Песна 6
Молитва на Божјиот слуга
Печатено издание
1. Небесен Татко, Бог си на сѐ.
Твоето име вечно свето е.
Твојата милост огромна е.
Во неа, Татко, сигурни сме.
Секогаш сме сигурни
дека милостив си ти.
2. Искрена љубов всади ни ти.
Сила за верна служба давај ни.
Кротките, што драгоцени се,
да знаат дека Бог си на сѐ.
Нека знаат кротките
дека ти си Бог на сѐ.
3. Небесна мудрост дари ни нам,
срце со милост, љубов и со жар.
Делата наши доказ да се
колку, наш Татко, те сакаме.
Татко наш, те сакаме!
Доказ делата ни се.
(Види и Пс. 143:10; Јован 21:15-17; Јак. 1:5.)