Зошто Јеховините сведоци не користат крст во обожавањето?
Многу луѓе сметаат дека крстот е симбол на христијанството. Иако ние Јеховините сведоци сме христијани, не користиме крст во нашето обожавање. Зошто?
Една причина е затоа што од Библијата дознаваме дека Исус не умрел на крст туку на обичен столб. Освен тоа, во Библијата го наоѓаме следново предупредување за христијаните: „Бегајте од идолопоклонство!“ Тоа значи дека не треба да користиме крст за да го обожаваме Бог (1. Коринќаните 10:14; 1. Јованово 5:21).
Важно е да се спомне дека Исус рекол: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:34, 35). Со ова Исус јасно укажал дека вистинските христијани ќе се познаваат по самопожртвуваната љубов, а не по крстот или кој и да било друг предмет.