Еден нов свет според Божјето ветување
БИБЛИЈАТА, пишаната Божја реч, нѐ исполнува со надеж кога вели: „Според неговото ветување очекуваме нови небеса и нова земја, и во нив ќе престојува праведност“ (2. Петрово 3:13).
Што се тие „нови небеса“? Небото во Библијата е поврзано со владеење (Дела 7:49). Тие „нови небеса“ се една нова влада која ќе владее над Земјата. Нова е поради тоа што ќе го замени сегашниот систем од владетелства; исто така, претставува нов чекор во исполнувањето на Божјата намера. Таа е Царството за кое Исус нѐ поучувал да се молиме (Матеј 6:10). Поради тоа што потекнува од Бог, а тој живее на небото, тоа е наречено ‚небесно царство‘ (Матеј 7:21).
Што е ‚новата земја‘? Таа не е нова Земјина топка, бидејќи Библијата јасно вели дека Земјата ќе биде населена засекогаш. ‚Новата земја‘ е едно ново човечко општество. Тоа ќе биде ново бидејќи злите ќе бидат збришани (Пословици 2:21, 22). Сите што ќе живеат тогаш ќе му оддаваат чест и ќе му бидат послушни на Творецот и ќе живеат во согласност со неговите барања (Псалм 22:27). Сега, на луѓето од сите нации им се нуди да научат за тие барања и да го доведат својот живот во согласност со нив. Дали го правиш тоа?
Во Божјиот нов свет, секој ќе ја почитува Неговата власт. Дали љубовта кон Бог те поттикнува да му бидеш послушен? (1. Јованово 5:3). Дали тоа е очигледно во твојот дом, на работа или на училиште? Дали е очигледно во начинот на кој го користиш својот живот?
Во тој нов свет, човечкото општество ќе биде обединето во обожавањето на вистинскиот Бог. Дали го обожаваш Творецот на небото и на Земјата? Дали твоето обожавање навистина те обединува со сообожавателите од сите нации, раси и јазици? (Псалм 86:9, 10; Исаија 2:2—4; Софонија 3:9).
[Рамка на страница 17]
Богот кој ги ветува овие работи
Тој е Творецот на физичките небеса и на планетата Земја. Тој е оној за кого Исус Христос рекол дека е „единствениот вистински Бог“ (Јован 17:3).
Повеќето луѓе почитуваат богови кои самите ги измислиле. Милиони се клањаат на безживотни ликови. Други, пак, величаат човечки институции, материјалистички филозофии или личните желби. Дури и од оние што тврдат дека ја користат Библијата, сите не му оддаваат чест на името на оној кого таа го идентификува како „вистински Бог“ (Второзаконие 4:35).
За себе, Творецот вели: „Јас сум Јехова. Тоа е моето име“ (Исаија 42:5, 8, NW). Ова име се појавува околу 7.000 пати во Библијата на оригиналните јазици. Исус Христос ги учел своите ученици да се молат: „Татко наш, кој си на небесата, нека се свети името твое“ (Матеј 6:9).
Каква личност е вистинскиот Бог? Тој се опишува себеси како „дарежлив и милостив, долготрпелив на гнев, многумилостив и вистински“, а исто така и како оној што не ги остава неказнети оние што намерно ги прекршуваат неговите заповеди (Излез 34:6, 7). Историјата на неговото постапување со човештвото ја потврдува вистинитоста на овој опис.
И името и личноста која го носи тоа име треба да се светат, односно со нив треба да се постапува како со нешто свето. Како Творец и Универзален Суверен, тој има право да му бидеме послушни и да го обожаваме само него. Дали ти лично го правиш тоа?
[Рамка/слика на страница 18]
Какви промени ќе направат ,новите небеса‘ и ,новата земја‘?
Земјата претворена во Рај Лука 23:43
По целиот свет едно општество Јован 13:35;
во кое луѓето од сите нации, Откровение 7:9, 10
раси и јазици се обединети во љубов
Мир по целиот свет, Псалм 37:10, 11;
вистинска сигурност за сите Михеј 4:3, 4
Задоволувачка работа, Исаија 25:6; 65:17, 21—23
храна во изобилство
Отстранети болестите, тагата, смртта Исаија 25:8; Откровение 21:1, 4
Свет обединет во обожавањето Откровение 15:3, 4
на вистинскиот Бог
[Рамка/слики на страница 19]
Дали ќе извлечеш корист?
Бог не може да лаже! (Тит 1:2).
Јехова изјавува: „Словото . . . од Мојата уста не се враќа при Мене без плод, туку го прави она што го сакав и ќе го изврши она заради кое го испратив“ (Исаија 55:11).
Јехова веќе создава „нови небеса и нова земја“. Новата влада веќе е активна, а поставен е и темелот за ‚новата земја‘.
Откако ни кажува за некои чудесни работи кои ‚новите небеса и новата земја‘ ќе ги направат за човештвото, Откровение го цитира лично Бог, Универзалниот Суверен, кој вели: „Гледај, јас правам сѐ ново“. Исто така, тој вели: „Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити“ (Откровение 21:1, 5).
Клучното прашање е: Дали ги правиме потребните преиначувања за да бидеме сметани за достојни да сме дел од ‚новата земја‘ над која ќе владее ‚новото небо‘?