ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • fg лекција 1 прашања 1-3
  • Која е добрата вест?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Која е добрата вест?
  • Добра вест од Бог!
  • Сличен материјал
  • Зошто да учиме од Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Каква е Божјата намера со Земјата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Каква е Божјата намера со Земјата?
    Добра вест од Бог!
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Добра вест од Бог!
fg лекција 1 прашања 1-3

ЛЕКЦИЈА 1

Која е добрата вест?

1. Која е добрата вест од Бог?

Луѓе се радуваат на животот на Земјата

Бог сака да му се радуваме на животот на Земјата. Тој ја создал Земјата и сѐ што е на неа затоа што ги сака луѓето. Наскоро ќе стори сѐ што е потребно за да им обезбеди подобра иднина на луѓето од сите народи. Ќе ги отстрани сите причини за страдањата. (Прочитај Еремија 29:11.)

Ниту една влада досега не успеала да им стави крај на насилството, болестите и смртта. Но, има една добра вест. Многу скоро, Бог ќе ги замени сите човечки влади со својата влада. Поданиците на таа влада ќе живеат во мир и ќе имаат добро здравје. (Прочитај Исаија 25:8; 33:24; Даниел 2:44.)

2. Зошто е толку важна добрата вест?

На страдањата ќе им дојде крај дури откако Бог ќе ги отстрани лошите луѓе од Земјата (Софонија 2:3). Кога ќе биде тоа? Во Божјата Реч се проречени тешките услови што сега владеат на Земјата. Денешните настани покажуваат дека е близу времето кога Бог ќе преземе нешто. (Прочитај 2. Тимотеј 3:1-5.)

3. Што треба да направиме ние?

Треба да го запознаеме Бог преку неговата Реч, Библијата. Таа е како писмо што ни го испратил нашиот Татко кој многу нѐ сака. Ни кажува како да имаме поубав живот уште сега и како да добиеме вечен живот во иднина. Меѓутоа, на некои можеби нема да им се допадне тоа што сакаш подобро да ја разбереш Библијата. Но, ќе биде штета заради тоа да ја пропуштиш можноста да имаш поубава иднина! (Прочитај Изреки 29:25; Откровение 14:6, 7.)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели