ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bm дел 7 стр. 10
  • Бог ги ослободува Израелците од ропство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог ги ослободува Израелците од ропство
  • Библијата — која е нејзината порака?
  • Сличен материјал
  • Да ги запознаеме Јеховините патишта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Мојсеј одлучил да му служи на Јехова
    Поуки од Библијата
  • Мојсеј и Арон одат кај фараонот
    Мојата книга со библиски приказни
  • Врвни точки од книгата Излез
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Библијата — која е нејзината порака?
bm дел 7 стр. 10
Мојсеј држи две камени плочи на кои се запишани десетте заповеди

ДЕЛ 7

Бог ги ослободува Израелците од ропство

Јехова му нанесува неволји на Египет, и Мојсеј ги изведува Израелците од таа земја. Бог им го дава Законот преку Мојсеј

ИЗРАЕЛЦИТЕ останале во Египет со децении. Живееле во благосостојба и станувале сѐ побројни. Но, на власт дошол нов фараон, кој не го познавал Јосиф. Овој немилосрден тиранин се плашел од Израелците затоа што станале многубројни, па од нив направил робови и заповедал сите нивни машки новороденчиња да бидат фрлени во реката Нил. Но, една храбра мајка го заштитила своето доенче ставајќи го во кошница која ја скрила во трските. Ќерката на фараонот го нашла бебето, му го дала името Мојсеј и го одгледала на египетскиот двор.

Кога имал 40 години, Мојсеј се нашол во неволја. Сакајќи да одбрани еден израелски роб, го убил неговиот надзорник, кој бил Египќанец. Поради тоа морал да избега во далечна земја, каде што останал да живее. Кога наполнил 80 години, Јехова му заповедал да се врати во Египет и да побара од фараонот да го ослободи Божјиот народ.

Фараонот не сакал да чуе за такво нешто. Затоа Бог му нанел десет неволји на Египет. Секојпат кога Мојсеј доаѓал пред фараонот и му давал можност да ја избегне следната неволја, фараонот бил дрзок и одбивал да ги исполни барањата на Мојсеј и на неговиот Бог, Јехова. На крајот, во последната, десетта неволја, загинале сите првородени во земјата. Биле поштедени само семејствата што го послушале Јехова и ги обележале довратниците на своите куќи со крвта на јагнето кое морале да го принесат за жртва. Божјиот ангел, кој поминал за да ги убие сите првородени, ги прескокнал тие куќи. По тој настан, Израелците почнале секоја година да го одбележуваат тоа величествено избавување славејќи го празникот Пасха.

Бидејќи и самиот го изгубил својот првороден син, фараонот им наредил на Мојсеј и на сите Израелци да излезат од Египет. Народот веднаш се подготвил и заминал. Но, фараонот се премислил и тргнал во потера по нив со голема војска и со многубројни бојни коли. Изгледало како Израелците да се фатени во стапица на брегот на Црвеното Море. Но, Јехова го раздвоил морето, и Израелците поминале по сувото морско дно, додека водата стоела како ѕид одлево и оддесно. Кога Египќаните јурнале по нив, Бог заповедал водите да се вратат, и така фараонот и неговата војска се удавиле.

Подоцна, кога Израелците се улогориле во подножјето на планината Синај, Јехова склучил сојуз со нив. Посредник на тој сојуз бил Мојсеј. Бог им дал закони за да ги водат и да ги штитат на речиси секое поле од животот. Освен тоа, им ветил дека ќе биде со нив сѐ додека верно му служат и го прифаќаат како свој Владетел, и дека преку нив ќе ги благословува и другите народи.

За жал, повеќето Израелци не покажале вера во Бог. Затоа Јехова дозволил тоа поколение да талка 40 години низ пустината. Пред да умре, Мојсеј го поставил за свој наследник Исус Навин, кој бил праведен човек. На крајот, Израелците биле подготвени да влезат во земјата што Бог му ја ветил на Авраам.

Се темели на 2. Мојсеева, 3. Мојсеева, 4. Мојсеева, 5. Мојсеева, Псалм 136:10-15 и Дела 7:17-36.

  • Како Бог го избрал Мојсеј да ги избави Израелците?

  • Зошто се славела Пасхата?

  • Како Јехова ги ослободил Израелците од ропството во Египет?

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПОВЕД

Десетте заповеди, кои се запишани во 2. Мојсеева 20:1-17, веројатно се најпознати од целиот Мојсеев закон, кој се состоел од околу 600 одредби. Меѓутоа, кога го прашале Исус која е најголемата од сите заповеди, тој ја издвоил следнава: „Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум, и со сета своја сила“ (Марко 12:28-30; 5. Мојсеева 6:5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели