Песна 143
Зрак надеж во мрачен свет
Печатено издание
Среде мрак, време тегобно,
глеј, се пробива зрак.
Зора тој ни навестува,
крај на темниот мрак.
(РЕФРЕН)
Светлина низ мракот
разлева веста за рај,
во очи дава сјај,
надеж дека има
подобро утре во рај,
за мракот крај.
Време е да се разбуди
секој човек од сон.
Гласот наш живот спасува,
нека екне ко ѕвон.
(РЕФРЕН)
Светлина низ мракот
разлева веста за рај,
во очи дава сјај,
надеж дека има
подобро утре во рај,
за мракот крај.
(Види и Јован 3:19; 8:12; Рим. 13:11, 12; 1. Пет. 2:9.)