ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bm дел 2 стр. 5
  • Рајот е изгубен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рајот е изгубен
  • Библијата — која е нејзината порака?
  • Сличен материјал
  • Каков бил животот во рајот?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
  • Други се на повисока положба од нас
    Учи од Големиот Учител
  • Адам и Ева не го послушале Бог
    Поуки од Библијата
  • Можеме да учиме од првиот човечки пар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Библијата — која е нејзината порака?
bm дел 2 стр. 5
Ева го држи забранетиот плод

ДЕЛ 2

Рајот е изгубен

Еден бунтовен ангел ги наведува првите луѓе, Адам и Ева, да го отфрлат Бог како Владетел. Поради тоа, луѓето стануваат грешни и почнуваат да умираат

ДОЛГО пред да ги создаде луѓето, Бог создал многу невидливи духовни суштества, односно ангели. Еден од нив се побунил против Бог и бил наречен Сатана Ѓаволот. Тој лукаво ја наговорил Ева да јаде од плодот на дрвото во еденската градина од кое Бог им забранил да јадат.

Зборувајќи преку една змија, Сатана ја навел Ева да мисли дека Бог им скратува нешто добро нејзе и на нејзиниот маж. Овој ангел ѝ рекол дека ниту таа ниту Адам нема да умрат ако јадат од забранетиот плод. Со тоа Сатана го обвинил Бог дека ги излажал своите деца на Земјата. Тој ја прикажал непослушноста кон Бог во позитивно светло, како нешто што ќе им ги отвори очите и ќе им донесе слобода. Но, тоа било чиста лага — првата лага која била изговорена на Земјата. Така Сатана, всушност, го покренал прашањето дали Бог има право да биде Севишен Владетел и дали владее праведно и во најдобар интерес на своите поданици.

Ева поверувала во лагата на Сатана. Плодот почнал да ѝ станува сѐ попримамлив, и на крајот јадела од него. Подоцна му дала и на својот маж, па и тој јадел. Така станале грешници. Она што го направиле било навидум мала работа, но, всушност, претставувало побуна. Со тоа што намерно ја прекршиле Божјата заповед, Адам и Ева го отфрлиле Творецот како свој Владетел, иако тој им дал сѐ, дури и совршен живот.

Потомството „ќе ти ја смачка главата, а ти ќе го раниш во петицата“ (1. Мојсеева 3:15)

Бог ги повикал на одговорност овие бунтовници. Сепак, прорекол и дека ќе дојде едно Потомство, односно Избавител. Еден ден, тој Избавител требало да го уништи Сатана, кој зборувал преку змијата. Бог го одложил извршувањето на смртната казна над Адам и Ева, и на тој начин покажал милост кон нивните сѐ уште неродени потомци. Тие потомци имале причина да се надеваат на посветла иднина затоа што Бог решил да испрати една личност која ќе ги отстрани трагичните последици од побуната во еденската градина. Но, како ќе се исполни Божјата намера во врска со овој иден Избавител, и кој ќе биде тој? Ова постепено било откривано во текот на пишувањето на Библијата.

Бог ги истерал Адам и Ева од рајот. За да преживеат надвор од еденската градина, морале со мака да ја обработуваат земјата. Потоа Ева забременила и го родила Каин, нивното прво дете. Тие имале и други синови и ќерки, а меѓу нив биле Авел и Сет. Сет му бил прататко на Ное.

Се темели на 1. Мојсеева, поглавја 3—5, и Откровение 12:9.

  • Која била првата лага, и кој ја кажал?

  • Зошто Адам и Ева биле истерани од рајот?

  • Каква причина за надеж дал Бог кога ги повикал на одговорност бунтовниците?

НЕСОВРШЕНОСТ И СМРТ

Бог ги создал Адам и Ева како совршени луѓе и им дал можност да живеат засекогаш во рај. Кога се побуниле против него, тие направиле грев. Така го изгубиле совршенството и својот добар однос со Јехова, кој е Извор на животот. Оттогаш наваму, тие и сите нивни несовршени потомци не можеле да го избегнат ниту гревот ниту смртта (Римјаните 5:12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели