ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jl поглавје 21
  • Што е Бетел?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е Бетел?
  • Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Сличен материјал
  • Дали ова е можеби најдобрата кариера за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Да се гледа со ценење на ‚домот Божји‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Можеш ли да се ставиш на располагање?
    Нашата служба за Царството 2001
  • Отворена покана!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Кој ја врши Јеховината волја денес?
jl поглавје 21

ПОГЛАВЈЕ 21

Што е Бетел?

Двајца Јеховини сведоци работат во графичкиот оддел во Бетел

Графички оддел (САД)

Јеховин сведок работи во бетелската печатница во Германија

Германија

Јеховин сведок работи во бетелската пералница во Кенија

Кенија

Келнери местат маси во бетелската трпезарија во Колумбија

Колумбија

На хебрејски јазик, зборот Бетел значи „Божји дом“ (1. Мојсеева 28:17, 19, фуснота). Тоа е соодветно име за објектите што Јеховините сведоци ги имаат низ целиот свет и од каде што се организира проповедањето. Водечкото тело се наоѓа во главното седиште во државата Њујорк (САД) и оттаму ги надгледува подружниците во многу земји. Како група, оние што служат во овие објекти се познати како бетелско семејство. Тие живеат и работат заедно, јадат заедно и ја проучуваат Библијата заедно (Псалм 133:1).

Посебно место во кое владее самопожртвуван дух. Во секој Бетел има мажи и жени кои се потполно посветени на тоа да ја вршат Божјата волја и да прават сѐ што можат за Царството (Матеј 6:33). Ниту еден од нив не добива плата, но на секој му е обезбедено сместување и храна, а добива и мал паричен износ за своите лични потреби. Секој член во Бетел има своја задача. Некои имаат задачи во канцеларија, во кујна или во трпезарија. Други имаат задачи во печатница, книговезница, во пералница или помагаат во одржувањето и чистењето на објектите.

Место кое помага да се врши проповедањето. Главната цел на секој Бетел е библиската вистина да стигне до што повеќе луѓе. Пример за тоа е и оваа брошура. Пишувањето беше надгледувано од Водечкото тело, потоа електронски беше испратена до стотици преведувачки тимови низ целиот свет, испечатена на брзи машини за печатење во печатниците низ разни Бетели и доставена до повеќе од 110.000 собранија. Со секој чекор од овој процес бетелските семејства помагаат да се врши најважната задача денес — да се проповеда добрата вест (Марко 13:10).

  • Кој служи во Бетел, и кои работи се обезбедени за нив?

  • Кое важно дело се поддржува со сѐ што се прави во Бетел?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели