дозволиме нелојалното однесување да го сметаме за неважно само затоа што е вообичаено во светот. Задржувањето интегритет бара да настојуваме да ги применуваме Јеховините праведни патишта на секое подрачје од животот.

17. Кој факт во врска со потеклото на лажењето и крадењето би требало да нѐ поттикне да ги избегнуваме?

17 На пример, не можеме да го имитираме Сатана, кој е „татко на лагата“ (Јован 8:44). Мораме да бидеме чесни во сите наши постапки. Во Сатановиот систем, младите честопати се нечесни спрема своите родители. Но младите христијани го избегнуваат тоа, и на тој начин докажуваат дека е неточно Сатановото обвинение дека под испит Божјиот народ ќе го отфрли својот интегритет (Јов 1:9—11; Пословици 6:16—19). Потоа, тука се деловните практики кои би можеле едно лице да го идентификуваат дека е на страната на ‚таткото на лагата‘ наместо со Богот на вистината. Ние ги избегнуваме ваквите практики (Михеј 6:11, 12). Исто така, крадењето никогаш не е оправдано, дури и кога едно лице е во нужда или ако оној од кого се земени предметите, е богат (Пословици 6:30, 31; 1. Петрово 4:15). Дури и ако тоа е вообичаена практика таму каде што живееме ние или ако она што е земено е незначително, крадењето сепак е спротивно на Божјите закони (Лука 16:10; Римјаните 12:2; Ефешаните 4:28).

18. а) Каков испит ќе дојде врз сето човештво на крајот од Христовото илјадагодишно владеење? б) Каква навика треба сега да негуваме?

18 За време на илјадагодишното владеење на Исус Христос, Сатана и неговите демони ќе бидат во бездна, неспособни да влијаат врз човештвото. Колкаво само олеснување ќе биде тоа! Но, после илјадата години, тие ќе бидат ослободени за кратко. Сатана и оние што го следат, ќе извршат притисок врз оние од обновеното човештво кои го задржуваат својот интегритет кон Бог (Откровение 20:7—10). Ако ја имаме предноста да бидеме живи тогаш, како ќе реагираме во врска со спорното прашање за универзална сувереност? Поради тоа што сето човештво тогаш ќе биде совршено, секаков чин на нелојалност ќе биде намерен и ќе доведе до вечно уништување. Колку само е животоважно сега да негуваме навика да се оѕвиваме позитивно на секое упатство што ни го дава Јехова, било преку својата Реч било преку својата организација! Правејќи така, ја покажуваме нашата искрена оддаденост кон него како Универзален Суверен.

Дискусија за повторување

• Кое е големото спорно прашање пред кое стоиме сите ние? На кој начин сме вклучени?

• Што е забележително во начините на кои мажите и жените од старо време го докажале својот интегритет кон Јехова?

• Зошто е животоважно да му оддаваме чест на Јехова со нашето секојдневно однесување?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели