ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ll дел 5 стр. 12-13
  • Кој му бил послушен на Бог пред големиот Потоп?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој му бил послушен на Бог пред големиот Потоп?
  • Запознај го Бог и живеј засекогаш
  • Сличен материјал
  • Арката на Ное
    Поуки од Библијата
  • Дел 5
    Запознај го Бог
  • Ное гради арка
    Мојата книга со библиски приказни
  • ,Одел со вистинскиот Бог‘
    Угледајте се на нивната вера
Повеќе
Запознај го Бог и живеј засекогаш
ll дел 5 стр. 12-13

ДЕЛ 5

Кој му бил послушен на Бог пред големиот Потоп?

Повеќето луѓе во времето на Ное биле лоши (1. Мојсеева 6:5).

Злобни ангели претворени во луѓе се дружат со жени

Адам и Ева имале деца и по некое време Земјата се наполнила со многу луѓе. Подоцна и некои ангели се побуниле против Бог и застанале на страна на Сатана.

Тие дошле на Земјата и се претвориле во луѓе за да можат да си земаат жени. Синовите што ги раѓале нивните жени биле поголеми и посилни од другите луѓе, а биле и многу насилни.

Една жена држи бебе, а едно момче ја удира; Нефили, синови на злобните ангели, ги малтретираат луѓето

Светот се наполнил со луѓе кои правеле лоши работи. Библијата вели: ‚Лошотијата на луѓето на земјата беше голема и сите нивни мисли секогаш беа зли‘.

Ное го послушал Бог и направил арка (1. Мојсеева 6:13, 14, 18, 19, 22).

Ное го слуша Бог

Ное бил добар човек. Јехова му кажал дека ќе ги уништи сите лоши луѓе со голема поплава или потоп.

Ное ја гради арката заедно со своето семејство

Исто така, Бог му рекол на Ное да направи еден голем брод, односно арка. Во неа требало да влезат неговото семејство и секакви видови животни.

Ное ги предупредува луѓето дека ќе има потоп, но тие му се смеат

Ное им кажувал на луѓето дека ќе има Потоп, но тие не го слушале. Некои му се смееле, а други го мразеле.

Ное и неговото семејство ги собираат животните и ги внесуваат во арката

Кога арката била готова, Ное ги внел животните во неа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели