ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bh стр. 204-стр. 206 пас. 1
  • Зошто вистинските христијани не користат крст за да го обожаваат Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто вистинските христијани не користат крст за да го обожаваат Бог
  • Што навистина учи Библијата?
  • Сличен материјал
  • Дали Исус навистина умрел на крст?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Зошто Јеховините сведоци не користат крст во обожавањето?
    Најчесто поставувани прашања
  • Крст
    Разбудете се! 2017
  • Дали Исус умрел на крст?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Што навистина учи Библијата?
bh стр. 204-стр. 206 пас. 1

ДОДАТОК

Зошто вистинските христијани не користат крст за да го обожаваат Бог

КРСТОТ го обожаваат и го почитуваат милиони луѓе. Една енциклопедија го нарекува „главен симбол на христијанската религија“ (The Encyclopædia Britannica). Сепак, вистинските христијани не го користат крстот за да го обожаваат Бог. Зошто?

Една важна причина е тоа што Исус Христос не умрел на крст. Грчкиот збор што обично се преведува со „крст“ е ставро́с. Тој првенствено значи „исправен колец или столб“. Во еден библиски превод се вели: „[Ставро́с] никогаш не значи две греди поставени напречно под некој агол . . . Во грчкиот јазик на [Новиот завет] со ништо не се укажува дека воопшто станува збор за две греди“ (The Companion Bible).

Во неколку стихови, библиските писатели користат еден друг збор за да опишат на што бил убиен Исус. Тоа е грчкиот збор кси́лон (Дела 5:30; 10:39; 13:29; Галатите 3:13; 1. Петрово 2:24). Овој збор едноставно значи „греда“ или „стап, прачка или дрво“.

Објаснувајќи зошто за погубување честопати се користел обичен столб, во својата книга Крстот и распетието (Das Kreuz und die Kreuzigung), Херман Фулда наведува: „На некои места каде што се вршеле јавни погубувања немало дрвја. Затоа, во земјата се забивала обична греда. На неа ги врзувале или ги заковувале престапниците, со рацете кренати над главата, а честопати им ги врзувале или им ги заковувале и нозете“.

Меѓутоа, најубедлив доказ наоѓаме во Божјата Реч. Апостол Павле вели: „Христос нѐ откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: ,Проклет да е секој, кој виси на дрво!‘“ (Галатите 3:13, ДХК). Овде Павле го цитира стихот од 5. Мојсеева 21:22, 23, каде што јасно се зборува за столб, а не за крст. Бидејќи со таквото средство за погубување лицето станувало ,проклето‘, не би било исправно христијаните да ги украсуваат своите домови со распетија.

Нема докази дека во првите 300 години по смртта на Христос, оние што се изјаснувале како христијани користеле крст за да го обожаваат Бог. Меѓутоа, во четвртиот век, паганскиот цар Константин се преобратил во отпадничкото христијанство и ја раширил употребата на крстот како негов симбол. Какви и да биле мотивите на Константин, крстот немал никаква врска со Исус Христос. Всушност, крстот има паганско потекло. Во една енциклопедија отворено се вели: „Крстот се јавува и во претхристијанските и во нехристијанските култури“ (New Catholic Encyclopedia). Различни други извори го поврзуваат крстот со обожавањето на природата и со паганските ритуали на плодноста.

Тогаш, зошто се раширила употребата на овој пагански симбол? Очигледно, за да им се олесни на паганите да го прифатат „христијанството“. Меѓутоа, во Библијата јасно се осудува обожавањето на кој и да е пагански симбол (2. Коринќаните 6:14-18). Во Светото писмо се забранети и сите облици на идолопоклонство (2. Мојсеева 20:4, 5; 1. Коринќаните 10:14). Затоа, вистинските христијани со многу добра причина не користат крст за да го обожаваат Бог.a

a За подетелна дискусија во врска со крстот, види страници 186-190 од книгата Резоновање на темељу Светог писма, издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели