ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • yc тема 1 стр. 4-5
  • Една интересна тајна

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Една интересна тајна
  • Поучете ги своите деца
  • Сличен материјал
  • Тајна што можеш да им ја кажеш на другите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Содржина
    Разбудете се! 2018
  • Тајна која христијаните не смеат да ја кријат!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • „Божјата мудрост изразена во светата тајна“
    Приближи му се на Јехова
Повеќе
Поучете ги своите деца
yc тема 1 стр. 4-5
Ангели слушаат како Исус зборува за Божјето Царство

ТЕМА 1

Една интересна тајна

Знаеш ли што е тајна?—a Тоа е нешто што некој ти го кажал само тебе и на никој друг. Во Библијата пишува за една голема тајна. Таа е наречена света тајна. Се вика света затоа што е од Бог. А наречена е тајна затоа што луѓето долго време не ја знаеле. Дури и ангелите сакале да дознаат нешто повеќе за неа. Сакаш ли да ја дознаеш оваа тајна?—

Што сакале да дознаат ангелите?

Многу, многу одамна, Бог ги создал првите луѓе. Тие се викале Адам и Ева. Бог им дал многу убав дом. Тоа била градината Еден. Ако Адам и Ева го слушале Бог, тие и нивните деца ќе можеле целата Земја да ја направат рај, исто како таа градина. И не само тоа — ќе можеле да живеат во Рајот засекогаш! Ама, ти текнува ли што направиле Адам и Ева?—

Адам и Ева не го слушале Бог и затоа ние денес не живееме во рај. Но, Бог рекол дека тој ќе ја направи целата Земја убава и дека сите луѓе ќе бидат среќни и ќе живеат засекогаш. Како ќе го направи тоа? Луѓето долго време не знаеле. Тоа било тајна.

Кога Исус дошол на Земјата, тој им кажал на луѓето нешто повеќе за оваа тајна. Тој им зборувал за Божјето Царство. Им рекол да се молат тоа Царство да дојде. Зошто? Затоа што Царството ќе ја претвори целата Земја во прекрасен рај.

И сега, се радуваш ли што ја дозна оваа тајна?— Но, запамти дека само оние што го слушаат Јехова ќе живеат во Рајот. Во Библијата има приказни за многу мажи и жени што го слушале Јехова. Сакаш ли да дознаеш нешто повеќе за нив?— Ајде да се запознаеме со некои од нив и да видиме како можеме и ние да бидеме како нив.

ПРОЧИТАЈ ВО БИБЛИЈАТА:

  • Марко 4:11

  • 1. Петрово 1:12

  • 1. Мојсеева 1:26-28; 2:8, 9; 3:6, 23

  • Матеј 6:9, 10

  • Псалм 37:11, 29

a Во овие приказни, по некои прашања ќе видиш ваков знак (—). Тоа значи дека треба да го оставиш детето да одговори на прашањето.

ПРАШАЊА:

  • Зошто денес Земјата не е рај?

  • За која голема тајна пишува во Библијата?

  • Што им кажал Исус на луѓето за оваа тајна?

  • Што треба да правиш за да живееш во Рајот?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели