Ќе има ли воскресение?
Што би рекол ти...
да?
не?
можеби?
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА
„Ќе има воскресение на мртвите“ (Дела 24:15, Превод на МПЦ).
ШТО ЌЕ ЗНАЧИ ОВА ЗА ТЕБЕ
Ќе најдеш утеха кога ќе ти почине некој близок (2. Коринќаните 1:3, 4).
Нема да се плашиш од смртта (Евреите 2:15).
Ќе имаш надеж дека повторно ќе ги видиш твоите сакани што починале (Јован 5:28, 29).
МОЖЕМЕ ЛИ ДА Ѝ ВЕРУВАМЕ НА БИБЛИЈАТА?
Да, од најмалку три причини:
Бог го создал животот. Библијата го нарекува Јехова Бог „изворот на животот“ (Псалм 36:9; Дела 17:24, 25, Свето писмо — превод Нов свет). Без сомнение, оној кој им дал живот на сите може пак да им даде живот на оние што починале.
Бог воскреснал луѓе во минатото. Во Библијата можеме да читаме за осум луѓе што биле воскреснати на Земјата — млади, стари, мажи и жени. Некои биле починати кратко време, а еден од нив бил во гробот дури четири дена! (Јован 11:39-44).
Бог сака повторно да го направи тоа. Јехова ја мрази смртта. Тој ја смета за непријател (1. Коринќаните 15:26). Бог ‚копнее‘ да го победи овој непријател и преку воскресението да ја избрише смртта засекогаш. Тој сака да ги воскресне оние што се во негово сеќавање и повторно да ги види живи на Земјата (Јов 14:14, 15).
РАЗМИСЛИ
Зошто старееме и умираме?
Одговорот можеш да го најдеш во Библијата во 1. МОЈСЕЕВА 3:17-19 и во РИМЈАНИТЕ 5:12.