ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • T-36 стр. 1-4
  • Што е Божјето Царство?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е Божјето Царство?
  • Што е Божјето Царство?
  • Сличен материјал
  • Што мислиш за иднината?
    Што мислиш за иднината?
  • Кој владее со светот?
    Кој владее со светот?
  • Ќе има ли воскресение?
    Ќе има ли воскресение?
  • Ќе им дојде ли крај на страдањата?
    Ќе им дојде ли крај на страдањата?
Повеќе
Што е Божјето Царство?
T-36 стр. 1-4
Луѓе со различно потекло се молат да дојде Божјето Царство

Што е Божјето Царство?

Што би рекол ти...

  • не знам?

  • црковен израз?

  • вистинска влада на небото?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема никогаш да пропадне“ (Даниел 2:44, Свето писмо — превод Нов свет).

„Царската власт над светот сега му припаѓа на нашиот Господар и на неговиот Христос“ (Откровение 11:15).

ШТО ЌЕ ЗНАЧИ ОВА ЗА ТЕБЕ

  • Ќе живееш под праведна влада која ќе се грижи за твоето добро (Исаија 48:17, 18).

  • Наскоро Земјата ќе биде претворена во рај каде што ќе бидеш среќен и ќе имаш совршено здравје (Откровение 21:3, 4).

Луѓе се занимаваат со градинарство и уживаат во Рајот на Земјата под власта на Божјето Царство

МОЖЕМЕ ЛИ ДА Ѝ ВЕРУВАМЕ НА БИБЛИЈАТА?

Да, од најмалку две причини:

  • Исус покажал што ќе направи Божјето Царство. Исус ги поучил своите следбеници да се молат да дојде Божјето Царство и да се врши Божјата волја на Земјата (Матеј 6:9, 10). Исто така, покажал како ќе се оствари тоа.

    Додека бил на Земјата, Исус хранел гладни, лекувал болни и воскреснувал мртви! (Матеј 15:29-38; Јован 11:38-44). Исус, кој во иднина требало да биде поставен за Владетел на Божјето Царство, покажал какви прекрасни работи ќе направи тоа Царство за своите поданици (Откровение 11:15).

  • Настаните во светот потврдуваат дека Божјето Царство ќе дојде наскоро. Исус претскажал дека, пред Царството да воспостави мир на Земјата, во светот ќе беснеат војни и ќе има глад и земјотреси (Матеј 24:3, 7).

    Сето ова го гледаме со свои очи. Затоа, можеме да бидеме сигурни дека Божјето Царство наскоро ќе им стави крај на ваквите проблеми.

РАЗМИСЛИ

Земјата ќе биде прекрасна под власта на Божјето Царство

Каков ќе биде животот кога ќе владее Божјето Царство?

Одговорот можеш да го најдеш во Библијата во ПСАЛМ 37:29 и во ИСАИЈА 65:21-23.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели