ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jl поглавје 17
  • Како ни помагаат покраинските надгледници?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како ни помагаат покраинските надгледници?
  • Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Сличен материјал
  • Патувачките надгледници — соработници во вистината
    Јеховините сведоци обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот
  • Патувачки надгледници — дарови во облик на луѓе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Надгледници кои се грижат за Божјето стадо
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • На кој начин патувачките надгледници служат како верни управители
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Кој ја врши Јеховината волја денес?
jl поглавје 17

ПОГЛАВЈЕ 17

Како ни помагаат покраинските надгледници?

Покраински надгледник со својата сопруга

Малави

Покраински надгледник води состанок за проповедање

Состанок за проповедање

Покраински надгледник во служба на проповедање

Проповедање

Покраински надгледник на состанок со старешини

Состанок со старешини

Во Христијанските грчки списи често се спомнуваат Варнава и апостол Павле. Тие служеле како патувачки надгледници и ги посетувале првите собранија. Зошто? Затоа што вистински биле заинтересирани за доброто на нивните духовни браќа и сестри. Павле рекол дека сака ‚да се врати и да ги посети браќата‘ за да види како се. Бил спремен да помине стотици километри за да оди и да ги зајакне (Дела 15:36). Ист став имаат и нашите патувачки надгледници денес.

Доаѓаат да нѐ охрабрат. Еден покраински надгледник посетува 20-ина собранија и поминува по една седмица двапати годишно со секое од нив. Можеме многу да учиме од искуството на овие браќа и на нивните сопруги, доколку се во брак. Тие се трудат да се запознаат и со младите и со постарите и сакаат да одат во служба со нас и кај оние со кои ја проучуваме Библијата. Овие надгледници, заедно со старешините од собранието, одат кај објавителите за да ги зајакнат, а нѐ охрабруваат и со своите говори на состаноците и собирите (Дела 15:35).

Се грижат за сите. Покраинските надгледници се вистински заинтересирани за духовната состојба на собранијата. Тие имаат состанок со старешините и слуга-помошниците за да видат каков напредок има во собранието и за да им дадат практични совети како да ги извршуваат своите одговорности. Им помагаат на пионерите да бидат успешни во својата служба, а многу сакаат да ги запознаат и новите во собранието и да чујат како напредуваат духовно. Секој од овие браќа спремно се дава себеси како „соработник, кој служи за [наше] добро“ (2. Коринќаните 8:23). Треба да се угледаме на нивата вера и да му бидеме оддадени на Бог како нив (Евреите 13:7).

  • Зошто покраинските надгледници ги посетуваат собранијата?

  • Како можеш да извлечеш корист од нивните посети?

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Обележи си на календарот кога е следната посета на покраинскиот надгледник за да не ги пропуштиш неговите говори. Ако сакаш тој или неговата сопруга таа седмица да дојде кај тебе кога ќе проучувате, кажи му за тоа на оној што те поучува. Така ќе можете подобро да се запознаете.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели