ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • hf тема 5 прашања 1-2
  • Добри односи со родителите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Добри односи со родителите
  • Твоето семејство може да биде среќно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • 1. ИМАЈ ИСПРАВНО ГЛЕДИШТЕ КОН РОДИТЕЛИТЕ
  • 2. БИДИ ЦВРСТ КОГА Е ПОТРЕБНО
  • Бидете верни еден на друг
    Твоето семејство може да биде среќно
  • Барај совети од Бог за да имаш среќен брак
    Твоето семејство може да биде среќно
  • Однесувај се со почит кон брачниот другар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • По венчавката
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
Повеќе
Твоето семејство може да биде среќно
hf тема 5 прашања 1-2
Свекрва не го одобрува начинот на кој готви нејзината снаа

ТЕМА 5

Добри односи со родителите

„Облечете се во... љубезност, понизност, благост и долготрпеливост“ (Колошаните 3:12)

Кога ќе се склопи еден брак, се формира ново семејство. Иако секогаш ќе ги сакаш и ќе ги почитуваш твоите родители, твојот сопружник сега е најважната личност за тебе. Можеби на твоите родители ќе им биде тешко да го прифатат тоа. Но, библиските совети можат да ти помогнат да најдеш златна средина — да задржиш добри односи со нив додека истовремено правиш сѐ што можеш за да си го зајакнеш бракот. Истите совети важат и за односите со сите други роднини.

1. ИМАЈ ИСПРАВНО ГЛЕДИШТЕ КОН РОДИТЕЛИТЕ

Брачен пар им посветува време на своите родители

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Почитувај ги татка си и мајка си“ (Ефешаните 6:2). Без оглед на твојата возраст, секогаш треба да ги почитуваш родителите. Но, имај на ум дека и твојот брачен другар мора да им посветува внимание на своите родители. „Љубовта не е завидлива“, па затоа немој да се чувствуваш загрозен ако твојот сопружник одржува добри односи со нив (1. Коринќаните 13:4; Галатите 5:26).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Не давај општи изјави, како на пример: „Твоите родители секогаш ме понижуваат“ или „На мајка ти никогаш не можам да ѝ погодам“.

  • Обиди се да гледаш на работите од гледна точка на твојот сопружник.

2. БИДИ ЦВРСТ КОГА Е ПОТРЕБНО

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Човек ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена, и тие двајцата ќе станат едно тело“ (1. Мојсеева 2:24). Откако ќе стапиш во брак, твоите родители можеби ќе мислат дека сѐ уште се одговорни за тебе и можеби ќе сакаат да бидат вклучени во твојот брак повеќе отколку што би требало.

Ти и твојот сопружник треба да одлучите каде ќе ја ставите границата, а потоа љубезно да им го кажете тоа. Можно е да зборувате отворено и директно без притоа да бидете груби (Изреки 15:1). Понизноста, благоста и стрпливоста ќе ви помогнат да изградите добри односи со родителите и да продолжите ‚да се поднесувате едни со други со љубов‘ (Ефешаните 4:2).

Сопруг и сопруга разговараат; сопруг и сопруга им носат подарок на родителите

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Ако сметаш дека родителите се премногу вклучени во вашиот живот, смирено разговарај за тоа со твојот брачен другар.

  • Договорете се како да ја решите таа ситуација.

ОБИДИ СЕ ДА РАЗБЕРЕШ

Многу е важно да ги разбереш чувствата и гледиштето на твоите родители. Тие не мислат ништо лошо со тоа што сакаат да бидат вклучени во вашиот живот. Напротив, искрено се грижат за вас. Сепак, може да им биде тешко да го прифатат фактот дека ти и твојот сопружник сега сте посебно семејство. Можеби дури и ќе си помислат дека сакате да ги прекинете сите врски со нив. Но, ако ги применувате библиските совети и отворено комуницирате, и понатаму ќе можете да покажувате почит кон вашите родители без да си го загрозите бракот.

ПРАШАЈ СЕ...

  • Зошто е нормално родителите на мојот сопружник да се интересираат за нашиот брак?

  • Како може најважен да ми биде сопружникот, додека во исто време покажувам почит кон моите родители?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели